СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА (Скопје, пом. 1566 и 1573) – споменик на културата. Има квадратна основа 5,50 × 5,50 м. Часовникот и мајсторот за одржување биле од унгарскиот град Сигет. Реставрирана во 1902/03 г., дрвениот горен дел бил заменет со солунска печена тула и поставен нов часовник донесен од швајцарија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје,… Continue reading СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА (Скопје, пом. 1566 и 1573) – споменик на културата. Има квадратна основа 5,50 × 5,50 м. Часовникот и мајсторот за одржување биле од унгарскиот град Сигет. Реставрирана во 1902/03 г., дрвениот горен дел бил заменет со солунска печена тула и поставен нов часовник донесен од швајцарија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје,… Continue reading СААТ-КУЛА

САБИТ, Јусуф

САБИТ, Јусуф (Ѕусуф Сабит) (Гостивар, 1957) – поет, раскажувач, новинар-дописник од Гостивар на в. „Бирлик“ и на телевизиски емисии на турски јазик на МРТ Скопје. Трудовите му се објавувани во в. „Бирлик“, во детските сп. „Севинч“, „Томурџук“ и во литературното сп. „Сеслер“. Член е на ДПМ од 1986 г. БИБ.: Животот и натаму, 1982; Дете… Continue reading САБИТ, Јусуф

САБЈАРКИ

САБЈАРКИ (Рецурвиростридае) – фамилија на средно големи водни птици од редот бекасиновидни птици (Цхарадрииформес), со долги нозе и долг клун. Кај нас се среќаваат два вида: кривоклуна сабјарка (Рецурвиростра авосетта) и долгонога сабјарка (Химантопус химантопус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „Бирд Лифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон,… Continue reading САБЈАРКИ

САВЕВСКИ, Саво Ѓорѓиев

САВЕВСКИ, Саво Ѓорѓиев (Охрид, 13. Ⅲ 1898 – Скопје, 23. Ⅶ 1969) – офталмолог. Медицина завршил во Бордо (1923), а офталмологија специјализирал во Бордо и во Стразбур (Франција). Од 1928 г. работел во скопската Државна болница, во која од 1929 до 1931 г. бил в.д. шеф на Одделението за офталмологија. Приватно работел до 1944 г.,… Continue reading САВЕВСКИ, Саво Ѓорѓиев

САВЕСКИ, Јордан Стеванов

САВЕСКИ, Јордан Стеванов (Битола, 18. Ⅹ 1945) – хирург-трауматолог, доктор на медицинските науки, Јордан Савески редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Бил продекан (1990– 1994) и декан на Мед. ф. (1999– 2004); директор на Клиниката за трауматологија (1989–1999 и 2005–2006) и на Ургентниот хируршки центар (1995) и претседател на Здружението на хирурзите на МакедонијаContinue reading САВЕСКИ, Јордан Стеванов

САВИЌ, Павле

САВИЌ, Павле (Солун, Турција, 10. И 1909 – Белград, Србија, 30. Ⅴ 1994) – физико-хемичар, ред. проф. (1945) на ПМФ во Белград, член на МАНУ надвор од работниот состав (1974). Дипломирал на ПМФ во Белград (1932). Во времето на специјализацијата во Институтот за радиум во Париз, во потрагата по трансуранови елементи со Ирен Кири експериментирале… Continue reading САВИЌ, Павле

САВИЌ, Радомир

САВИЌ, Радомир (Заечар, Србија, 1. Ⅴ 1901 – Белград, 1990) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1959 до пензионирањето во 1975) по предметот тунели и предмети од областа на железниците. Дипломирал во Белград (1930). Пред доаѓањето на скопскиот Технички факултет (1949) работел на изградбата на железничките линии во Србија.… Continue reading САВИЌ, Радомир

САВИЦКА, Ирена

САВИЦКА, Ирена (Сањицка, Ирена) (Варшава, Полска, 20. Ⅸ 1944) – полски лингвист, славист, балканист, фонетичар, фонолог, ав-тор на десетина книги и над двесте статии главно од областа на словенската фонетика и фонологија. Коавтор (со Љ. Спасов) на Фонологија на македонскиот стандарден јазик (Скопје, 1997), автор на теоријата во рамките на којашто е напишана книгата, и… Continue reading САВИЦКА, Ирена

САВЧЕНКО

САВЧЕНКО (КАТЕРИНИЌ, ПЛОТНИЦКА), Елисавета (Бобровица, близу Киев, Украина, 20. Ⅷ 1903 – Сливен, Бугарија, 26. Ⅹ 1999) – оперска певица, сопран. Носител на улогата на Сантуца во првата изведба на операта Кавалерија рустикана на сцената на Македонскиот народен театар на 9 мај 1947 г., датумот на раѓањето на Македонската опера, во која работела од 1947… Continue reading САВЧЕНКО

САГИЈА

САГИЈА – женска горна облека, изработена од волнено, четворно ткаено платно. Тоа е еден вид саСагија, мариовска женска горна облека ја, составен дел на мариовската невестинска носија. На пазувите е орнамнетирана со мотивите тулипани, по рабовите (на рамената, бочниците и долу по работ) е поткитена со алов кис, додека од страните е украсена со алов… Continue reading САГИЈА

САГУДАТИ

САГУДАТИ – словенско племе, населено во Македонија кон крајот на Ⅵ и поч. на Ⅶ в., на териториите западно и југозападно од Солун, во рамничарските предели помеѓу Солун и Бер. Учествувале, заедно со другите племиња, во нападите на Солун (616–618, 674–677) и гусареле по крајбрежјето на Егејското Море. По походот на Ставракиј (783) ја признале… Continue reading САГУДАТИ

