ЧРЕШЧЕ – средновековен градтврдина, лоциран на еден рид, на ок. 2 км југозападно од денес растуреното село Црешка на долна Брегалница. Како византиско погранично место било освоено од Србите, заедно со Велес, Просек, Штип и Добрун (1328). Остатоци од градот Чрешче во топонимијата се познати под името Мал и Голем Град, каде што се пронајдени… Continue reading ЧРЕШЧЕ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ЧУБЕЛИЌ, Твртко
ЧУБЕЛИЌ, Твртко (Бихаќ, БиХ, 2. Ⅲ 1913 – Загреб, 11. Ⅷ 1995) – хрватски унив. професор, фолклорист, книжевен историчар и теоретичар. Основно училиште и гимназија завршил во Бихаќ. Како осмокласник бил исклучен поради учеството на комеморацијата на Ст. Радиќ, поради што полагал приватно во Бања Лука (1931). Две години студирал право (1931–1933), а потоа на… Continue reading ЧУБЕЛИЌ, Твртко
ЧУВАРКУЌА, ГАЛИЧИЧКА
ЧУВАРКУЌА, ГАЛИЧИЧКА . Семпервивум галицицум (Смитх.) Мицевски)ќ– локален ендемит во флората на РМ од фамилијата Црассулацеае, познат само за планината Галичица. Се развива во пукнатини на карпи и камењари, на карбонатна геолошка подлога. Вл. М. Галичичка чуваркуќа
ЧУВАРКУЌА, ОКТОПОДНА
ЧУВАРКУЌА, ОКТОПОДНА .(Семпервивум оцтоподес Турр.) – македонски флористички ендемит, познат само за планините Пелистер и Ни-џе–Кајмакчалан. Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М. Октоподна чуваркуќа
ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел
ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел (Битола, 20. И 1910 – Белград, 8. И 1983) – истакнат учесник во НОАВМ, воен пилот, висок офицер на ЈНА. Бил првоборец (1941), организатор на НОО во Битола, член на КПМ (1944), командант на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ, унапреден во чин мајор (1. Ⅶ 1944) и командант на Првата македонска… Continue reading ЧУКАЛЕВСКИ, Вангел
ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ
ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ (на 10 км северозападно од Делчево) – тумул (висок 2 м, со пречник од околу 16 м) во кој е најден римски гроб со кремација, а над него и помала средновековна некропола (42 гроба) од Ⅺ–ⅩⅠⅠ в. Средновековните гробови се христијански, а припаѓале на неидентификувана рурална населба, на словенска популација, која не била… Continue reading ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ
ЧУЛЕВ, Илија
ЧУЛЕВ, Илија (Кавадарци, 1908 – Скопје, 1950) – лекар, член на ВМРО(Об), учесник во НОБ. Се школувал во Кавадарци и Велес и на Медицинскиот факултет во Загреб. Од 1933 г. се вклучил во ВМРО(Об). Бил пратеник во Собранието на Кралството Југославија (1938). Во Втората светска војна бил лекар во Прешево и во 1944 се вклучил… Continue reading ЧУЛЕВ, Илија
ЧУНДЕВ, Милан
ЧУНДЕВ, Милан (Велес, 13. И 1947) – унив. професор. Дипломи-Милан Чундев рал во 1970 г. на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде што во 1996 г. бил избран за редовен професор. Во 1978 г. магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а во 1990 г. докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Од 1996 г. бил раководител на… Continue reading ЧУНДЕВ, Милан
ЧУНДЕВ, Стојан
ЧУНДЕВ, Стојан (Софија, Бугарија, 5. Ⅴ 1932) – унив. професор. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1955 г., а докторирал во 1974 г. на Електротехничкиот факултет во Загреб. Во 1955 г. се вработил во Фабриката за автобуси „11 Октомври“, во 1965 г. е примен на Електротехничкиот факултет во Скопје како предавач, а во 1977… Continue reading ЧУНДЕВ, Стојан
ЧУНДЕВА–
ЧУНДЕВА–ГАЛИЌ, Екатерина (Софија, Бугарија, 7. ⅩⅠⅠ 1927 – Скопје, 22. Ⅴ 2009) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1951 г. на Електротехничкиот факултет во Белград и веднаш се вработила во претпријатието „Хидроелектропроект“. Еден е од главните проектанти на хидроцентралите Вруток, разводната постројка 110 КВ Вруток, Хидроцентралите Равен и шпиље. Во 1959… Continue reading ЧУНДЕВА–
ЧУНДЕВА, Нина
ЧУНДЕВА, Нина (Бендери, Молдавија, 12.Ⅳ 1936) – филолог, унив. проф. на Филолошкиот фаНина Чундева култет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за славистика (од лектор до редовен проф.). Автор е на повеќе десетици статии од областа на русистиката и славистиката. Докторирала на темата Русизмите во македонскиот литературен јазик (необјавена). Коавтор на Руско-македонскиот речник (1997). Кр.… Continue reading ЧУНДЕВА, Нина
Димитрија Чуповски
ЧУПОВСКИ, Димитрија Димов (Димитриевич) (Папрадиште, Велешко, 8. Ⅺ 1878 – Ленинград, СССР, 29. Х 1940) – најистакнатиот организатор и афирматор на македонската културно-национална мисла, член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург (1902–1917), членосновач и претседател на Словеномакедонското националнопросветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-осноготворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач… Continue reading Димитрија Чуповски
ЧУПОНА, Ѓорѓи Ташков
