ХЕРОДОТ (Херодотос) (Халикарнас, Мала Азија, ок. 484 – веројатно Турии, Јужна Италија, ок. 425 пр. н.е.) – хеленски историограф, познат како „татко на историјата“, извор за најстарата историја на Македонија. Поради политичките противречности со халикарнашкиот тиранин Лигдамид, бил принуден да се пресели и привремено да живее на островот Самос. Многу патувал (Вавилон, Египет, Скитија, Тракија,… Continue reading ХЕРОДОТ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ХЕРОМЕН
ХЕРОМЕН (? – 336 г. пр. н.е.) – соработник на Павсаниј, убиецот на кралот Филип Ⅱ. Потекнувал од аристократскиот род на Линкестидите. Заедно со Арабеј и Александар, бил вклучен во заговорот против кралот во Ајга. По убиството, Херомен и Арабеј се сокриле, но биле фатени и погубени. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004.… Continue reading ХЕРОМЕН
ХЕРООН
ХЕРООН – монументален вид надгробни објекти од римско време во Македонија, регистрирани на повеќе локалитети. Објектите биле оформувани во вид на рим-ски храм на висок подиум, со приодни скалила, вестибил и цела и со подземен хипогеум. На Грамаѓе, кај Барово, е откриена типолошки разновидна камена архитектонска пластика. Ист е и случајот со хероонот кај селската… Continue reading ХЕРООН
ХЕРЦОГОВ БАБЈАК
ХЕРЦОГОВ БАБЈАК. – в. бабјак, Херцогов.
ХЕРЦОГОВА ТЕМЈАНУШКА
ХЕСИОД
ХЕСИОД (Хесиодос) (Ⅶ в. пр. н.е.) – хеленски поет, прв го спомнува името Македонија. Неговиот татко, којшто се занимавал со поморска трговија, се преселил од Кима во Ајолија, во Аскра, село на падините на планината Хеликон, близу до градот Теспиј во Бојотија. Тука Х. се занимавал со земјоделство. По смртта на татко му спорел со… Continue reading ХЕСИОД
ХЕТАЈРИ
ХЕТАЈРИ (хетаирои) – стара македонска институција, најблиски соработници на кралот, негови придружници во мир, војна и лов. Полагале заклетва дека ќе имаат исти пријатели и непријатели како кралот. Од времето на Филип Ⅱ Македонски, меѓу нив биле вклучувани и туѓинци, а припадноста можела да биде и почесна (пр.: трагедиографот Еврипид). Во време на походот на… Continue reading ХЕТАЈРИ
ХИБИСКУС
ХИБИСКУС .(Хибисцус сѕриацус Л., фам. Малвацеае) – листопадна грмушка од Азија, со триделни листови, грубо назабени. Цветовите се крупни, ѕвонести, со обоени венчеливчиња (виолетови, црвени, бели). Плодот е чушка. Многу декоративен вид, покрај другото, се користи и за живи Расцветан хибискус огради. Ал. Анд.
ХИДРА, СЛАТКОВОДНА
ХИДРА, СЛАТКОВОДНА . (Хѕдра аттенуата Палл.) – полип со седентарен начин на живеење. Се среќава прицврстен за некое растение или цврст предмет во бари, рибници и во езера. Достигнува големина од 10 до 20 мм. Се исхранува со ситни животни, ракчиња и други водни организми кои пливаат во водата што ги ло-ви со помош на… Continue reading ХИДРА, СЛАТКОВОДНА
ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД
ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД – ОХРИД. Проучувањето на лимнолошката проблематика на Охридското Езеро се бележи во трудот на Стеиндацхнер Ф.,1892: Убер еиниге неуе унд селтене Фисцхартен усњ. Денксцх. Акад. Њисс., Њиен., матх. натурњисс. КЛ, 59, 357–384. Првото доаѓање на С. Станковиќ (1892– 1974), во 1922 г. во Охрид, во суштина претставува почеток на организирано истражување на Охридското… Continue reading ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД
ХИДРОЕЛЕКТРОПРОЕКТ
„ХИДРОЕЛЕКТРОПРОЕКТ“ – претпријатие за проектирање на ЕЕ и хидротехнички објекти. Тоа е основано е во 1947 г. како дел на сојузната организација. Самостојно работело од 1950 г. Во 1989 г. се интегрирало со претпријатието ЕМО – Охрид. Изготвувало студии, основни, идејни, главни и изведбени проекти за голем број значајни објекти: ТЕ, ХЕ, ТС, ВН водови… Continue reading ХИДРОЕЛЕКТРОПРОЕКТ
ХИДРОЕНЕРГИЈА во Македонија
ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА
ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА. Хидрометеоролошката служба на Македонија е формирана во 1947 г., а во 1993 г. таа станува членка на Светската метеоролошка организација (СМО), која е специјализирана агенција на Обединетите Нации (ОН). Хидрометеоролошката служба на Македонија ја спроведува за-Лабораторијата на Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје цртаната програма, во рамките на средствата со кои располага и… Continue reading ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА
