УТОКА НА ДРИМ

УТОКА НА ДРИМ (Струга) – рибарска наколна-палафитска населба од доцниот неолит. Од материјалната култура се откриени риболовни артефакти: долги кремени ножеви, игли, јадици и харпуни од еленски рогови, керамички тегови за мрежи и тави. ЛИТ.: А. Бенац, Охридско језеро и Јужна Пелагонија, ПЈЗ, Ⅱ, Сарајево, 1979, 460–468. Д. З. „Утрински весник“, Скопје

УТРИНСКИ ВЕСНИК

УТРИНСКИ ВЕСНИК“ – независен дневен информативно-политички весник. Првиот број излегол на 23 јуни 1999 г. Основачи: Ерол Ризаов (директор), Бранко Тричковски (главен и одговорен уредник), Манчо Митевски, Васил Мицковски, Љупчо Поповски. Издавач: „Мост“ д.о.о. Скопје. Основачите биле во стратешко партнерство со спонзорот Трифун Костовски до септември 2003 г. кога мнозинскиот удел на сопственоста го откупил… Continue reading УТРИНСКИ ВЕСНИК

УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ

УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ – воспитно-образовни установи што обезбедуваат сместување, исхрана, воспитна работа и учење, културен, забавен, спортски и рекреативен живот на ученици што се школуваат во основни и средни училишта, надвор од местото на постојано живеење (Закон за ученичкиот стандард, 2005). Ученичките домови се основаат со задача да придонесуваат за што поцелосен опфат на децата и… Continue reading УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ

УЧЕНИЧКО ДРУШТВО

УЧЕНИЧКО ДРУШТВО (ДРУЖИНА) „ВАРДАР“ во Белград (1893/94) – културно-национално и научно-литературно друштво (дружина) на студентите и учениците од Македонија што се школуваа во Белград. Правилата се прифатени од собранието на 15. Ⅲ 1894 г. Официјалната цел била: „а) да работи врз истражувањето и запознавањето на својата татковина во земјописен, народносен и историски поглед; б) членовите… Continue reading УЧЕНИЧКО ДРУШТВО

УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА

УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА – организирана активност во бугарските, српските и грчките училишта со воведувањето на предметот гимнастика и со основањето на јуначките и соколските гимнастички друштва (1908–1912). Меѓу двете светски војни (1919–1941) се јавува како забава на учениците во рамките на училиштето. По Ослободувањето учениците се натпреварувале секоја година во југословенскиот систем „За Републиката… Continue reading УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА

УЧИТЕЛСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

УЧИТЕЛСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Солун, 1909 – 1912) – сталешка организација што развила богата културно-просветна дејност за отворање народни училишта, библиотеки, читалишта и за прославување на историски настани. Го издавала весникот „Учителски глас“. Се застапувала за заедничко дејствување со прогресивните турски, влашки, грчки и еврејски учители. Одржала пет учителски конгреси. Организацијата била прогонувана од Егзархијата. Пледирала за… Continue reading УЧИТЕЛСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

УЧИТЕЛСКИ ГЛАС

УЧИТЕЛСКИ ГЛАС“ (Солун, 1910–1912) – весник, орган на Сојузот на отоманските бугарски учители во Солун. Го уредувале: М. С. шурков, Г. Грашев, Г. Баждаров и А. Митрев. Имал демократска определби, посветувајќи внимание на просветната политика и современата настава и се застапувал против недозволеното влијание на Егзархијата. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед… Continue reading УЧИТЕЛСКИ ГЛАС

УЧИТЕЛСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

УЧИТЕЛСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА – вид средни стручни училишта за оспособување наставен кадар за основните училишта. Во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Првата ваква школа е основана во Штип (1869), наречена Педагошко-богословска школа, а потоа во Прилеп (1874). Кон крајот на ⅩⅠⅩ в., учителска школа е формирана и во Скопје. Како… Continue reading УЧИТЕЛСКИ ШКОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

ФАБРИКА ЗА КАБЛИ НЕГОТИНО АД

ФАБРИКА ЗА КАБЛИ „НЕГОТИНО“ АД – производствено претпријатие лоцирано во близина на Неготино, на простор од 25.000 м². Основана е во 1968 г. Асортиманот на производите е богат и опфаќа: спроводници и јажиња од бакар и од алуминиум, флексибилни спроводници, инсталациски спроводници (за енергетски и неенергетски електрични инсталации), енергетски кабли до 35 кВ, самоносиви кабелски… Continue reading ФАБРИКА ЗА КАБЛИ НЕГОТИНО АД

