МИНДАК, Јоланта

МИНДАК, Јоланта (Јоланта Миндак) (Варшава, Полска, 30.Ⅵ 1952) – полска славистка и балканистка, авторка на низа статии за македонски балканизми. БИБ.: Перѕфрастѕцзне конструкцје предѕкатѕњне з парафраз% прзѕмиотникоњ% (на материале полским, сербско-цхорњацким и мацедовским), Оссолинеум 1983. З. Т. Блаже Миневски

МИНЕВСКИ, Блаже

МИНЕВСКИ, Блаже (Гевгелија, 1. Ⅳ 1961) – новинар, раскажувач, романсиер и драмски писател. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како новинар. Во својата проза Миневски се стреми за опредметување на нефатливата реалност. БИБ.: Солзи во очите на тате, раскази, Ск., 1984; Ниски вежби, раскази, Ск., 1988;… Continue reading МИНЕВСКИ, Блаже

МИНИСТЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

МИНИСТЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА. За вршење на функциите на државната управа денес постојат 14 министерства на Владата на РМ, а од нив 4 се од областа на економијата. Карактеристики на министерства од областа на економијата имаат следниве: Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за транспорт и… Continue reading МИНИСТЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

МИНОВСКИ, Ристо

МИНОВСКИ, Ристо (Езерец, 22. Ⅷ 1941) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. Раководител на Лабораторијата за ВН и Институтот за преносни електроенергетски системи, продекан, два мандата декан на ЕТФ во Скопје. Претседател на МАКО СИГРЕ. За делото „Бранови процеси во разводни постројки“ ја добил наградата „11 Октомври“ за наука (1982). Тој е… Continue reading МИНОВСКИ, Ристо

МИНОСКИ, Михајло

МИНОСКИ, Михајло (с. Долгаец, Прилепско, 18. Ⅹ 1938) – универзитетски професор (во пензија). Се школувал во Прилеп и во Скопје, завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел Михајло Миноски како професор по историја, еден период во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1975), докторирал во Белград (1981). Бил… Continue reading МИНОСКИ, Михајло

МИНЧЕВ, Кирил Методиев

МИНЧЕВ, Кирил Методиев (с. Ваташа, Кавадаречко, 22. Ⅶ 1922) – фтизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. го започнал во Софија, а го завршил во Белград (1950). На Институтот за белодробни заболувања во Скопје е од 1950 г. Специјализирал фтизиологија. Бил директор на Институтот и продекан на Мед. ф. Д. С.-Б. НиколаContinue reading МИНЧЕВ, Кирил Методиев

МИНЧЕВ, Никола

МИНЧЕВ, Никола (Кавадарци, 20. Ⅹ 1915 – Скопје, 6. Ⅳ 1997) – учител, борец, политичар и државник. Како учител бил припадник на прогресивното младинско движење (од 1935), учесник во НОБ (1941), член на КПЈ и на МК на КПЈ во Кавадарци (1942), командант на НОПО „Добри Даскалаов“ (1943), командант на Третата оперативна зона на НОВ… Continue reading МИНЧЕВ, Никола

МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова

МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова (Скопје, 19. И 1948) – редовен професор (1996) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирала физичка хемија на ПМФ во Белград, а тука и магистрирала (1974). Докторирала (1982) на Одделот за физика на Кинг’с Цоллеге во Лондон. Од 1972 г. е на работа на Институтот за хемија на ПМФ во Скопје. Изведувала додипломска… Continue reading МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова

МИОВСКИ, Димитар Коцев

МИОВСКИ, Димитар Коцев (Скопје, 1. Ⅸ 1913 – Скопје, 25. Ⅴ 1982) – офталмолог, општественик, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1941). Специјализација по офталмологија завршил на Клиниката за очни болести во Скопје (1952), каде што бил поставен за директор (1960). Се занимавал со проблемот на кератопластиката (од… Continue reading МИОВСКИ, Димитар Коцев

МИОВСКИ, Доне Коцев

МИОВСКИ, Доне Коцев (Скопје, 16. Ⅲ 1909 – Скопје, 31. И 1977) – дерматовенеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Белград (1935), каде што и специјализирал (1940). Хабилитирал (1955) од областа на терапијата на болестите на сврзното ткиво. Еден од основоположниците на Мед. ф. и на Клиниката за кожни и… Continue reading МИОВСКИ, Доне Коцев

МИОВСКИ, Мито

МИОВСКИ, Мито (Косинец, Костурско, 2. Ⅹ 1936) – редовен професор на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ (во пензија). Предаваше старословенски јазик и споредбена граматика на словенските јазици. Беше и шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Неговите научни трудови се од палеославистиката, но и од поновата историја на македонскиот јазик. Ав-тор е на голем… Continue reading МИОВСКИ, Мито

МИОКАЗИ

МИОКАЗИ . (село кај Кичево, локалитет Градиште – Венец) – населба лоцирана на стратешка позиција врз доминантен рид што се издига од рамното поле во долината на реката Велика низ која минува патот Кичево–Брод. Локалитетот е опкружен со низа пунктови од римско и доцноантичко време: ридот Кале на спротивниот брег на Рабетинска Река, Дирек, Зад… Continue reading МИОКАЗИ

