ХРИСТОВ, Димитар

ХРИСТОВ, Димитар (Битола, 17. ⅩⅠⅠ 1938 – Битола, 2009) – режисер. Дипломирал режија на Театарската академија во Љубљана (1963). Работел во Народниот театар во Битола (1963-1968). Од 1968 г. е режисер во Македонската радио-телевизија. Режирал во сите театри низ Македонија. РЕЖИИ: „Со сила лекар“; „Тартиф“; „Разбојници“; „Едип“; „Отело“; „Федра“; „Лиситрата“; „Електра“; „Антигона“; „Жорж Данден“ и… Continue reading ХРИСТОВ, Димитар

ХРИСТОВ, Никола

ХРИСТОВ, Никола (Кавадарци, 09. ⅩⅠⅠ 1930 – Скопје, 4. Ⅳ 2004) – лекар, унив. професор. Завршил Медицински факултет во Скопје (1956). Специјализирал интерна медицина (1965) и спортска медицина (1969) и станал примариус Никола Христов (1974). Одбранил докторска дисертација на Медицински факултет во Ниш (1980) на тема: „Физички развој и функционалне и физичке способности и њихова… Continue reading ХРИСТОВ, Никола

ХРИСТОВ, Павел

ХРИСТОВ, Павел (с. Цапари, Битолско, 1874 – Софија, 6. Ⅵ 1922) – учител, деец на МРО. Завршил гимназија во Лом, Бугарија (1894). Бил учител во Прилеп, Костур, Битола, член на МРО (1895), раководител на Костурскиот револуционерен реон (1898–1901), потоа на Битолскиот РОК на ТМОРО. Учествувал на Рилскиот конгрес и во Балканските војни. ИЗВ. и ЛИТ.:… Continue reading ХРИСТОВ, Павел

ХРИСТОВ, Пол

ХРИСТОВ, Пол (Порталиев) (Флорак, Франција, 1864–1934) – унијатски архиереј во Бугарија и дипломат (од француско потекло). Студирал книжевност (1881), а потоа стапил во католички монашки ред, земајќи го презимето Христов. По престојот во Цариград и Бурса, бил директор на Малиот ориентален семинар во Пловдив (од 1888). Подоцна преминал во унијатство (1896) и бил унијатски викар… Continue reading ХРИСТОВ, Пол

ХРИСТОВ, Стојан

ХРИСТОВ, Стојан (с. Кономлади, Егејска Македонија, 15. Ⅷ 1897 – Томпсон Хаус, Вест Довер, САД, 24. И 1996) – американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор од македонско потекло. Во 1911 емигрирал во Америка. Првин работел како физички работник. Дипломирал на Универзитетот „Валпараизо“, Индијана. Работел како новинар и уредник на неколку весници во Чикаго.… Continue reading ХРИСТОВ, Стојан

ХРИСТОВ, Тале

ХРИСТОВ, Тале (Прилеп, 29. Ⅵ 1880 – месност Студена Ливада, с. Беловодица, Прилепско, 19. Ⅶ 1903) – учител, прилепски реонски војвода. Се школувал во Прилеп и во Битола. Бил член на Тајниот училиштен кружок (1899/1890) во Битола, учител во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп, каде бил член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Учествувал… Continue reading ХРИСТОВ, Тале

ХРИСТОВ, Христо ќиров

ХРИСТОВ, Христо ќиров (Битола, 30. Ⅹ 1927) – спец. по ОРЛ, примариус и виш здравствен советник. Медицина завршил во Белград (1952), а ОРЛ специјализирал во Загреб и Скопје (1957). Веднаш потоа го отворил првото ОРЛ одделение во внатрешноста на Македонија (Битола, 20. Ⅺ 1957), во кое работел до пензионирањето (1987). П. Б.

