МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА – заедница на верници, поборници на методизмот, со основна цел да се прочистува верата со помош на секојдневно читање на Библијата, со молитва, пост и служење на ближниот, односно водење еден дисциплиниран начин на живеење и поврзување во заедница со оние што го следат па-тот на Исус Христос. Во 1968 г.… Continue reading МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

МЕТОДОЛОГИЈА

МЕТОДОЛОГИЈА – филозофска дисциплина што ја проучува севкупноста на методските постапки, процеси и средства за здобивање, систематизирање и верифицирање на научните знаења. Се дели на општа методологија (ги изучува методите што им се заеднички на сите науки); посебни методологии (методите на одделни научни подрачја: општествени, природни, медицински науки итн.), и специјални методологии (методските постапки карактеристични… Continue reading МЕТОДОЛОГИЈА

МЕХМЕД Ⅴ Решат

МЕХМЕД Ⅴ Решат (1844-1918) – триесет и петти султан (27. Ⅺ 1909 – 3. Ⅶ 1918). Син на султанот Абдул Азис, брат на султанот Мурат В, а го наследил протераниот султан Абдул Хамид Ⅱ. Престојувал во Битола и во други места во Македонија. Во негово време бил обновен Парламентот. Како султан изгубил три војни: Италијанскотурската,… Continue reading МЕХМЕД Ⅴ Решат

МЕХМЕД И Челеби

МЕХМЕД И Челеби (Одрин, 1389 – Одрин, 26. Ⅴ 1421) – петти осман1995, 632-650; П. Хр. И., Светила незаодни, лиски султан. Владеел во Македо-Ск., 1999, 144–155. П. Хр. Ил. Евангелистичката црква во Скопје Султанот Мехмед И Челеби нија 8 години (5. Ⅶ 1413 – 17. Ⅵ 1421). Син на султанот Бајазид И. По победата во… Continue reading МЕХМЕД И Челеби

МЕХМЕДИ, Мехмед Даути

МЕХМЕДИ, Мехмед Даути (с. Зајас, 1911 – с. Букојчани, Кичевско, јули 1945) – земјоделец, делегат на Второто заседание на АСНОМ. Бил учесник во НОБ (од летото 1943) и ранет во Мавровско како борец на Групата баталјони на НОВ и ПОМ. По оздравувањето станал борец на Седмата македонска шиптарска НО бригада. Бил убиен во балистичка заседа… Continue reading МЕХМЕДИ, Мехмед Даути

МЕХМЕТИ, Неџми

МЕХМЕТИ, Неџми (Неџхми Мехмети) (Дебар, 1945) – писател и новинар. Основно и средно образование завршил во Дебар. Кратко време работел како учител, а потоа како новинар во Радио Дебар. Бил дописник на „Флака“ и на „Рилиндја“. Пишува поезија за возрасни. БИБ.: Да ти кажам еден збор. А. П.

МЕХМЕТИ, шазим

МЕХМЕТИ, шазим (Схазим Мехмети) (с. Балиндол, Гостиварско, 1958) – поет, сликар и публицист. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Гостивар. Тој е магистер по технички науки во областа на грашазим Мехмети дежништвото. Досега има реализирано три самостојни изложби. Живее и работи во Гостивар. Ав-тор е на десетина книги од областа на книжевноста… Continue reading МЕХМЕТИ, шазим

МЕЧЕВ, Димитар

МЕЧЕВ, Димитар (Велес, 1870 – Солун, 1903) – револуционер гемиџија. Завршил основно образование. Рано влегол во редовите на ТМОРО. Бил близок со Г. Делчев и со Д. Груев. Престојувал во Софија и во Женава. • се придружил на групата револуционери гемиџии и учествувал во Солунските атентати (1903) како најстар гемиџија. ЛИТ.: К. Битовски, Солунските атентати… Continue reading МЕЧЕВ, Димитар

МЕЧКАРОВ, Пандо

МЕЧКАРОВ, Пандо (с. Прекопана, Костурско, 1869 – с. Зеленич, Леринско, 13. Ⅺ 1904) – учесник во Илинденското востание, лерински селски војвода. Бил член на ТМОРО (1899) и претседател на РК во с. Прекопана. Во Илинденското востание предводел чета од родното село. Бил убиен од андартите во времето на „Зеленичката крвава свадба“. ЛИТ.: Г. Попхристов, РеволÓционната… Continue reading МЕЧКАРОВ, Пандо