ФАЗАН

ФАЗАН (Пхасианус цолцхицус) – голема птица, која добро трча и лета на кратки растојанија. Населува биотопи со растресита и влажна почва, во која има црви, инсекти и други без’рбетници со кои се храни. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ФАЗАН

ФАИК БЕЈ

ФАИК БЕЈ (Фаик Беѕ) (Битола, 1825 – Истанбул, 1898) – турски дивански поет. Бил службеник, кајмакам и мутессариф (гувернер на санџак). Како кадија службувал во Сиверек, Ерегли и Солун. Поетските творби му се собрани во неговиот Диван, а рубаите (четворостишја, катрени) во Пејмане. ЛИТ.: Бурсал› Мехмет Тахир Ефенди, Османл› Муеллифлери 1299–1915, šстанбул, 1972. А. Аго… Continue reading ФАИК БЕЈ

ФАКОМ АД

„ФАКОМ“ АД – производствено претпријатие формирано во 1960 г. во склоп на „РЖ – Скопје“ – Скопје, а од 1982 г. работи како самостојно претпријатие. Се состои од 2 единици: ФАКОМ Инженеринг и ФАКОМ Монтажа. ФАКОМ Инженеринг е организиран во три сектора: комерција, реализација и набавки и располага со над 25.000 м² производни хали. Во… Continue reading ФАКОМ АД

ФАКТИ

ФАКТИ“ – независен дневен информативно-политички весник на албански јазик. Првиот број излегол во Скопје на 10 април 1998 г. Сопственик, издавач, директор и главен и одговорен уредник е Емин Аземи. Редакцијата во Скопје подготвува две изданија – за Република Македонијаи за околните региони Дневниот весник на (се печати во албански јазик „ФактиСкопје) и за… Continue reading ФАКТИ

ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ – високошколска институција што ја започна својата дејност во учебната 1991/92 г. како насока на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје Земјоделскиот факултет од Скопје. Универзитетскиот совет на 14. Ⅸ 1993 г. донесе одлука за организирање посебен В. ф., а Министерството за образование и физичка култура на 24. Ⅳ 1994… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА, СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТСКОПЈЕ (ФМУ) – единствена високообразовна, уметничка и научна институција од областа на музиката во РМ, на која се образуваат кадри неопходни во сите алки на националната музичка култура и образование, Факултетот за музичка уметност, Скопје со што институцијата е од стратешки национален интерес. Основана е под името Висока музичка школа… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВООХРИД. Основан е со посебен закон (1977) како Факултет за туризам и угостителство, а подоцна е трансформиран во Факултет за туризам и организациони науки. Негов претходник е Вишата туристичка школа во Охрид, основана во 1970 г. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид организира додипломски и постдипломски студии од… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ – високошколска институција основана со закон (1977). Матичната комисија од седум члена со претседател проф. д-р Ванчо Ковачев, го донесла Наставниот план, распишала конкурс и примила 86 редовни и 18 вонредни студенти на студии во прва година. Потоа објавила конкурс и избрала наста-Спортската сала на Факултетот за физичка култура… Continue reading ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА ВО СКОПЈЕ

ФАНЕЛА

ФАНЕЛА – волнена плетена поткошула со кратки ракави, делумно орнаментирана. Се носела под кошулата. Ј. Р.-П.

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – институција формирана во 1992 г. по иницијатива на Македонското фармацевтско друштво. Прв претседател бил Д. Туџаров (1992–1996). Основната задача е да ја заштитува и да ја унапредува стручноста на дипломираните фармацевти и етичките должности и права, да го подобрува квалитетот на здравствената заштита, да ги заштити интересите на професијата и… Continue reading ФАРМАЦЕВТСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје – научно-наставна институција, основана во 1977 г., како резултат на анализите за постојан дефицит на фармацевтски кадри во Македонија. Иницијативата потекнала од Фармацевтско–козметичката индустрија „Алкалоид“, Градските аптеки, Фармацевтското друштво на СРМ, УЦМН, Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Извршниот со-вет на СРМ, со формирање Иницијативен одбор во состав Б. Никодиевиќ, А. Симов и… Continue reading ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ, Скопје