ДУРАЦОВСКИ, Димитрие (Струга, 15. Ⅱ 1952) – раскажувач. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 г. БИБ.: Тајна историја, раскази, Ск., 1986; Црни пророци, роман, Ск., 2002. П. Гил. Никола Дурнев ДУРНЕВ, Никола (Скопје, 17. Ⅻ 1936) – град. инж.,… Continue reading ДУРАЦОВСКИ, Димитрие
Архиви: Енциклопедија
Description.
ДУТОВ, Борис
ДУТОВ, Борис (околу 1880) – архитект, руски емигрант. Проектирал и изградил поголем број објекти во Скопје, најголемиот дел од кои не постојат. Во проектирањето се придржува според академските правила со извесна слобода во декоративните апликации. Позначајни објекти: станбениот објект на фамилијата Икономови (ул. „Македонија” бр. 51) во Скопје (1922); станбен објект на Армагањан во Скопје… Continue reading ДУТОВ, Борис
ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА
ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА (Скопје, ⅩⅤ в.) – верски објект. Изградена Дуќанџик џамијата во Скопје од Муслихудин Абдул Гани ел Мадини, познат како Муезин оџа ел Гани, поради што џамијата би-ла позната и под името Муезин оџина џамија. Името Дуќанџик го добила по чаршијата Дуќанџилер, која се наоѓала во нејзина непосредна близина. Била еднопросторна куполна џамија со… Continue reading ДУЌАНЏИК ЏАМИЈА
ДУХОВДЕН
ДУХОВДЕН (Дуовден, Света Троица, Педесетница) – еден од најголемите христијански православни празници. Спаѓа во 12-те големи празници што ги празнува нашата црква. Наречен е и Педесетница, бидејќи секогаш е педесет дена по Велигден, а и настанот што му дава смисла се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Познат е и како Света Троица, бидејќи на… Continue reading ДУХОВДЕН
ДУШАН Стефан Урош
ДУШАН Стефан Урош (.- Ⅳ (1308 – 20. Ⅻ 1355) – српски крал (1331–1345) и цар (1345–1355), син на кралот Стефан Дечански, најпознат српски средновековен владетел. Се истакнал во битката против Бугарите кај Велбужд (1330). Со феудалците го презел престолот од татка си. Водел успешни војни со соседните држави. Освоил голем дел од византиските територии… Continue reading ДУШАН Стефан Урош
ЃАКОН ЕВСТАТИЈ в
ЃАКОН ЕВСТАТИЈ – в. шкартов, Георги Димитров.
ЃАКОНОВСКИ-ШПАТО, Драган
ЃАКОНОВСКИ-ШПАТО, Драган (Скопје, 11. Ⅲ 1931 – Скопје, 3. Ⅰ 1987) – композитор, аранжер, диригент. Дал исклучителен придонес за развојот на популарната музика во Македонија. Првите Драган Ѓаконовскишпато контакти со џезот ги имал слушајќи ги странските радио станици (Глас на Америка, Радио Луксембург). Го формирал (1948) Студентскиот академски џез-ансамбл. Од 1950 г. работи во Радио… Continue reading ЃАКОНОВСКИ-ШПАТО, Драган
ЃЕЛАЈ, Том Ник
ЃЕЛАЈ, Том Ник (псевд. шумски) (с. Мирдита, Скадарско, Албанија, 1920 – с. Зајас, Кичевско, 6. XI 1943) – воен раководител на НОВ и ПОМ. Непосредно по фашистичката окупација на Македонија пристигнал во Гостивар (1941) како шумар, по што го добил и илегалното име шумски. Тука се вклучил во Македонското народноослободително движење. Пројавил особена активност во… Continue reading ЃЕЛАЈ, Том Ник
ЃЕЛЕВ, Јован
ЃЕЛЕВ, Јован (Иван) Недев (поп шаќо) (с. Дреново, Кавадаречко, 8. XI 1880 – Скопје, 18. Ⅲ 1954) – свештеник, илинденец и учесник во НОБ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ (2. Ⅷ 1944). По Ослободувањето бил свештеник во црквата „Св. Димитрија” во Скопје. Носител е на Орден од… Continue reading ЃЕЛЕВ, Јован
ЃЕРДАН
ЃЕРДАН -. масивен украс за на гради што го покрива целиот граден кош. Се изработувал на парче клашна и на него се нанижувале сребрени пари и кувенџиски амајлии. Ј. Р.-П.
