ПЕЛАГОНИЈА, Градежно акционерско друштво, Скопје – формирано е во 1947 г. како градежно претпријатие за изградба на капитални проекти (станбени, комерцијални, јавни и индустриски објекти). Во еден момент достигнува до 12.800 вработени. Во своето досегашно постоење има изградено голем број станбени, комерцијални и административни објекти, како и училишта и детски градинки, хотели и одморалишта, болници,… Continue reading ПЕЛАГОНИЈА, Градежно акционерско друштво, Скопје
Архиви: Енциклопедија
Description.
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА (1211) – помеѓу Стрез и Латините од Солунското Кралство во пелагониската рамнина. Во битката дошла до израз предноста на латинските оклопници во отворена битка во рамнината. Бароните од Солунското Кралство, помогнати од Епирците, катастрофално ја поразиле и ја уништиле војската на Стрез и 52 одреди бугарски војници што ги испратил како помош царот… Continue reading ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА (1211) – помеѓу Стрез и Латините од Солунското Кралство во пелагониската рамнина. Во битката дошла до израз предноста на латинските оклопници во отворена битка во рамнината. Бароните од Солунското Кралство, помогнати од Епирците, катастрофално ја поразиле и ја уништиле војската на Стрез и 52 одреди бугарски војници што ги испратил како помош царот… Continue reading ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА (1259) – решавачка битка во борбата за византиското наследство помеѓу Никеја и Епир. Во битката во Југоисточна Пелагонија меѓу Никејците и латинските сојузници на деспотот Михаил Ангел, кој пред битката се повлекол кон Епир. Никејците извојувале голема победа и ја потврдиле превласта на Балканот. ЛИТ.: Ј. Геанакоплос, Грецо–Латин Релатионс он тхе Еве оф… Continue reading ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА БИТКА (1259) – решавачка битка во борбата за византиското наследство помеѓу Никеја и Епир. Во битката во Југоисточна Пелагонија меѓу Никејците и латинските сојузници на деспотот Михаил Ангел, кој пред битката се повлекол кон Епир. Никејците извојувале голема победа и ја потврдиле превласта на Балканот. ЛИТ.: Ј. Геанакоплос, Грецо–Латин Релатионс он тхе Еве оф… Continue reading ПЕЛАГОНИСКА БИТКА
ПЕЛАГОНИСКА МИТРОПОЛИЈА НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА
ПЕЛАГОНИСКА МИТРОПОЛИЈА НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА (1878–1918) – нејзиното седиште било во Битола. Во епархијата поголемиот дел од населението било македонско, се развила месната самоуправа (црковни општини), а најзначајните биле на Битола и Прилеп. Иако била епархија на екуменската Цариградска патријаршија, Пелагониската митрополија претставувала значаен поддржувач на грчката пропаганда. Особено по 1870 г., кога била формирана… Continue reading ПЕЛАГОНИСКА МИТРОПОЛИЈА НА ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА
ПЕЛАГОНЦИ
ПЕЛАГОНЦИ (Пелагонес) – старо горномакедонско племе што ги населувало териториите западно од р. Аксиј (Вардар). Хомер во Илијада го спомнува нивниот митски епонимен херој Пелегон, син на речниот бог Аксиј и Перибоја, татко на најпознатиот пајонски јунак во Тројанската војна Астеропај. Нивното име се среќава во два атички натписа од Ⅳ в. пр.н.е. Подоцна се… Continue reading ПЕЛАГОНЦИ
ПЕЛАЗГИ
ПЕЛАЗГИ (Пеласгои, Пеласги) – палеобалканска популација од медитеранската група народи, која отпрвин ја населувала Северна Грција – Тесалија и Епир, а подоцна и други области, па дури и Италија. Тие не му припаѓале на хеленскиот етнос, бидејќи античките автори редовно ги означувале како варвари. Херодот нагласува дека не е во состојба да определи на кој… Continue reading ПЕЛАЗГИ
ПЕЛИКАНИ
ПЕЛИКАНИ (Пелецанидае) – фамилија крупни птици, од која кај нас се присутни два вида: бел или обичен пеликан (Пелецанус оноцроталус) и далматински или кадроглав пеликан (Пелецанус цриспус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интерна-тионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц,… Continue reading ПЕЛИКАНИ
ПЕЛИСТЕР
ПЕЛИСТЕР – дел од планината Баба што се наоѓа во југоисточниот дел на РМ и зазема површина од 12.500 ха. На него посебно се атрактивни ледничките езера познати како Пелистерски очи, но и живописните планински реки познати по чистата, бистра и студена вода. Од флората значајно е присуството на петоигличестиот бор молика – авто-Малото Езеро… Continue reading ПЕЛИСТЕР
ПЕЛИСТЕР , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Акрон, Охајо, Њујорк, 1923) – организација на македонските доселеници по потекло од Леринско, Битолско, Прилепско и во помал број од Охридско и Гевгелиско. Изградиле свој Дом (1939). Активни биле Женската и Младинската секција. Сл. Н.-К. „ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО
ПЕЛИСТЕР , ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО-КУЛТУРНО ДРУШТВО
„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО-КУЛТУРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1960) – основано првобитно под името „Битола“. Друштвото го формирало фудбалскиот клуб „Битола“ (1969), преименуван (1985) настапувал под името „Македонија“. Се поделило (1979) на четири самостојни селски друштва што продолжуваат да настапуваат заеднички. Сл. Н.-К.