ЧУПОНА, Ѓорѓи Ташков (с. Маловиште, Битолско, 10. Ⅳ 1930) – математичар, ред. проф. на ПМФ (1972), дописен (1979) и редовен (1983) член на МАНУ. Дипломирал (1953) на Филозофскиот факултет (Група математика), каде што бил избран (1955) за асистент. Докторирал (1959) на ПМФ со темата „Прилог кон теоријата на алгебарските структури“. Во текот на 1964 г.… Continue reading ЧУПОНА, Ѓорѓи Ташков
ЧУРИЛКАРИ
ЧУРИЛКАРИ (Цурцулионидае) – растенојадни тврдокрилни инсекти. Имаат силно изразен устен апарат за грицкање, претворен во долга рилка – чурилка. Телото им е лесно издолжено, валчесто и округло, заштитено со јак хитински оклоп. Најбројна фамилија е меѓу тврдокрилните инсекти. Во светот се познати над 60.000 видови. штетници за шумските, земјоделските и за овошните култури. Во Македонија… Continue reading ЧУРИЛКАРИ
ЧУРУЛИНЦИ
ЧУРУЛИНЦИ (Бурхинидае) – фамилија крупни, краткоклунести птици од редот бекасиновидни птици (Цхарадриформес). Во светот се познати вкупно осум видови, од кои само еден чурулин е присутен во Европа и кај нас (Бурхинус Чурулинец оедицнемус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас… Continue reading ЧУРУЛИНЦИ
ЧУЧЕР-САНДЕВО
ЧУЧЕР-САНДЕВО – село во Скопско. Се наоѓа во јужното подножје на планината Скопска Црна Гора, на надморска висина од околу 550 м. Со Скопје е поврзано со регионален асфалтен пат. Има 299 ж. од кои 117 се Македонци, 180 се декларираат како Срби и други (2). Населението се занимава со одгледување житни култури и лозарство.… Continue reading ЧУЧЕР-САНДЕВО
ЧУЧКОВ, Владо
ЧУЧКОВ, Владо (Свилајнац, 6. Ⅵ 1929 – Скопје, 15. Ⅹ 1997) – музички редактор и критичар. Своите студии ги оформува на Музичката академија во Љубљана. По доаѓањето во Скопје се вработува во МРТВ како музички уредник. Неговата главна преокупација е на планот на музичката критика. Почнувајќи од 1961 г., тој е музички критичар на весникот… Continue reading ЧУЧКОВ, Владо
ЧУЧКОВ, Ефрем
ЧУЧКОВ, Ефрем (Кратово, 21. Ⅺ 1870 – Софија, 1. Ⅹ 1923) – учител и револуционер, војвода. Се школувал во Солун (Ⅴ клас гимназија), во Софија (две години воено училиште), а го завршил Педагошкото училиште во Казанл’к (1896). Учителствувал во Пехчево и во Мелник. Од 1897 г. дејствувал нелегално во Кочанско, Кратовско и во Штипско. Бил… Continue reading ЧУЧКОВ, Ефрем
ЧУЧКОВ, Мане
ЧУЧКОВ, Мане (Емануил) Христов (Ново Село, Штипско, 14/27. Ⅺ 1901 – Скопје, 1. Ⅸ 1967) – македонски државник, унив. професор, општествено-политички и културно-национален деец. Основното образование го завршува во Штип, гимназијалното во Штип и Скопје, а високото (етнографија, антропогеографија и физичка географија) на Филозофскиот факултет во Белград и Скопје (1925). Излезен од револуционерно семејство, тој… Continue reading ЧУЧКОВ, Мане
ЧУЧУК
„ЧУЧУК“ – македонско машко народно оро во метар 9/16 (2,2,2,3,). Најчесто се игра во Скопско со држење на рацете за рамо. Темпото е умерено брзо, со средни чекори на полустапалата. Обилува со потскоци, доскоци, ниски клекнувања и самостојни вртења. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977,188. Ѓ. М. Ѓ. Киро Чучуков-Себура
ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро
ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро (Велес, 25. Ⅲ 1919 – Речани, Велешко, 6. И 1943) – младински партиски активист пред војната, организатор на НОД во Велешко, првоборец. Веднаш по окупацијата собирал оружје, разнесувал партиски пропагандни материјали и вршел курирска работа во градот и околината. Еден од првите борци на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (од мај 1942) и учесник… Continue reading ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро
ЧУЧУЛИГИ
ЧУЧУЛИГИ (Алаудидае) – фамилија мали приземни птици-пејачки од редот врапчевидни птици (Пассериформес), од кои во Македонија се регистрирани 6 видови: дебелоклуна чучулига (Меланоцорѕпха цаландра), полска чучулига (Алауда арвенсис), шумска чучулига (Луллула арбореа), Полска чучулига цуцулеста или ќубеста чучулига (Галерида цристата), мала чучулига (Цаландрелла цинереа) и планинска чучулига (Еромопхила алпестрис). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес,… Continue reading ЧУЧУЛИГИ
ЧУШКАР, Боро
ЧУШКАР, Боро (Борис Чушкаров) (Куманово, 28. И 1916 – Скопје, 19. Ⅸ 1982) – комунистички де-Боро Чушкар ец, првоборец, политички раководител во НОАВМ и полициски генерал-мајор. Завршил учителска школа. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка (септември 1938) бил уапсен, а подоцна интерниран во Билеќа (јануари 1940). Бил член… Continue reading ЧУШКАР, Боро
ЏАЈКОВСКИ, Кирил
ЏАЈКОВСКИ, Кирил (Скопје, 25. Ⅹ 1965) – композитор и аранжер. Својата музичка кариера ја започнува во групата „Бастион“ (нејзин основач во 1983 г.). Настапувал како клавијатурист со „Леб Кирил Џајковски и сол“ (1986–1987). Автор на електронска музика. Особено се истакнал на полето на т.н. применета музика. Меѓу најзначајните творечки дострели што му донесоа меѓународна афирмација… Continue reading ЏАЈКОВСКИ, Кирил