МУРАТОВСКИ, Кирил (Галичник, 14. Ⅲ 1930 – Скопје, 21. Ⅶ 2005) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје (1957). Како проектант работел во проектантското претпријатие „Проектант“ и во „Македонијапроект“ во Скопје. Освен станбени објекти, проектирал и реализирал и општествени, административни и деловни згради. Се занимавал и со публицистичка дејност. Позначајни реализирани… Continue reading МУРАТОВСКИ, Кирил
Архиви: Енциклопедија
Description.
МУРАТОВСКИ, Фимчо
МУРАТОВСКИ, Фимчо (Скопје, 11. Ⅷ 1931) – диригент. Во 1958 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Загреб Фимчо Муратовски (проф. М. Хорват). Специјализирал во С.-Петербург. Од 1959 е ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и на таа должност останува до 1971 г.. На двапати (1963/64 и 1967/68) по една година бил… Continue reading МУРАТОВСКИ, Фимчо
МУРГОСКИ, Зозе
МУРГОСКИ, Зозе (с. Модрич, Струшко, 3. Ⅹ 1950) – редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Основно (1964), средно (1969) образование (1969) и Филолошки факултет (1976) завршил во Скопје. Магистрирал на темата „Пасивне конструкције у енглеском и македонском језику“ на Филолошкиот факултет во Белград (1984), а докторирал на темата „Начини на искажување идност… Continue reading МУРГОСКИ, Зозе
МУРТЕЗАНИ, Изаим
МУРТЕЗАНИ, Изаим (с. Копаница, Скопско, 3. Ⅳ 1965) – филолог, научен соработник, истражувач на албанскиот фолклор во Македонија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Основно образование завршил во родното место, а средно и Филолошки факултет (Група за албански јазик и книжевност) во Скопје (1988). На истиот факултет магистрирал на темата „Турцизмите во јазикот… Continue reading МУРТЕЗАНИ, Изаим
МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова
МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова (Кавадарци, 17. Ⅸ 1944) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1967). Магистрирала на Универзитетот во Париз (1973), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1983). Работела како клинички психолог (1969–1972), а од 1973 г. е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје. Основоположник е на Институтот за психологија (1974),… Continue reading МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова
МУСА КЕСЕЏИЈА
МУСА КЕСЕЏИЈА (Муса Арбанаса) (Цариград, втората половина на ⅩⅣ в. – Цариград, 1413) – османлиски принц, епски јунак со извонредна сила и натприродни својства (со три срца). Бил син на султанот Бајазид. Во борбата на браќата за османлискиот престол (1409–1413) победил Мехмед, кој развил пропаганда против него, наречувајќи го кесеџија (разбојник), поради што станал погоден… Continue reading МУСА КЕСЕЏИЈА
МУСАЛЕВСКИ, Алексо
МУСАЛЕВСКИ, Алексо (Дра-гош, Битолско, 20. И 1920 – Скопје, 22. Ⅲ 1994) – агроном, првоборец, општественик. Завршува Реална гимназија во Битола како талентиран ученик со стипендија. Студиите ги започнува во Земун – Белград, но поради Втората светска војна ги прекинува. Се вклучува во НОБ и ја завршува како комесар на Одредот „Даме Груев“. Носител е… Continue reading МУСАЛЕВСКИ, Алексо
МУСЛИ, ќемал
МУСЛИ, ќемал (псевд. Хуриет) (Скопје, 3. Ⅲ 1921) – политички работник и општественик. Завршил гимназија и педагошки курс. Бил член на КПЈ (од првата половина на 1941), член на муслиманската партиска келија во Скопје (од почетокот на јуни 1941) и, заедно со ќемал Сејфула, одговорен за печатницата на ПК на КП во Македонија (20. Ⅵ… Continue reading МУСЛИ, ќемал
МУСЛИУ, Алберт
МУСЛИУ, Алберт (Гостивар, 13. Ⅺ 1965) – правник, експерт за човековите права. Извршен директор на АДИ во Гостивар и претседавач на Балканската мрежа за човекови права. Р. Неждет Мустафа
МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА
МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА (Скопје, Стара чаршија, 1492/1493) – верски објект, споменик на културата. Изградена под ктиторство на Мустафа-паша, османлиски санџакбег и везир. Покрај џамијата биле подигнати и имарет и карван-сарај, кои веќе не постојат. Во дворот на џамијата се наоѓа турбето на Мустафа-паша. Има квадратна основа, покриена со импозантна купола, со пречник од околу 16 м.… Continue reading МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА
МУСТАФА, Неждет
МУСТАФА, Неждет (Скопје, 17. Ⅴ 1962) – новинар, политичар. Ги завршил студиите на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Новинар во Ромската редакција на МРТ (1991–1994), градоначалник на Општината шуто Оризари (1996–2000), пратеник во Собранието на РМ (2002–2008) и министер без ресор во Владата на РМ (од 2008). Генерален секретар на ПЦЕР (1991–1994),… Continue reading МУСТАФА, Неждет
МУСТАФА, Решад Џафер
МУСТАФА, Решад Џафер (псевд. Чупчиќ) (Крива Паланка, 2. Ⅴ 1923 – Вршац, Војводина, 21. Ⅲ 1947) – првоборец на НОАВМ и воен пилот. Од економски причини со целото семејство се преселиле во Скопје (1930). Завршил основно училиште, вечерно работничко училиште и браварски занает. Бил активен член на Урсовите синдикати, член на СКОЈ (од 1939), кандидат… Continue reading МУСТАФА, Решад Џафер
МУСТАФА, Фаик Авзи