МИРАСЧИЕВ, Димитар

МИРАСЧИЕВ, Димитар (Штип, 10. Ⅷ 1876 – Софија, 28. Ⅹ 1933) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода. Се школувал во Штип, во Солун (завршил средно образование, 1892) и на Софискиот универзитет (хемија). Бил учител во Крива Паланка, Куманово и во Штип. По Виничката афера (1897) бил осуден и спроведен на заточение во Мала Азија.… Continue reading МИРАСЧИЕВ, Димитар

МИРЕВСКИ, Димитар Стојанов

МИРЕВСКИ, Димитар Стојанов (Димче Мире) (Прилеп, 10. Ⅹ 1910, Скопје, 4. Ⅸ 1991) – археолог, историчар и архивист, национален деец, политичар и државник, резервен капетан на ЈНА. Основно образование завршил во Прилеп, гимназија во Битола и Филозофски факултет (Група археологија) на Белградскиот универзитет (1935). Учествувал во организирањето на работничките штрајкови во Прилеп и во изборите… Continue reading МИРЕВСКИ, Димитар Стојанов

МИРКОВСКИ, Љупчо

МИРКОВСКИ, Љупчо (Скопје, 27. Ⅱ 1958) – аранжер и композиЉупчо Мирковски тор. Димпломирал труба на ФМУ во Скопје. Од 1978 г. е член на Танцовиот оркестар на МРТ. Како ав-тор првпат се појавил на фестивалот Младина ‘74 (Суботица). Почнал да аранжира во 1977 г. Оттогаш напишал околу 170 композиции и 350 аранжмани за познати популарни… Continue reading МИРКОВСКИ, Љупчо

МИРКУЛОВСКА, Бистрица

МИРКУЛОВСКА, Бистрица (Скопје, 14. Ⅲ 1930) – поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од словенечки (Прешерн, Цанкар). Завршила Филозофски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. БИБ.: Цвеќенца, поезија за деца, Ск., 1960; Градинче, раскази за деца, Ск., 1962; Првачиња, поезија, Ск., 1972; Виножито, раскази, Ск.,… Continue reading МИРКУЛОВСКА, Бистрица

МИРКУЛОВСКА, Милица

МИРКУЛОВСКА, Милица (Скопје, 6. Ⅹ 1965) – лингвист, полонист, македонист, професор по полски јазик и раководител на полонистичките студии на УКИМ, Скопје. Автор на педесетина трудови од областа на полската и македонската синтакса (меѓу кои и две книги), како и трудови за улогата на конфронтативниот метод во универзитетската настава по странМилица Миркуловска ски јазици. Квалификуван… Continue reading МИРКУЛОВСКА, Милица

миров

миров (Скопје, 23. Ⅸ 1959) – спортски новинар и уредник-издавач. Основното образование го завршил во Скопје, а средното и високото во Канада. Како спорт-ски новинар во Канада и Австралија известувал од олимпијади и од повеќе светски првенства во фудбал, како и од изборите во РМ. Од 1991 г. е спортски уредник во в. „Аустралиан-Мацедониан њееклѕ… Continue reading миров

МИРОВАРЕНИЕ и осветување миро

МИРОВАРЕНИЕ и осветување миро – еден од важните елементи на легитимитетот на секоја автокефална православна црква. Македонската православна црква, како автокефална, се здоби со тоа право преку доброто разбирање и љубовта од Романската и од Бугарската православна црква, од кои е добиен благослов и свето миро, како посебен дар, кое, заедно со мирото од Српската… Continue reading МИРОВАРЕНИЕ и осветување миро

МИРОВЕН ПРОЦЕС НА ЕУ ВО РМ

МИРОВЕН ПРОЦЕС НА ЕУ ВО РМ – прв мировен процес на ЕУ, замислен да трае 6 месеци, со можност за продолжување (од 31. Ⅲ 2003), како надградба и крај на мировниот процес на НАТО во РМ, по што не би било потребно понатамошно меѓународно воено присуство. Можноста за продолжување е искористена, процесот се пролонгира за… Continue reading МИРОВЕН ПРОЦЕС НА ЕУ ВО РМ

МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ

МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ – започнува непосредно по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (13. Ⅷ 2001) и врз основа на согласноста на страните на Рамковниот договор за поканување на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и други релевантни меѓународни актери да го поттикнат, да го помогнат и да го олеснат процесот на надминување на последиците од… Continue reading МИРОВЕН ПРОЦЕС НА НАТО ВО РМ

МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ

МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ – прва мисија на ЕУ „Конкордија“ (Цонцордиа), позиционирана по покана од претседателот на РМ Борис Трајковски (17. И 2003) до високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, како прва конкретна соработка на НАТО и ЕУ, трае 6, односно, по продолжувањето, 9 месеци (31. Ⅲ… Continue reading МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ

МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ

МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ – вкупно 3 мисиии: „Суштествена жетва“, позиционирана по покана од РМ до НАТО (од претседателот Трајковски (14. Ⅵ 2001) до генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон) на 22. Ⅷ 2001 г. со мандат собирање на доброволно предаденото оружје и муниција од албанските екстремитички групи и негово уништување, без можност… Continue reading МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