ПЕЛИСТЕР , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ПЕЛИСТЕР“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 1989) – друштво на македонски доселеници претежно од Битолско. Развива хуманитарна активност за организирање пикници, игранки и друг вид собирања. Сл. Н.-К.
ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО
„ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО“ (Битола, 1. И 1942 – 28. Ⅲ 1944) – неделен весник за општествени прашања, култура и информации, орган на бугарската окупаторска власт во Битолската област, на бугарски јазик. Уредник бил Георги Василев, а редакцијата ја сочинувале: Хр. Гуцов (обласен „Пелистерско ехо“, орган на бугарската окупаторска власт во Битолската област директор), Благој Давков, Тодор… Continue reading ПЕЛИСТЕРСКО ЕХО
ПЕМБЕ
ПЕМБЕ – македонско народно оро со 2/4 ритам. Најчесто се играло во Велешко. Составот на играорците е мешан (мажи и жени), а држењето е за китките на рацете, кои се држат нешто понапред, свиткани до висина на рамената. Темпото кулминира од бавно на почетокот, до прилично брзо на крајот. Посебна карактеристика е играњето на петиците.… Continue reading ПЕМБЕ
ПЕМОВ, Петар Јанакиев
ПЕМОВ, Петар Јанакиев (Скопје, 26. Ⅸ 1935) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. Медицина завршил во Скопје (1961), се вработил на Нервната клиника (1964–2000) и положил специјалистички испит (1968). Докторирал во Белград (1981) од областа на патологијата на ликворот. Вовел современи биохемиски методи за ликворни анализи и бил долгогодишен раководител на Одделот за васкуларна… Continue reading ПЕМОВ, Петар Јанакиев
ПЕНА
ПЕНА – лева притока на р. Вардар. Извира под врвот Џини Бег на шар Планина, на височина од 2.400 м, а во Вардар се влива кај селото Сараќино на височина од 415 м. Долга е 37 км, има вкупен пад од 1.985 м и просечен пад од 54 ‰. Од изворот до дното од Полошката… Continue reading ПЕНА
ПЕНДОВСКИ, Бранко
ПЕНДОВСКИ, Бранко (Кочани, 27. Ⅴ 1927) – новинар, раскажувач, романсиер, драмски писател. Долги години работи како главен уредник и директор во издавачките куќи „Култура“ и „Кочо Рацин“. Член е на ДПМ од 1953 г. Член е и на македонскиот ПЕН центар. Дебитира со збирката раскази „Игра“ (1956). Во 1973 г. излегува од печат книгата „Дра-ми“,… Continue reading ПЕНДОВСКИ, Бранко
ПЕНЕСТИ
ПЕНЕСТИ (Пенестае) – палеобалканска популација што ги населувала териториите на Северозападна Македонија. Првпат се спомнуваат во времето на Третата македонско-римска војна (171–168 пр.н.е.), кога на нивната територија се одвивале судири меѓу македонската и римската војска. Се спомнуваат 11 нивни населби. Најголем град бил Ускана што се наоѓал близу до Кичево. ИЗВ.: Тити Ливи, Аб урбе… Continue reading ПЕНЕСТИ
ПЕНОВ, Ристо
ПЕНОВ, Ристо (Велес, 28. Ⅸ 1957) – стопанственик, политичар и општественик. Ја завршил Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ (1975), дипломирал на Економскиот факултет (1979) и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје (1990). Работел во градската управа на Скопје (1980–1986), во стручните служби на ЦК на… Continue reading ПЕНОВ, Ристо
ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА, Натка
ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА, Натка (Скопје, 24. Ⅳ 1934) – балерина. Балетското образование го добива во Средното балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, а потоа кај познатите педагози Љ. Јегорова и О. Преображенскаја во Париз (1953-1954). Модерен балет учи кај Х. Крајцберг во Цирих и А. Роје во Каштел Камбеловец. Член на… Continue reading ПЕНУШЛИСКА-МИТРОВСКА, Натка
ПЕНУШЛИСКИ, Кирил
ПЕНУШЛИСКИ, Кирил (Солун, 15. Ⅺ 1912 – Скопје 23. Ⅴ 2004) – универзитетски професор, ректор, фолклорист. Гимназија завршил во Скопје (1931), а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност (1938). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје со темата „Стефан Верковиќ – собирач на македонски народни умотворби“ (1956). Во времето на окупацијата активно бил вклучен во… Continue reading ПЕНУШЛИСКИ, Кирил
ПЕНЧЕВ, Петко
ПЕНЧЕВ, Петко (Варна, 1. Ⅺ 1882 – Софија, 10. Ⅴ 1947) – публицист, учесник во македонското револуционерно движење; Бугарин. Завршил правни науки во Брисел. Учествувал во Илинденското востание. Бил член на Серскиот револуционерен комитет и секретар на четата на Ј. Сандански. Учествувал на Рилскиот (1905) и на ќустендилскиот конгрес (1908), кога бил избран за член… Continue reading ПЕНЧЕВ, Петко
ПЕПЕЛИШТЕ
ПЕПЕЛИШТЕ (Неготино) – средновековна некропола сместена на локацијата Трнче-Стреа, на 2,5 км североисточно од Неготино. Во 1989 и 1990, Б. Бабиќ ископал 76 гробови, на кои им се приклучени уште 9, откриени случајно. Гробните конструкции се цисти од камени плочи и слободни закопувања во јами оградени со речни камења, ретко и со дрвени штици. Покојниците… Continue reading ПЕПЕЛИШТЕ