УСАОЈ

УСАОЈ (Обединет сојуз на антифашистичката младина на Југославија) – масовна организација на млади од окупираните југословенски краишта обединета на Првиот конгрес на антифашистичката младина (Бихаќ, 27–29. ⅩⅠⅠ 1942). Целта била да се создаде политичко единство и револуционерна свест кај младите во Југославија. На Вториот конгрес (Дрвар, 2–5. Ⅴ 1944), се консолидира организациски, а на Третиот конгрес (Загреб, 11–16. Ⅴ 1946) го сменила името во Народна младина на Југославија. Македонски претставници зеле учество само на Третиот конгрес. ЛИТ.: Мала енциклопедија Просвета – Општа енциклопедија, друго издање, Ⅱ, М–ш, Београд. Н. В. Рина Усикова УСИКОВА, Рина Павловна Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и член на МАНУ од надворешниот состав. Основно и средно образование завршила во Москва. Студирала словенска филологија и македонски јазик на Московскиот државен универзитет, а од 1957 г. работи како асистент и предавач на Катедрата за словенски јазици при Филолошкиот факултет во Москва. Била шеф на Меѓуфакултетската катедра за словенски јазици (1971) и раководител на Групата за македонски јазик при Славистичката катедра (1971). Кандидатската дисертација „Морфологи® имени суçествителÝного и глагола в современном македонском литературном ®зике“ (1965) е објавена и во Скопје, од Институтот за македонски јазик. Во 2005 г. ја одбранила докторската дисертација на Филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет во Москва. Усикова е еден од најистакнатите ученици на проф. С. Б. Бернштејн, а предмет на нејзината научна дејност е македонскиот јазик. Посебен придонес има во анализата на глаголскиот систем на македонскиот јазик. Автор е на повеќе учебници за македонскиот јазик, како и на првата „Грамматика македонского литературного ®зìка“ (Москва, 2003). Голема заслуга има во организирањето на наставата по македонски јазик на Московскиот државен универзитет, а работела и како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Била раководител и еден од авторите на проектот „Македонско-руски речник“ (Скопје, 1997). БИБ.: Морфология имени суçествителÝного и глагола в современном македонском язÎке, Скопје, 1967; МакедонскиŸþязÎк. Славянские язÎки, Москва, 1977, 333-374; Македонско-руски речник. Сателитска снимка на рудникот за цементен лапорец „Усје“, Скопје Македонско-рускиŸ словарÝ (редактор Рина Усикова, составувачи: Рина Усикова, Зоја шанова, Марина Поварницина, Елена Верижникова), Скопје, 1997; МакедонскиŸþ язÎк. ОсновÎ балканского язÎкознания, Санкт Петербург, 1998, 156-188; Македонско-рускиŸþ словарÝ. Македонско-руски речник (ред.: Рина Усикова, Елена Верижникова; составувачи: Рина Усикова, Зоја шанова, Марина Поварницина, Елена Верижникова), Москва, 2003; Грамматика македонского литературного язÎка, Москва, 2003; МакедонскиŸþ язÎк. œзÎки мира. Славянские язÎки, Москва, 2005; СовременнÎ македонскиŸ язÎк как предмет славяноведения и балканистики, Скопје, 2008. ЛИТ.: На проф. Рина Павловна Усикова по повод нејзината 70-годишнина, Славистички студии, Скопје, 1992. Г. Цв.