ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА – доселени Евреи што по разни основи доаѓале уште во Римската Империја. Тука се настанувале и формирале свои општини, а се нарекувале Романиоти. Зборувале на грчки јазик. Такви општини имало во Тесалоника (Солун), Стоби (2 синагоги, од Ⅱ и Ⅳ век), во Лихнидос (Охрид), Хераклеја Линкестис (Битола), во Астибо (Штип) и др.… Continue reading ЕВРЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ (1923–1932) – културно здружение. Неговата дејност била да организира културни и едукативни активности, да дава поддршка на младинските организации, независно од нивните идејни определби и стремежи. Кога во Скопје била основана филијалата на ЊИЗО (1932) сите членки поминале во ова здружение. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја… Continue reading ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

ЕВРИДИКА

ЕВРИДИКА – 1. Македонска кралица, жена на кралот Аминта Ⅲ (393/2–370/69 г. пр.н.е.); мајка на Филип Ⅱ; ќерка на Сира, владетел на горномакедонските области. 2. Жена на Птолемај Ⅰ Сотер (323– 283 г. пр.н.е.), ќерка на регент-намесникот на Македонија Антипатар и помлада сестра на кралот на Македонија, Касандар. ЛИТ.: Р. Илјовски, Кој и кога владеел… Continue reading ЕВРИДИКА

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ. Едно првенство во слободен стил за сениори е одржано во Скопје (1968), на кое настапиле околу 90 борачи од 18 земји. Репрезентацијата на Југославија ја сочинувале само борачите од Македонија. Најдобро пласираните биле: Борче Димовски и Симеон шутев, а освоиле четврто место, со што се здобиле со право да настапат на… Continue reading ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА ВО БОРЕЊЕ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И Република Македонија– меѓународна правосудна институција основана со Европската конвенција за основните слободи и човекови права (3. XI 1950 – 3. IX 1953). Република Македонијаја потпишува на 9. XI 1995 г., ја ратификува на 10. Ⅳ 1997 г. и на истиот датум стапува во сила. Судот е надлежен за сите… Continue reading ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РМ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ (Битола, 1997) – на него учествувале репрезентации од 28 земји со 186 боксери. Македонската репрезентација била составена од 10 боксери: Фа-тон Салиху, освоил златен медал (до 48 кг), Денис Георгиевски (66 кг) и Дарко Чатлески (77 кг) освоиле бронзени медали, Александар Чурлиновски (45 кг), Тунај Кариманов (51 кг), Вулнет… Continue reading ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БОКС ЗА КАДЕТИ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС – било одржано во Скопје (2006), за сениори – мажи и жени, во дисциплините лактконтакт, лоу-кик и таи-кик бокс, на кое учествувале вкупно 527 боксери, а од Македонија 36. Според освоените медали: И Русија, Ⅱ Србија и Ⅲ Унгарија, а Македонија го зазела Ⅻ место со 6 медали: во лоу-кик боксот… Continue reading ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ (? – 1195/97) – солунски митрополит, византиски црковен и книжевен деец. Митрополит солунски станал во 1175 г. и таму го унапредувал монаштвото. Како книжевен деец ги анимирал античките и ранохристијанските погледи и учења. Ги коментирал „Илијадата” и „Одисејата” од Хомер, комедиите на Аристофан, делата на Пиндар, Духовниот канон на Јоан Дамаскин и др.… Continue reading ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ

ЕВТИМОВ, Александар

ЕВТИМОВ, Александар (Битола, 1874 – Софија, 1939) – учител, публицист, преспански и прилепски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Буф, Леринско, (1895-1896) и раководител на Леринскиот револуционерен округ на ТМОРО, учител во Битола (1899-1900) и член на Месниот комитет и на Окружниот револуционерен комитет на ТМОРО (1900). Преминал во илегалство (1. Ⅳ 1903) и… Continue reading ЕВТИМОВ, Александар

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – дел од Македонија под власта на Грција. По Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) Грција добила 34.356 км² или 51% од македонската територија. Според јазикот што се зборувал во семејството, во Егејскиот дел на Македонија живеел македонскиот народ и национални малцинства (Турци, Евреи, Грци, Власи и Роми). За обезбедување на… Continue reading ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Егејскиот дел на Македонија

ЕГЕЈСКИ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – дел од Македонија под власта на Грција. По Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) Грција добила 34.356 км² или 51% од македонската територија. Според јазикот што се зборувал во семејството, во Егејскиот дел на Македонија живеел македонскиот народ и национални малцинства (Турци, Евреи, Грци, Власи и Роми). За обезбедување на… Continue reading Егејскиот дел на Македонија

ЕГИПЌАНИ во Република Македонија

ЕГИПЌАНИ во Република Македонија. – припадници на етникум, кој, според општоприфатените категоризации бил вклучен во ромската етничка група. Последниве години ја истакнуваат својата етничка дистинктивност со нагласување на разликите во потеклото и културните особини за да се стекнат со статус на малцинска заедница. ЛИТ.: „Статистички годишник на Република Македонија“, Скопје, 2005. М. Таш.