ХРИСТОВСКИ, Дамјан

ХРИСТОВСКИ, Дамјан (Скопје, 15. Ⅸ 1945 – ?, 14. Ⅵ 2006) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1970 г., а во 1981 магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, додека во 1991 г. докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 1971 г. се вработил во Електромашинскиот училиштен… Continue reading ХРИСТОВСКИ, Дамјан

ХРИСТОВСКИ, Јонче

ХРИСТОВСКИ, Јонче (Битола, 10. И 1931 – Скопје, 15. Ⅳ 2000) – интерпретатор на народни песни. Најнапред бил член на ансамблот „Танец“ во кој настапувал до 1967 Јонче Христовски г. како пејач и играорец. Во ова време направил и една кореографска обработка („Мариовска тресеница“). Работел како соработник и уредник во МРТ (19671990). Снимил голем број… Continue reading ХРИСТОВСКИ, Јонче

ХРИСТОВСКИ, Никола

ХРИСТОВСКИ, Никола (Липљан, Косово, 16. ⅩⅠⅠ 1921) – филм-ски снимател. Од 1947 до 1949 г. работи како асистент на Трајче Попов, кој бил снимател-дописник на „Звезда филм“ – Белград. Целиот преостанат работен век снима самостојно за Филмски новости. Ги снимил сите посети на претседателот Јосип Броз Тито на Македонија, почнувајќи од 1949 па с“ до… Continue reading ХРИСТОВСКИ, Никола

ХРС, Добромир

ХРС, Добромир (ⅩⅠⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – македонски благородник, формирал независно владеење со центар во Просек (1185–1202). Бил управник на Струмица. Го искористил востанието на Бугарите (1185), ја отфрлил византиската власт и се осамостоил. Од Струмица го пренел седиштето во Просек, ги завладеал и околните градови (Прилеп, Битола, Велес, Штип). Императорот Алексиј Ⅲ Ангел презел голем поход… Continue reading ХРС, Добромир

ХУБМАЈЕР, Мирослав

ХУБМАЈЕР, Мирослав (Љубљана, 1851 – Сараево, 1. Ⅲ 1910) – Словенец, печатар-литограф, началник на штабот на Кресненското востание (1878–1879). Бил доброволец во Херцеговското востание (1875) и во Српско-османлиската војна (1876). Пред и за време на Македонското востание (1878–1879) бил близок со митрополитот Натанаил Кучевишки. ЛИТ.: Енциклопедия „Пирински краŸ“, Ⅱ, Благоевград, 1999. Ал. Тр. Титус Хуисман

ХУИСМАН, Титус Х

ХУИСМАН, Титус Х. Ј. (Лееуњарден, Холандија, 1. Ⅸ 1923 – Агаста, САД 1. Ⅵ 1999) – биохемичар, редовен проф., академик. Дипломирал (1946) на ПМФ – Група хемија на Унив. во Гронинген, каде што и докторирал (1948), а потоа докторирал и на Групата за биохемија, на Универзитетот во Утрецхт, Холандија. Од 1951 до 1959 г. работел… Continue reading ХУИСМАН, Титус Х

ХУМОРИСТИЧНИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ХУМОРИСТИЧНИ НАРОДНИ ПЕСНИ – песни кои имаат за цел да развеселат и предизвикаат смеа. Кај народот се познати како „смешни песни“. Како такви ги среќаваме и како посебен циклус и во Зборникот на браќата Миладиновци. Но сепак, во некои од нив сосема малку има хумор, а повеќе укажуваат на разни недостатоци, недозволени постапки и по-Насловот… Continue reading ХУМОРИСТИЧНИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ХУНИ

ХУНИ – азиски номадски племиња од монголско потекло. Продреле во Европа, ги поразиле Остроготите на северното крајбрежје на Црно Море (375) и продолжиле да се движат кон запад (376). Во Европа формирале голем племенски сојуз, со центар во Панонија, кој ги зафаќал териториите од Волга, на исток, до Германија, на запад. Најголема моќ имале во… Continue reading ХУНИ

ХУНЌАР ЏАМИЈА

ХУНЌАР ЏАМИЈА (Дебар, 1467) – верски објект, споменик на културата. Изградена под ктиторство на султанот Мехмед Ⅱ Фатих (1451–1481), на правоаголна основа со димензии 12,70 х 9,38 м. Во дворот постои турбе и има многу надгробни камења. Реновирана 1938/1939 г. ЛИТ.: Мехмет З. šбрахимгил, Балканлар’даки Фатих Султан Мехмед Цамилери, Балканлар’да ис-лам медениѕети лл миллетлерарас› семпозѕуму… Continue reading ХУНЌАР ЏАМИЈА