ЃЕРЃИКОВИЌ, Ѓорѓе
ЃЕРЃИКОВИЌ, Ѓорѓе (Гевгелија, ? – Гевгелија, 1911) – српски офицер, илинденски револуционер и македонски „автономист”. По кратко учителствување во с. Мачуково (1. Ⅳ 1898), се запишува во Воената академија во Бел-град (22. Ⅶ 1898). Како српски поручник двапати со своја чета влегува во Македонија, но ранет е во борбите со Турците и се лекува во… Continue reading ЃЕРЃИКОВИЌ, Ѓорѓе
ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо
ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо (Битола, 21. Ⅹ 1956) – режисер. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1980) и режија на ФДУ во Скопје (1990). Од и.г. е член на Народниот теа-тар во Битола, потоа негов директор (2002-2006). Режии: „Парите се отепувачка”; „Бегалка”; „Ромео и Јулија”; „Македонска крвава свадба”„Лисистрата”; „Летни Силјане”; „Лет во место” и др. Чест… Continue reading ЃОРГИЕВСКИ, Љупчо
ЃОРГОВ, Васил
ЃОРГОВ, Васил (Велес, 20. Ⅹ 1910 – Скопје, 23. Ⅲ 1968) – политички работник. Филозофски факултет завршил во Загреб (1935). Активен заднински работник е во НОБ од 1943. Член е на КПМ од 1944. По Ослободувањето бил секретар на СК во Делчево; републички и сојузен народен пратеник; претседател на Планската комисија на НРМ; министер за… Continue reading ЃОРГОВ, Васил
ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир
ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир (Књажевац, 19. Ⅱ 1868 – Белград, 28. Ⅴ 1944) – српски етнолог и историчар, универзитетски професор и академик, истражувач и на македонското народно творештво. Се смета за основоположник на етнологијата како наука на Белградскиот универзитет. Бил упорен теренски истражувач и особено внимание им посветил на интернационалните мотиви во народното творештво. Го проучувал и… Continue reading ЃОРЃЕВИЌ, Тихомир
ЃОРЃЕВСКИ, Јордан
ЃОРЃЕВСКИ, Јордан (Тетово, 7. Ⅻ 1910 – Скопје, 10. IX 1989) – агроном. Основно училиште завршува во Тетово, а Земјоделскошумарски факултет во Земун – Белград (1934). Работи во опитните станици во Сараево, Топчидер – Белград и во Скопје. Специјализира (една година) во Грција за елекција на памукот. Во 1948 г. доаѓа на Земјоделско-шумарскиот факултет во… Continue reading ЃОРЃЕВСКИ, Јордан
ЃОРЃЕВСКИ, Ристо Трпев
ЃОРЃЕВСКИ, Ристо Трпев (с. Теарце, Тетовско, 24. Ⅲ 1919 – Скопје, 16. Ⅳ 1996) – психолог, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Со титулата доктор на психолошки науки се стекнал на Филозофскиот факултет во Загреб (1955). Бил инспектор за просвета и раководител на Одделението за школство при Министерството за просвета на ФРМ… Continue reading ЃОРЃЕВСКИ, Ристо Трпев
ЃОРЃЕВСКИ, Софре
ЃОРЃЕВСКИ, Софре (с. Радиовце, Тетовско, ? – ?, 1963) – еден од првите членови на МРО во Тетовско, војвода на чета (со решение на Тетовскиот местен комитет), која дејствувала во подрачјето на планината Сува Гора во Тетовско и Гостиварско. Учесник е во Илинденското востание, во борбите во Кичево. Во тетовските провали бил уапсен и затворен… Continue reading ЃОРЃЕВСКИ, Софре
Ѓорѓи Војтех
ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ (1072 – 1073) – востание против византиската власт. Го кренале скопските благородници на че-ло со Ѓорѓи Војтех. Востаниците побарале помош од Дукља/Зета, чија владејачка династија била роднински
ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, св
ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, св. (с. Чуркли, Гревена, 1810 – Јанина, 1838) – овој Македонец маченички настрадал на бесилка за православната вера во 1838 г. Од неговите мошти се случуваат чудеса. ЛИТ.: Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006; Жития на светиите, Синодално издателство, София (1974), 1991; Хризостом Столић, јеромонах, Православни светачник, месецослов светих, том први,… Continue reading ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, св
ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, св
ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, св. (Кратово, 1497 – Софија, 24/11. Ⅱ 1515) – христијански светец. Неговите родители, кратовците Димитар и Сара, од шестгодишна возраст го дале да изучува свештени книги, а потоа го изучувал и златарскиот занает. По смртта на татка си заминал во Софија кај тамошниот првосвештеник Петар, каде што продолжил да се образува во верата… Continue reading ЃОРЃИ КРАТОВСКИ, св
ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М
ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М. (с. Горна Бошава, Кавадаречко, 5. IX 1940) – етномузиколог, научен соработник и унив. професор (во пензија). Основно училиште завршил во Кавадарци (1955), средно музичко училиште во Скопје (1961), а Факултет за музичка уметност – Оддел за етномузикологија (прва генерација) во Бел-град (1967), каде што и докторирал на темата „Македонско народно певање са… Continue reading ЃОРЃИЕВ, Ѓорѓи М
ЃОРЃИЕВ, Тане Стојчев
ЃОРЃИЕВ, Тане Стојчев (Ѕоле војвода; Атеш-паша) (с. Баница, Леринско, ? – Лерин, 31. Ⅻ 1909) – национален деец и легендарен лерински војвода на ТМОРО/ ВМОРО. Во младите години бил печалбар во Цариград. Откако се вратил во родното село (1902), станал член на една ударна група на ТМОРО, а потоа комита и секретар во четата на… Continue reading ЃОРЃИЕВ, Тане Стојчев
ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо
ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо (Скопје, 24. Ⅵ 1924) – сликар и педагог што одиграл голема улога во доменот на ликовното воспитување на младината. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1952). Бил професор на Педагошката академија во Скопје. Имал ретроспектива во МСУ во Скопје (1978). Слика и прави графики во духот на експресионизмот, поетскиот и социјалниот… Continue reading ЃОРЃИЕВСКИ, Ванчо
ЃОРЕВ, Благој Димев
ЃОРЕВ, Благој Димев (Велес, 8. Ⅱ 1922 – Ново Село, Велешко, 1. XI 1942) – револуционер, учесник во НОБ, младински и партиски активист (од 1941) и еден од првите борци на ВПО „Димитар Влахов” (од април 1942). Бил член на СКОЈ од 1940, а на КП од 1941 г. Во неговата куќа (1941) се печател… Continue reading ЃОРЕВ, Благој Димев