ШУМКА, Диме

ШУМКА, Диме (Цер, Кичевско, 11. Ⅲ 1921 – Скопје, 20. Ⅹ 1999) – филмски сценограф. Во „Вардар филм“ започнува да работи на првиот игран филм „Фросина“ (1952) како изведувач. Веќе во „Волча ноќ“ (1955) и по него работи самостојно како сценограф. Има реализирано 18 филма, од кои четири се кратки играни и осум играни. В.… Continue reading ШУМКА, Диме

ШУМКОВСКИ, Јован

ШУМКОВСКИ, Јован (Скопје, 18. И 1962) – сликар, професор на Факултетот за ликовни уметности, значаен за промените во македонската уметност во постмодер-Јован шумковски за ликовни уметности во Скопје. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Брисел, Њујорк, Стокхолм. Учествувал на биеналето во Сао Паоло (1994) и во Венеција (2001). Во сликите, објектите и инсталациите го практикува методот… Continue reading ШУМКОВСКИ, Јован

ШУМСКА ПРОСТИРКА

ШУМСКА ПРОСТИРКА – органска материја што се создава во шумските екосистеми со годишниот опад и претставува мртва органска материја на поранешни функционални органи на шумската вегетација. Со годишниот опад се враќаат големи количини минерални материи во почвата и повторно се користат во процесите на кружењето. Опадот се акумулира на површината на почвата и формира континуиран… Continue reading ШУМСКА ПРОСТИРКА

ШУМСКА ХИДРОЛОГИЈА И ХИДРАУЛИКА

ШУМСКА ХИДРОЛОГИЈА И ХИДРАУЛИКА – дел од хидрологијата што ја изучува врската помеѓу вегетацијата и шумата, од една страна, и хидролошките процеси, од друга. Темелите на шумската експериментална хидрологија ги поставил швајцарецот Енглер (1890), со што оваа научна дисциплина се издвои од општата хидрологија. Резултатите од про-учувањата на одделните елементи (врнежи, интерцепција, евапорација, инфилтрација, оттек,… Continue reading ШУМСКА ХИДРОЛОГИЈА И ХИДРАУЛИКА

ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ

ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ – во поширока смисла ги опфаќаат сите вештачки подигнати култури од шумски дрвја. Тука спаѓаат вештачки подигнатите низмот. Дипломирал (1986) и магистрирал (1999) на Факултетот шумски култури во Македонија за производство на дрвна маса култури, кои со својата структура, зависно од дрвните видови и нивните меѓусебни односи, одговараат на природната шумаContinue reading ШУМСКИ КУЛТУРИ И ПЛАНТАЖИ

ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ

ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ – предизвикувачи на најголеми оштетувања во шумските екосистеми, кои за многу кратко време можат да нанесат катастрофални штети врз целокупниот растителен и животински свет во нив. Постојат повеќе класификации на шумските пожари, но најчеста е поделбата според висината на објектот што гори, па имаме: подземни и приземни пожари, на пенушки, на… Continue reading ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО РМ

ШУМСКИ РАСАДНИК

ШУМСКИ РАСАДНИК – посебно уредена површина за производство на садници за пошумување или за озеленување на населби. Садниците се произведуваат наменски, со одбрани технолошки постапки и методи на одгледување, продуктивно и економично, а со единствена цел – производство на висококвалитетни садници. Во РМ со шумски расадници располагаше речиси секое шумско стопанство. Бројот на произведените садници… Continue reading ШУМСКИ РАСАДНИК

ШУМСКИ ФИТОЦЕНОЗИ ВО дофилни шуми

ШУМСКИ ФИТОЦЕНОЗИ ВО дофилни шуми (класа Љуерцо-Фагетеа Бр.–Бл. Ет Влиегер 1937и): И – Ксерофилни шуми, ред Љуерцеталиа пубесцентис Бр.–Бл. а. субмедитерански шуми, сојуз Острѕо-Царпинион ориенталис Хт 1954 емд 1958 – ас. Цоцциферо-Царпинетум ориенталис оберд 1948 емд Хт 1954 – климазонално распространета заедница во долното Повардарие, јужно од Демир Капија. –ас. Руд.1939 апуд. Хт 1946 –… Continue reading ШУМСКИ ФИТОЦЕНОЗИ ВО дофилни шуми

ШУМСКИ ФОНД

ШУМСКИ ФОНД –вкупната површина под шуми во една земја (по категорија, форма, возраст, дрвна маса и др.). (В. табела на наредната страница). Ал. Анд.

ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО

ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО. На територијата на РМ првите правила за управување и користење на шумите се поставени во времето на владеењето на цар Душан. Со Душановиот законик (1349) се забрануваат голите сечи. Во ⅩⅩ в. Кралството на СХС имало Упатство за уредување на државните шуми (1931), а потоа донело и Упатство за ознака на стеблата и… Continue reading ШУМСКО ЗАКОНОДАВСТВО

ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА

ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА – самостојна организација формирана од Владата на НРМ (1951) со цел да помага во изведувањето на теренската настава, научноистражувачката и апликативната дејност на шумарскиот факултет. Во текот на 1976 г. е интегрирана како посебно одделение на Факултетот. Располага со следните објекти: а) с. Трубарево, на 5 км од Скопје, арборетум, семениште, растилка на… Continue reading ШУМСКО-ОПИТНА СТАНИЦА

ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА

ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА. шумите на територијата на Република Македонијаод аспект на планирањето и стопанисувањето се поделени на помали површини, наречени шумскостопански единици. Тоа е направено со цел тие да имаат дефинирана површина, дрвна маса, прираст и други параметри што ќе послужат за поточно и навремено планирање и евидентирање, како и за поефикасно, целосно, планско и интензивно… Continue reading ШУМСКО-СТОПАНСКА ЕДИНИЦА

