ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР – жариште на слов. просвета. Кога просветителското дело на словенските апостоли во Моравија по смртта на св. Методиј (885) било забрането, се покажало дека најдобри услови за развој на словенската писменост има на Балканот, каде што таа и се зародила. Од извонредно значење за нејзиното спасување и продолжување имаат двајца од најспособните… Continue reading ОХРИДСКA КНИЖЕВЕНA ШКОЛА
Архиви: Енциклопедија
Description.
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА
ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА (Ⅹ в. – 1767 г.) – автокефална православ-Охрид, населба со традиционална архитектура на црква, создадена во времето на Диецезата на Охридската архиепископија во половината на Ⅺ век Самуиловото царство. Основањето на самостојната црква во Македонија, според едни истражувачи, се темели на традициите создадени на автокефалната архиепископија Јустинијана Прима (534). Таа традиција дошла до… Continue reading ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА
ОХРИДСКА ЕПАРХИЈА
ОХРИДСКА ЕПАРХИЈА (535 – 1767) – постоењето на оваа епархија се поврзува со Јустинијана Прима (535). Во Охридската архиепископија била до нејзиното укинување. Во 1767 г. Цариградската патријаршија ја укинала и епархијата ја приклучила кон Преспанската, за да спречи секаков обид за возобновување на Охридската архиепископија. Патријаршискиот митрополит ја имал титулата Преспанско-охридски, иако имал седиште… Continue reading ОХРИДСКА ЕПАРХИЈА
ОХРИДСКА ИЗЈАВА
ОХРИДСКА ИЗЈАВА (Охрид 22–23. Ⅶ 1991) – изјава од состанокот на Претседателството на СФРЈ со претседателите на републиките и највисоките функционери на Федерацијата, во која се изразува решеност за придонес кон мирот и демократијата, се бара безусловно повлекување на ЈНА во гарнизоните, а Претседателството се задолжува да формира државна комисија за утврдување на фактичката ситуација… Continue reading ОХРИДСКА ИЗЈАВА
ОХРИДСКА СИНАГОГА ВО ЦАРИГРАД
ОХРИДСКА СИНАГОГА ВО ЦАРИГРАД (ⅩⅤⅠ в.) – еврејски храм. Синагогата ја изградиле ЕвОхридска синагога во Цариград реите–романиоти доселени од Охрид во квартот Балат. Била една од најлуксузните синагоги во Цариград. Ентериерот бил декориран со инкрустрации од седеф, сликани претстави на Охрид и бе-ма во форма на брод, потврда за врските и носталгијата по родниот крај.… Continue reading ОХРИДСКА СИНАГОГА ВО ЦАРИГРАД
ОХРИДСКИ АПОСТОЛ
ОХРИДСКИ АПОСТОЛ – краток пракс-апостол од крајот на ⅩⅠⅠ в. Пронајден е од Виктор Григорович во охридската соборна црква. Има 112 пергаментни листови и е пишуван со уставно кирилско писмо врз основа на глаголска предлошка. На повеќе места во кирилскиот текст се среќаваат одделни зборови или цели редови пишувани со глаголско писмо. Судејќи според јазичните… Continue reading ОХРИДСКИ АПОСТОЛ
ОХРИДСКИ БРАНОВИ
„ОХРИДСКИ БРАНОВИ“ – поранешен пливачко-веслачки клуб “Охрид“, основан во Охрид (1932). Сегашното име го носи по Ослободувањето (1945). Учествувал на првенствата на Македонија и на Југославија (од 1946). Била основана и ватерполо екипа (1947), повеќекратна првенка на Македонија. Пливачите на Клубот на првенствата на Македонија освоиле 48 први места со што го Амблемот на Охридски… Continue reading ОХРИДСКИ БРАНОВИ
ОХРИДСКИ ЗАГОВОР
ОХРИДСКИ ЗАГОВОР. – в.: Брсјачката буна.
ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР
ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР – жариште на слов. просвета. Кога просветителското дело на словенските апостоли во Моравија по смртта на св. Методиј (885) било забрането, се покажало дека најдобри услови за развој на словенската писменост има на Балканот, каде што таа и се зародила. Од извонредно значење за нејзиното спасување и продолжување имаат двајца од најспособните… Continue reading ОХРИДСКИ КНИЖЕВЕН ЦЕНТАР
ОХРИДСКИ ЛИСТОВИ
ОХРИДСКИ ЛИСТОВИ – в. Фрагменти на глаголички старословенски текстови.