САДИКУ, Садик

САДИКУ, Садик (с. Пирок, Тетовско, 25. Ⅱ 1930) – просветен и политички деец. Завршил гимназија и апсолвирал на Филозофскиот факултет (1970). Бил учител и наставник во основно училиште и во гимназија и референт за професионална ориентација во Заводот за вработување во Гостивар. Бил член на Извршниот одбор на Општинската конференција на ССРНМ, член на Претседателството… Continue reading САДИКУ, Садик

САЗ

САЗ – жичен музички народен инструмент од типот тамбури со ориентално потекло. Тонот се добива со удар на жиците со перце. Тој има голем полукружен корпус и релативно краток врат, слично како кај утот (лаутата), а разликата помеѓу нив е што сазот има метални прагови на вратот, а утот ги нема. На него се свири… Continue reading САЗ

САЗДОВ, Томе

САЗДОВ, Томе (Скопје, 8. Ⅱ 1934 – Скопје, 11. Ⅱ 2004) – книжевен историчар, истражувач на македонското народно творештво, унив. професор по усна народна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Завршил Филозофски факултет – група Историја на книжевноста на народите на СФРЈ во Скопје (1957). Неколку години бил новинар, по што работел на… Continue reading САЗДОВ, Томе

САИД, Мустафа

САИД, Мустафа (с. Дорфулија, Штипско, 1916) – инж. агроном. Завршил гимназија во Скопје и дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун. По Ослободувањето бил претседател на Околискиот задружен сојуз, претседател на Околискиот народен одбор и член на Околискиот комитет на СКМ во Штип, директор на Управата на хидрометеоролошката служба и член на Главниот одбор на ССРНМ.… Continue reading САИД, Мустафа

САЈА

САЈА – горен дел од женската облека, без ракави, што се облекува над градникот. Составена е од следниве делови: предни поли. скутови, поли или скутички, мали поли (предните делови) и заден дел, т.н. задниште, заден стан, расцепок што се наоѓа на долните страни од сајата (задните делови) и колутци како парчиња скроени под мишките. Се… Continue reading САЈА

САЛАВЈОВ, Евгениј

САЛАВЈОВ, Евгениј (ЕвгениŸ Соловев) (Улан-Уде, Русија, 22. Ⅸ 1948) – физичар, научен советник (1994) во Истражувачкиот центар за енергија, информатика и материјали при МАНУ. Дипломирал (1971) на Факултетот за физика во Санкт-Петербург. Та-му одбранил кандидатска дисертација (1977) и докторат на науките (1986) („Адијабатска апроксимација на задачи од атомската физика со суштински многу нивоа“). До 1992… Continue reading САЛАВЈОВ, Евгениј

САЛАТА

САЛАТА (Лацтуца сатива Л.) – едногодишно растение од фам. Астерацеае. Во светот и кај нас се одгледува на ограничени површини. Во исхраната се користат листовите како салата. Кај нас во производството се застапени главно три вариетети: лисна салата (вар. ацепхала), главеста салата (вар. цапитата) и Салата марула (вар. романа). Релативно е студоотпорна и се одгледува… Continue reading САЛАТА

САЛИУ, Сервет

САЛИУ, Сервет (с. Гајре, Тетовско, 20. ⅩⅠⅠ 1928 –Тетово, 1994) – политичар. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил организационен секретар на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател на Собранието на Општината Тетово и претседател на Општинската конференција на ССРНМ. Подоцна бил избран за член на ЦК на СКМ и одговорен за кадровската… Continue reading САЛИУ, Сервет

САЛИУ, шабан

САЛИУ, шабан (Гостивар, 6. И 1961) – политичар. Го завршил Правниот факултет во Скопје (1990). Работел во Судот за здружен суд во Скопје (1988) и во Основниот суд во Гостивар (1991– 1992), а потоа адвокат (1994) Бил генерален секретар на ПЦЕР и претседател на огранокот во Гостивар (1990–1995), потпретседател на Сојузот на Ромите на МакедонијаContinue reading САЛИУ, шабан

САЛИХ, Наџи Сулејман

САЛИХ, Наџи Сулејман (Охрид, 25. И 1920 – Скопје, 13. Ⅲ 1975) – столар, резбар и политички деец. Првин го изучил столарскиот занает, а потоа ја завршил и Резбарската школа во Охрид. По фашистичката окупација емигрирал во Албанија, каде што се вклучил во НОД. Подоцна пристигнал на територијата на Западна Македонија и станал борец на… Continue reading САЛИХ, Наџи Сулејман

САМАКОСКИ, Благоја

САМАКОСКИ, Благоја (Прилеп, 7. Ⅴ 1948) – вонреден проф. на ТФ во Битола. Докторирал на Машинскиот факултет во Бел-град (1994). Предавал на Економскиот факултет во Прилеп (1985– 1992). Бил генерален директор на компанијата Енергоинвест „11 Октомври“ од Прилеп. Во 1990 г. го формира приватното претпријатие „Микросам“, каде што се конструирани: првото дигитално броило и првиот… Continue reading САМАКОСКИ, Благоја

САМАРЏИЕВ, Пешо

САМАРЏИЕВ, Пешо (Петар) Д. (с. Подлес, Неготинско, 1877 – с. Клисура, Тиквешко, 21. Ⅵ 1906) – учесник во Илинденското востание, тиквешки војвода. Основно училиште завршил во Неготино, а железарско во Самоков, Бугарија. Воспоставил врски со Г. Делчев и со Ј. Сандански. Се борел во четата на М. Попето и на Х. Чернопеев (1901). Станал околиски… Continue reading САМАРЏИЕВ, Пешо