МУСТАФА, Фаик Авзи (Фаик Авзи Мустафа) (с. Грешница, Кичевско, 1949) – педагог и унив. професор. Основно и средно образование завршил во родното место и во с. Зајас. Средно образование завршил во „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, а дипломирал на Групата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Се вработил како библиотекар на Катедрата по албански… Continue reading МУСТАФА, Фаик Авзи
МУСТАФОВ, Ферус
МУСТАФОВ, Ферус (Штип, 20. ⅩⅠⅠ 1950) – кларинетист и саксофонист. Еден од најголемите виртуози на модерната балканска поп-музика. На неговиот репертоар е музиката од повеќето балкански народи. Кон крајот на деведесеттите години на ХХ в. поч-Ферус Мустафов на неговата интензивна меѓународна кариера со учество на голем број познати етнофестивали. Настапувал во голем број земји во… Continue reading МУСТАФОВ, Ферус
МУТИБАРИЌ, Драган
МУТИБАРИЌ, Драган (Сомбор, 10. Ⅺ 1946) – фудбалер. Завршил Средно графичко училиште во Сремска Митровица (1965). Тој е член на Фудбалскиот клуб „Бечеј“ (1958–1964), голман во ФК „Вардар“ во Скопје (1966–1975 и 1978–1984) и на неколку други клубови во земјата (до 1991), како и во ФК „шалке“ (Германија, 1975–1977). За младинската репрезентација на Југославија играл… Continue reading МУТИБАРИЌ, Драган
МУФЛОН
МУФЛОН (Овис аммон) – парнокопитен цицач од фамилијата празнороги (Бовидае), кој населува планински шуми. Кај нас е присутен само во оградени ловишта. ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицаци на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В.Вохралик,… Continue reading МУФЛОН
МУХАЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈА
МУХАЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈА (ⅩⅠⅩ в.) – муслимани-бегалци (Турци, Албанци, Черкези, Бошњаци, Татари) што ги напуштале подрачјата што ги загубила Османлиската Империја на Балканскиот Полуостров во времето на Источната криза (1875-1881), чиј број изнесувал околу 50.000 – 60.000 семејства. Тие пристигнале и во Македонија, населувајќи се на нејзината територија, или само поминувајќи низ неа на патот… Continue reading МУХАЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈА
МУХИЌ, Ферид
МУХИЌ, Ферид (Махое, БиХ, 8. Ⅵ 1943) – филозоф, универзитетски професор и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1966). Магистрирал (1976) и докторирал (1980) во Белград. Како Фулбрајтов стипендист бил на постспецијалистички студии во САД. Ги минал сите научни звања на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што е редовен професор (од 1986). Бил визитинг… Continue reading МУХИЌ, Ферид
МУХЧИНОВ, Ѓорѓи Анков
МУХЧИНОВ, Ѓорѓи Анков (с. Мелничик, Серско 1866 – с. Мелничик, 6. Ⅶ 1899) – серски војвода. По националност бил Влав, немал образование. Учесник во македонското револуционерно движење. Во текот на 1881 г. бил затворен. Учествувал во Мелничкото востание (1895). Дејствувал како серски војвода. Во борба со османлиски воени сили загинал со шестмина свои четници. Зиба… Continue reading МУХЧИНОВ, Ѓорѓи Анков
МУЧА, Зиба Пунторие
МУЧА, Зиба Пунторие (Пунторие Зиба Муçа) (с. Велешта, Струшко, 1. Ⅴ 1954) – поетеса и педагог. Основно училиште завршила во родното место, средно училиште во Струга и Педагошка академија (Група за албански јазик и книжевност) во Скопје. Работи како наставник во ОУ „Јане Сандански“ во Скопје. БИБ.: Куку (Куу-кууу), 1977; Рруга е мјеллмшс (Патот на… Continue reading МУЧА, Зиба Пунторие
МУЧА, Керима Тосум
МУЧА, Керима Тосум (Дебар, 1926) – учесник во НОАВМ и општественик. Под непосредно влијание на брата си, веднаш по Априлската војна (1941), иако малолетна, се вклучила во НОБ како заднински соработник. Подоцна како член на воспитна младинска група (февруари 1942) станала член на КПМ (1943). Зела учество во четиридневните борби за ослободувањето на Дебар (1943),… Continue reading МУЧА, Керима Тосум
МУЧА, Петрит Тосум
МУЧА, Петрит Тосум (Дебар, 24. Ⅴ 1929) – учител и општественик. Завршил учителска школа. Бил учесник во НОАВМ (од 1943) и член на СКМ (од 1948). Бил учител и директор на основните училишта во Селокуќи и Дебар, одборник во Општинското собрание, член на Општинскиот комитет на СКМ, секретар на Општинскиот синдикален совет во Дебар и… Continue reading МУЧА, Петрит Тосум
МУЧА, Феми
МУЧА, Феми (Дебар, 1930) – политички деец и општественик. Бил еден од најмладите учесници во НОАВМ (од септември 1943), Воспоставил курирска врска меѓу Дебар и Тирана на поранешниот и тогашниот секретар на МК на КПМ во Дебар Скендер Пустина–Мими и Филип Брајковски (30. Ⅸ/2. Ⅹ 1944). По Ослободувањето бил делегат на Вториот конгрес на НОМСМ… Continue reading МУЧА, Феми
МУШЕВИЧ, Марко Атанасов
МУШЕВИЧ, Марко Атанасов (Крушево, ок. полов. на ⅩⅠⅩ в. – Прилеп, по 1920) – македонски културно-национален деец, иконописец и собирач на народни песни. По завршувањето на основното училиште во родното место, по ослободувањето на Бугарија работи како молер и иконописец во Софија. Патува во Солун, Белград и Букурешт, разговара со дипломати и државници, предлага програми… Continue reading МУШЕВИЧ, Марко Атанасов