ОХРИДСКИ МАРАТОН
ОХРИДСКИ МАРАТОН – пливачка спортска дисциплина. Првпат официјално е одржан од Горица до Охрид (2,5 км, 1954), во кој победил Нико Нестор, а на вториот победници биле Дики Бојаџи и Снежана Групчева (1958). Во организација на Пливачкиот сојуз на Југославија се одржани државни првенства (1959, 1963 и 1965) на кои победил Дики Бојаџи. Во Охрид… Continue reading ОХРИДСКИ МАРАТОН
ОХРИДСКИ САНЏАК
ОХРИДСКИ САНЏАК (ⅩⅤ-ⅩⅠⅩ в.) – една од најстарите административно-територијални единици во Османлиската Империја на територијата на Македонија, формирана во ⅩⅤ в. со центар во Охрид. Санџакот опфаќал само мал дел од Западниот дел од Македонија и навлегувал длабоко на албанска територија. Од македонските кази во него влегувале: казата Охрид со нахиите Охрид, Преспа и Дебарца;… Continue reading ОХРИДСКИ САНЏАК
ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ОХРИДСКО ЕЗЕРО – тектонско езеро во крајниот југозападен дел на РМ. Се наоѓа на границата меѓу границата на Македонија и Албанија, меѓу планините Петри-но, Галичица и Сува Гора на исток, Беличка и Мокра Планина на запад. Настанато е по тектонски пат, со спуштање на котлинското дно долж раседни структури, чии правци на протегање се север-југ.… Continue reading ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ОХРИДСКО ЛЕТО
ОХРИДСКО ЛЕТО – музичкосценски фестивал, најзначајна манифестација од овој вид во РМ, од Министерството за култура рангирана како институција од национален интерес. Од Амблемот на Охидското лето 1994 г. член на Европската асоцијација на фестивали (Еуропеан фестивалс ассоциацион). Се одржува во периодот 12. Ⅶ – 20. Ⅷ, во Катедралната црква „Света Софија“ и на други… Continue reading ОХРИДСКО ЛЕТО
ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА
ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА – котлина во крајниот југозападен дел на РМ. Котлината со радијални тектонски движења е спуштена во плиоценот по должината на два паралелни меридијански раседи: Љубанишко-коселскиот расед од исток и Старовскострушкиот од запад. Рамката на котлината е претставена со млади верижни планини, составени главно од девонски шкрилци во подината и тријаски варовници во повлатата.… Continue reading ОХРИДСКО-СТРУШКА КОТЛИНА
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО. Под влијание на антропогените фактори по Втората светска војна се евидентни неповолни влијанија на проѕирноста на водата и на сината боја. Преспанското Езеро веќе еволуира во мезотрофен правец и ги губи одликите на олиготрофен бистар екосистем, а неговото влијание е големо и на Охридското Езеро. По својата термичка… Continue reading ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ЖИВИОТ СВЕТ ВО НЕГО
ОЧЕКУВАЊА
ОЧЕКУВАЊА (ЕКОНОМСКИ) – предвидување, антиципирање на идните економски настани. Тие имаат круцијално значење за економијата, бидејќи учесниците во економскиот живот, секогаш кога донесуваат значајни одлуки, со едно око гледаат кон иднината. На пр., доколку економските субјекти предвидуваат „лоши времиња“ (рецесија), се воздржуваат од инвестирање, го намалуваат производството и бројот на вработените, со што де фацто… Continue reading ОЧЕКУВАЊА
ОЏАКЛИЕВСКА, Маја
ОЏАКЛИЕВСКА, Маја (Скопје, 21. Ⅳ 1954) – интерпретаторка на популарна музика. Во 1970 г. го имала својот прв јавен настап на фестивалот Младина во Суботица („Оли, тоа не е фер“, Љ. Константинов). Потоа настапувала на сите поважни фестивали во тогашна Југославија (Белградска пролет, Скопски фестивал, Месам, Опатија, Сплит, Загреб и др.). Многу од песните во… Continue reading ОЏАКЛИЕВСКА, Маја
ОЏАКЛИЕВСКА, Славјанка Панчева
ОЏАКЛИЕВСКА, Славјанка Панчева (Скопје, 13. Ⅺ 1946) – спец. за болести на устата и забите, редовен професор на Ст. ф. во Скопје. Магистрирала во 1980 г., а докторирала во 1990 г. Публикувала 70 статии. Автор е на учебникот „Фармакологија во стоматологијата“. Е. М. Маја Оџаклиевска
ОШЛИС, Волф
ОШЛИС, Волф (Осцхлиес, Њолф) (Кенигсберг, СССР, 29. Ⅸ 1941) – германски славист-македонист. По завршувањето на славистичките студии на Универзитетот во Хамбург, докторирал (1966) и хабилитирал (1977) на Гисенскиот универзитет „Јустус Либиг“, за универзитетски професор е избран во 1993 г., а за почесен доктор на науките е промовиран на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје… Continue reading ОШЛИС, Волф
ПАВИЧЕВИЌ, Зоран
ПАВИЧЕВИЌ, Зоран (Сјеница, Србија, 17. Ⅵ 1936) – падобранец. Завршил гимназија во Кралево (1956). Бил падобранец во Аероклубот во Кралево. На првенството на Југославија освоил: прво (1963), трето (1964) и второ место (1969). Учествувал на две светски првенства (1964 и 1968). Студирал на Правно-економскиот факултет во Скопје (1955–1962) и бил член на Аероклубот во Скопје.… Continue reading ПАВИЧЕВИЌ, Зоран
ПАВЛЕВА
ПАВЛЕВА (ПАВЛОВА), Румена Ѓорѓиева (Румена војвода) (Ѓуешево, ќустендилско, ок. 1829 – Букурешт, Романија, ок. 1895) – жена ајдутски војвода. Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко $ рано ја омажил за Георги шопа. Била импресионирана од ликот и подвигот на војводата Иљо Марков-Малешевски и неговиот напад на кулата на Деве Баир (1854) со околу… Continue reading ПАВЛЕВА
ПАВЛЕСКИ, Станко
ПАВЛЕСКИ, Станко (с. Ерековци, Прилепско, 14. И 1959) – скулптор, унив. професор. Внесува ново формално и концептуално визуализирање на уметничките дискурси (во 80-тите и 90-тите). Дипломирал на ФЛУ во Скопје (1984), каде што е и професор. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1992). Амбиенталните пластични фор-ми ги решава во духот на геометризмот (Динами–самостоен… Continue reading ПАВЛЕСКИ, Станко
ПАВЛОВ, Димитар, псевд
ПАВЛОВ, Димитар, псевд. Штипјанин (втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – учител, црковен певец и автор на духовни напеви. Најдобар црковен певец во Штип кон крајот на ⅩⅠⅩ в. и во почетокот на ⅩⅩ в. Во ракописната „Псалтика“ од Васил Икономов, се наведени три песни на П. со Хрисантова нотација.… Continue reading ПАВЛОВ, Димитар, псевд