СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – систем на знаења, вештини и навики во функција на оспособување на човекот за вршење определена дејност. Институционалната структура на стручното образование во Македонија ја претставуваат: средните стручни училишта (в.), универзитетите и другите установи за високо образование (в.) и установите за образование на возрасните (в.). Највисок степен на стручно образование е докторат на науките. Смислата, содржината и организацијата на стручното образование во текот на развојот се менувале. Стручното образование, во институционална смисла, во Македонија датира од ⅩⅠⅩ в., со отворањето на трговската школа во Велес (1857). Во времето на Кралството на СХС, стручно образование се добива во занаетчиски („шегртски“) училишта, во училишта за ученици во стопанството, во средни стручни училишта и во учителски школи. По Ослободувањето стручното образование доживува и квалитативни и квантитативни промени. Во првите години по Ослободувањето најраширената фор-ма на стручното образование ја сочинувале нижите стручни училишта. Нивна задача била да оспособуваат стручни работници за индустријата, занаетчиството, земјоделството, трговијата, угостителството итн. Во учебната 1949/50 г. имало над 80 нижи стручни училишта. Со школската реформа од 1958 г. дотогашните нижи стручни училишта добиваат статус на средни стручни училишта. Запишувањето во нив се условува со претходно завршено осумгодишно основно образование, што пред тоа не било случај. Големи промени во поглед на смислата, содржината и организицијата стручното образование доживува со Образовната реформа од 1975 г., со која се конституира единствено средно насочено училиште, во кое се добивало и општо и стручно образование, а дотогашните училишта се трансформираат во училишни центри за образование во повеќе занимања (в). ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб. „Мостови“ на Струшките вечери на поезијата (1997)