ХИДРОЦЕНТРАЛИ во Македонија
ХИДРОЦЕНТРАЛИ во Македонија. Вкупниот хидроенергетски потенцијал во Република Македонијае проценет на 5.200 ГЊх, во моментов се искористени 27% или 1.500 ГЊх, со инсталирана сила 431 кЊ. Годишно производство на хидроцентралите (ХЦ): 1.170 ГЊх во 2000 г., 621,5 (2001), 755,4 (2002), 1.370 (2003) ГЊх. Меѓу 10-те ХЦ на големите брани најважни се: „Вруток“ (27% од вкупното… Continue reading ХИДРОЦЕНТРАЛИ во Македонија
ХИЛ, Петер
ХИЛ, Петер (Петер Хилл) (Перт, Австралија, 1945) – австралиски славист и македонист. По завршените студии по русистика и германистика на Универзитетот во Мел-бурн, студиите ги продолжил во Берлин и Хамбург, каде што и докторирал. Бил професор на Универзитетот во Хамбург (1979), а потоа на Маквори универзитетот во Сиднеј ги вовел предавањата по јужнословенските јазици, па… Continue reading ХИЛ, Петер
ХИЛИЈАРХ
ХИЛИЈАРХ – командант на хилијархија (одред од 1.000 коњаници), на првата хипархија од хетајрите од македонската војска, но и дворска титула на вршител на многу важни политички функции во државата. Тој ги подготвувал сите државни работи за кралот. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К.… Continue reading ХИЛИЈАРХ
ХИЛМИ-ПАША, Хусеин
ХИЛМИ-ПАША, Хусеин (с. Сарлиџа, о-в Митилин, Турција, 1859 – 1921) – висок турски воено-административен деец, дипломат и државник. Бил главен секретар на Измирскиот вилает (1882), окружен управник (мутесариф) во Мерсин, валија на Адана (1887) и на Јемен (1898). По Илинденското востание за спроведување на Мирцштегските реформи е поставен за главен инспектор на вилаетите во Македонија… Continue reading ХИЛМИ-ПАША, Хусеин
ХИЛФЕРДИНГОВ
ХИЛФЕРДИНГОВ (МАКЕДОНСКИ) КИРИЛИЧКИ ЛИСТ – в. Фрагменти на кирилички старословенски текстови од македонско потекло. шејмас Хини
ХИНИ, шејмас
ХИНИ, шејмас (Мосбон, Северна Ирска, 8. Ⅶ 1939) – ирски поет, есеист и преведувач, добитник на Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на природословецот (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов… Continue reading ХИНИ, шејмас
ХИРОНОМИДИ
ХИРОНОМИДИ (Цхирономидае) – двокрилци слични на комарците. Многу се ситни, нежни и со тенки крилја. Се појавуваат во големи роеви како облаци над водите. Ларвите живеат во водна средина и се главна Хирономида храна за рибите. Во Дојранското Езеро доминира видот Цхирономус плумосус Л., чии ларви се крупни и црвено обоени, по што се лесно… Continue reading ХИРОНОМИДИ
ХИСТОЛОГИЈА
ХИСТОЛОГИЈА . (ст. гр. ?–¬стÁз) наука за изучување на животинските и растителните ткива под микроскоп (микроскопска анатомија). Како наставно-научна дисциплина во Македонија е воведена во учебната 1948/49 г., непосредно по основањето на првиот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во Македонија постојат повеќе лаборатории во кои се применуваат хистолошки истражувања, како од базичен карактер, така… Continue reading ХИСТОЛОГИЈА
ХЈУЗ, Тед
ХЈУЗ, Тед (Јокшир, 17. Ⅷ 1930 – 28. Ⅹ 1998) – англиски поет, бил оженет со популарната поетеса Силвија Плат која се самоубила. Заедно со Даниел Вајсборт во Лондон го уредувал книжевното списание Модерна поезија во превод во кое ги претставувале најпознатите модерни писатели на ХХ в. Врз неговото творештво најсилно влијание има делото Птици,… Continue reading ХЈУЗ, Тед
ХЛАПЕН, Радослав
ХЛАПЕН, Радослав (ⅩⅣ в.) – благородник, војсководец на Стефан Душан, самостоен владетел во Југозападна Македонија, господар на Бер и на Воден со околните краеви. Се издигнал и се осамостоил по смртта на царот Стефан Душан (1355). Ги владеел териториите од Селечка Планина, на север, до границата на Тесалија, на југ, на запад до Костур, а… Continue reading ХЛАПЕН, Радослав
ХЛУДОВ
ХЛУДОВ (ЛОБКОВСКИ) ПАРИМЕЈНИК – пергаментен кирилски ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅣ в. Пишуван е од македонскиот книжевник Никола Брата во времето на византиските цареви Андроник Ⅱ Палеолог и неговиот син Михаил Ⅸ (помеѓу 1294-1320). Содржи 171 лист. Се наоѓал во ракописната збирка на А. И. Лобков, поради што во славистичката наука е познат како Лобковски паримејник. Сега… Continue reading ХЛУДОВ