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА

ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА (1915) – дивизија формирана од мобилизирани Македонци од сите делови на Македонија од 20 до 40-годишна возраст. штабот на дивизијата се наоѓал во Софија, а командант бил полковникот Крсто Златарев (ро-ден во Охрид). Формациски се состоела од шест македонски и еден бугарски полк. Имала вкупно 33.745 војници и подофицери… Continue reading ЕДИНАЕСЕТТАТА ПЕШАДИСКА ДИВИЗИЈА НА БУГАРСКАТА АРМИЈА

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (Скопје, 26–27. XI 1944) – организација на левите антифашистички сили. Формирањето и развојот на ЕНОФ во Македонија е од пред Втората светска војна и ги собирал антифашистичките сили како противтежа на растечкиот фашизам. Зајакнал по окупацијата на земјата во 1941 г. и во текот на Народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија (1941–… Continue reading ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 10. Ⅰ 1945) – струкова организација на работниците во Македонија. Основана е со цел да се бори за подобрување на работните и животните услови на работниците, за унапредување на нивната социјално-здравствена заштита и за други работнички права. Функционирањето на еднопартискиот политички систем не допуштал синдикална независност, туку синдикатот бил составен… Continue reading ЕДИНСТВЕНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕДИПОВСКИ, Дургут

ЕДИПОВСКИ, Дургут (Кратово, 17. Ⅹ 1937 – Скопје, 21. Ⅳ 1991) – општественик. Бил член на СКМ (1959). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1961) и работел како референт и советник за градежно занаетчиство во регионалната Стопанска комора на град Скопје (1961-1965). Подоцна бил помошник секретар и заменик секретар на Стопанската комора на Македонија, секретар… Continue reading ЕДИПОВСКИ, Дургут

ЕДНАКВОКРИЛЦИ

ЕДНАКВОКРИЛЦИ (Хомоптера) – инсекти со два пара еднакво градени мембранозни крила, по што го добиле името. Усниот апарат на еднаквокрилците има рилка што ја забодуваат во растенијата и со чијашто помош цицаат рас-Еднаквокрилец тителни сокови. Карактеристично е што во нивното тело, во посебни органи, живеат ситни габички кои имаат важна улога во нивниот метаболизам. Кај… Continue reading ЕДНАКВОКРИЛЦИ

ЕДНОДНЕВКИ

ЕДНОДНЕВКИ (Епхемероптера) – ред најпримитивни инсекти со крилја. Нивните ларви живеат во вода, а возрасните единки не се хранат и живеат многу кратко, по што и го добиле името. Во Македонија досега се регистрирани 63 таксони, од кои 5 се македон-Еднодневка ски ендемити. ЛИТ.: Ц. Г. МцГавин, Инсецтс, Спидерс анд отхер террестриал Артхроподс, Лондон, 2000;… Continue reading ЕДНОДНЕВКИ

ЕДОНИЈА

ЕДОНИЈА – античка област меѓу устието на р. Стримон и р. Неста, населена од Едонци и од Пиеријци, кои, во времето кога се шири македонската држава, се преселуваат од Пиерија (Термајски Залив) во подножјето на пл. Пангај. Оваа област е богата со рудно богатство, дрвена граѓа, стока, жито и риба. Пред освојувањето на Филип ⅡContinue reading ЕДОНИЈА

ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО

ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО – се изведува во рамките на средното и високото образование. школувањето на кадрите со средно образование се изведува во училиштата во Кавадарци, Скопје и во Прилеп, каде што се формираат следните профили: шумарски техничари од општа насока, за пејзажна архитектура, за примарна преработка и за финална обработка на дрвото. Високото образование се… Continue reading ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО

ЕДХЕМИЈА

ЕДХЕМИЈА – дервишки ред. Основан по смртта на Ибрахим бин Едхем од областа Белха, во Иран, кој живеел во Ⅷ в. Учењето им се состоело во тоа секој да живее од резултатите на својот труд, а смислата во животот да биде ширењето на исламот. Редот бил слабо присутен и во Македонија, каде што има зачувано… Continue reading ЕДХЕМИЈА