ХУСАМЕДИН-ПАШИНА ЏАМИЈА

ХУСАМЕДИН-ПАШИНА ЏАМИЈА (Штип, ⅩⅤⅠ в.) – споменик на културата. Кај христијаните позната како црква „Св. Илија“. Има квадратна основа засводена со купола и трем на четири столба, покриен со три мали куполи. Припаѓа на еднопросторниот селџучки тип на џамии. Заштитни интервенции биле извршени во текот на 1959 г. Во дворот се наоѓа турбе на Мејдин… Continue reading ХУСАМЕДИН-ПАШИНА ЏАМИЈА

ХУСЕИН, Екрем

ХУСЕИН, Екрем (Скопје, 6. Ⅲ 1943) – балетски играч и кореограф. Балетската наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов и Р. Пакашки. Солист на Ба-Екрем Хусеин летот при МНТ и еден од најистакнатите уметници во ансамблот (1960-1990). Уметник со особена естетика, препознатлива во секое движење, гест и танц. Освен… Continue reading ХУСЕИН, Екрем

ХУСТЕД, Фридрих

ХУСТЕД, Фридрих (1886–1968) – најпродуктивниот и највлијателниот дијатомолог на ⅩⅩ в. Неговата работа е основа за модерната таксономија на дијатомеите. Има објавено еден труд за балканскиот регион, во кој се анализирани дијатомеите на Охридското и на Преспанското Езеро, изворите на реката Бабуна и на Катлановското Блато. Опишува поголем број видови, нови за науката во МакедонијаContinue reading ХУСТЕД, Фридрих

ЦАНЕВ, Благој

ЦАНЕВ, Благој (Свети Николе, 8. Ⅷ 1937) – композитор. Првиот дипломец (1970) на штотуку основаната Висока музичка школа (подоцна ФМУ), каде што подоцна дипломира и на Одделот по композиција (Вл. Николовски, 1979). Работи како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ. Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се… Continue reading ЦАНЕВ, Благој

ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНЕВ, Борјан (Скопје, 1. Ⅺ 1973) – диригент. Во 1997 г. дипломирал диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Ф. Муратовски), магистри-Ц рал на Софиската музичка академија, и специјализирал на Кралскиот колеџ во Лондон. Од 1993 г. е ангажиран како постојан диригент во Македонската филхармонија, изведувајќи симфониски и камерни дела од класичниот и… Continue reading ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАНОСКИ, Фијат (Струга, 2. Х 1960) – бизнисмен, политичар. Завршил Економски факултет и магистрирал по политички науки во Скопје. Основач и сопственик на Универзитетот ФОН во Скопје со одделение во Струга, а од учебната 2009/10 г. и дисперзирани одделенија во Струмица и Гостивар, како и на 5-та приватна гимназија во Скопје и во Струга. Основач… Continue reading ЦАНОСКИ, Фијат

ЦАРА, Дервиш

ЦАРА, Дервиш (Дервисх Цара) (с. Палчиште, Тетовско, кон почетокот на ⅩⅠⅩ в. – Солунски затвор, по 1844) – управник на Џеладинбег во Гостивар и водач на востание на албанското население против османлиската власт (ноември 1843 – 26. Ⅴ 1844). Востанието избило како резултат на бавните и недоволни реформи во системот на феудалните институции во времето… Continue reading ЦАРА, Дервиш

ЦАРЕВИ КУЛИ

ЦАРЕВИ КУЛИ (СТРУМИЦА) – тврдина на доминантен рид над остатоците на античкиот и средновековен град. Масивните тврдински ѕидови го окружуваат рамното плато, дополнително зајакнати со ѕид од полесно пристапната северна страна. На јужната страна се наоѓала порта заштитена со две кули и јаз преминуван со подвижен мост. На платото била подигната масивна повеќеаголна кула од… Continue reading ЦАРЕВИ КУЛИ