ШУМСКО-СТОПАНСКА ПОЛИТИКА

ШУМСКО-СТОПАНСКА ПОЛИТИКА. Во согласност со општествено-политичките односи што владееле во нашата земја, на соодветен начин е креирана и политиката во шумарството. Во периодот 1946–1952 г. политиката беше директно водена од еден центар – Управата за шумарство, во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Потоа беа самостојни претпријатија за стопанисување со шумите (шумски стопанства),… Continue reading ШУМСКО-СТОПАНСКА ПОЛИТИКА

ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА. За стопанисување со шумите за стопанска намена (заштита, одгледување и користење), Владата на РМ формира Јавно претпријатије за стопанисување со шумитеМакедонски шу-ми“. Ова претпријатие фунционира со: една централна дирекција, 30 подружници или шумски стопанства, Управен одбор и Надзорен одбор. ЈП „Македонски шу-ми“ го раководат: генерален директор, заменик на генералниот директор, осум помошници-директори… Continue reading ШУМСКО-СТОПАНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ШУНДОВСКИ, Сотир

ШУНДОВСКИ, Сотир (с. Гопеш, 28. Ⅱ 1933 – Битола, 17. Ⅲ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Бел-град (1960). Се занимава со архитектонско проектирање, работејќи во повеќе проектантски бироа во Битола. Неговиот опус е разновиден. Проектирал повеќе општествени, здравствени и административни згради од кои, позначајни се: Општата болница во Битола (1968), Основниот суд… Continue reading ШУНДОВСКИ, Сотир

ШУПЕЛКА

ШУПЕЛКА – дувачки музички инструмент изработен од јасеново, ореово, шимширово или бело кленово дрво. Таа претставува надолна цилиндрична цевка, долга 250 –350 мм. Располага со вкупно шест мелодиски отвори за свирење. Има продорен звук, поради што е погодна за свирење орски мелодии, но и за соло музицирање во природа при чување на добитокот. ЛИТ.: Д-р… Continue reading ШУПЕЛКА

ШУПЛЕВСКИ, Драган

ШУПЛЕВСКИ, Драган (Скопје, 19. Ⅶ 1933 – Скопје, 10. Ⅵ 2001) – диригент и композитор. Дипломира на Наставно-теорискиот отсек на Музичката академија во Белград (1959). Работи како наставник во Средното музичко училиште во Скопје (1960–1963), а потоа е шеф на Музичката продукција на РТВ Скопје (1963– 1966). До крајот на животот се наоѓа на местото… Continue reading ШУПЛЕВСКИ, Драган

ШУПЛИНОВА, Евгенија

ШУПЛИНОВА, Евгенија (Тополчани, Прилепско, 9. Ⅵ 1930) – поет, раскажувач, преведувач. Завршила средно образование. Работела како новинар во „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1962 г. БИБ.: Грешница, поезија, 1960; Тагата на црвениот каранфил, поезија, 1962; Три облачиња, раскази за деца, 1964; Сончева патека, поезија за деца, 1969; Сонце на детските дланки, раскази за… Continue reading ШУПЛИНОВА, Евгенија

ШУРДОВ

ШУРДОВ (ВЕДРОВ), Асен (Видин, 16. Ⅵ 1914 – Софија, 4. Ⅴ 1945) – поет, преведувач, новинар. Студент по литература на Софискиот универзитет. При крајот на октомври 1938 г. во неговиот стан на ул. „Љулин“ бр. 20 во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. Неговата поезија е силен социјален протест против капиталистичкото општество,… Continue reading ШУРДОВ

ШУРЕВ, Ангел

ШУРЕВ, Ангел (Велес, 18. Ⅳ 1932 – Белград, 14. Ⅱ 2004) – диригент. Во 1956 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград (проф. Ж. Здравковиќ), а се усовршувал во Италија на Римската академија „Санта Чечилија“. Диригентската кариера ја започнал во Операта на МНТ (1956–1960). Најголем дел од својата дејност ја поминал во Белград, во… Continue reading ШУРЕВ, Ангел

ШУРКОВ, Андон

ШУРКОВ, Андон (Велес, 1900 – СССР, 1938) – работник и комунистички деец. Како определен комунист, емигрирал во Советскиот Сојуз (1927), студирал на КУНМЗ во Москва, а потоа бил испратен на работа во Одеса. Во Сталиновите чистки бил уапсен и осуден. Посмртно е рехабилитиран со одлука на Воениот трибунал на Воениот суд во Одеса. ЛИТ.: Работничкото… Continue reading ШУРКОВ, Андон

ШУТАРКА

ШУТАРКА – музички инструмент, надолна цевка од дрво или трска со вметната писка на горниот дел, со ист број мелодиски отвори како кај гајдарката на гајдата. Така е наречена, бидејќи на долниот дел го нема свиеното рокче што го облагородува то-нот. Без другите делови на гајдата, на неа свират децата како подготовка за свирење на… Continue reading ШУТАРКА

ШУТУРКОВА, Љубица Данчова

ШУТУРКОВА, Љубица Данчова (Скопје 4. ⅩⅠⅠ 1959) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф., раководител на Институтот по фарма-Љубица шутуркова цевтска хемија. Декан на Фарм. ф. (1998–2004), а од 2004 проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседател на Фармацевтската комора на Македонија (1999–2000). Има објавено над 60 научни и стручни трудови и… Continue reading ШУТУРКОВА, Љубица Данчова