МЕЧКИН КАМЕН

МЕЧКИН КАМЕН – месност близу до Крушево, каде што се водела голема битка за одбрана на градот (1903). Востаници од одредот на војводата Питу Гули со часови ја задржувале османлиската војска и башибозукот. Во жестоката битка загинале околу 45 востаници, заедД. Тодоровски: Споменик на четата на Питу Гули, на Мечкин Камен, Крушевско но со војводата… Continue reading МЕЧКИН КАМЕН

МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Првпат се спомнува како спортска активност во Скопје (1911). МК „Работнички“ бил основан во Скопје (1950) и е единствен во Републиката (до 1991). Негови основоположници биле Бранко Радовановиќ, долгогодишен натпреварувач и претседател и Драгољуб Николовски. Членовите на Клубот настапувале во сите категории на југословенските, балканските, европските и светските првенства и на… Continue reading МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

МЕШЕИШТА

МЕШЕИШТА – село во Струшко. Се наоѓа во североисточниот крај на Струшката Котлина, од левата страна на р. Сатеска, на надморска висина од околу 750 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4, кој на север го поврзува со областа Дебарца, а на југоисток со Охрид. Има 750 ж. кои се занимаваат главно со одгледување житни… Continue reading МЕШЕИШТА

МЕШКОВ, Стефан К

МЕШКОВ, Стефан К. (Охрид, 1884 – с. Ѓуѓанци, Кратовско, 9. Ⅶ 1904) – учесник во Илинденското востание, ресенски војвода. Со чета од с. Евла, Преспанско, учествувал во нападот на кулите во с. Петрино, Ресенско. По востанието се засолнил во Бугарија. Во текот на јули 1904 г. влегол во четата на војводата Славејко Арсов. Загинал во… Continue reading МЕШКОВ, Стефан К

МЕШКОВСКА, Наташа

МЕШКОВСКА, Наташа (Скопје, 05. Ⅱ 1972) – унив. професор, пливачка. Завршила Факултет за физичка култура во Скопје (1993), на кој магистрирала (2000) и докторирала (2002). Била член на АПК „Студент“ во Скопје (од 1981). Најуспешна македонска пливачка на куси патеки. На републичките првенства освоила 55 први места и поставила 31 рекорд. Била неколкукратна првенка на… Continue reading МЕШКОВСКА, Наташа

МЕШКОВСКИ, Димче

МЕШКОВСКИ, Димче (Скопје, 31. Ⅹ 1945) – актер. Член на Драмскиот театар во Скопје (1967– 2001). Учествува во радиото и во ТВ емисии. Особено ги негува хуморот и сатирата. Улоги: Педаче („Гртко“); Дофило („Две врчви вода“); Преостанат бег („Свадба“); Феројан („Болва в уво“); Тасе свирачо („Јане Задрогаз“); Баш Челик во истоименото дело; Секула („Солунски патрдии“);… Continue reading МЕШКОВСКИ, Димче

МЗТ ХЕПОС А

МЗТ „ХЕПОС“ А.Д. – Скопје – специјализиран производител на системи за сопирање на шински возила. Основан е во 1953 г.. Организациски МЗТ „ХЕПОС“ претставува заокружена технолошка целина. Во производствената програма значително место заземаат уредите што се произведуваат според лиценци на фирмите: „Ерликон“, „САБ“ и „штабег“. Од 1982 г. во развојните одделенија и истражувачките лаборатории е… Continue reading МЗТ ХЕПОС А

МИА

МИА – Македонска информативна агенција формирана со Одлука на Собранието на РМ, регистрирана Панорама на селото Мешеишта, Струшко како акционерско друштво. Првата вест овој јавен информативен серис ја испратил на 30 септември 1998 г. Емитува вести и информации 24 часа на македонски, англиски и на албански јазик, продуцира фото и фоно-сервис достапни преку веб страницата… Continue reading МИА

МИГДОНИЈА

МИГДОНИЈА (Мѕгдониа) – античка област во Долна Македонија, населена од племето Мигдонци, наречена според епонимниот херој Мигдон. Се протегала на северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро. Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Таа била… Continue reading МИГДОНИЈА

МИДА

МИДА (Мидас) – син на Гордиј (според некои, мајка му била Кибела), крал на Бригите, коишто се преселиле во Мала Азија, каде што се познати како Фриги, а областа што ја населиле Фригија, па оттука се спомнува и како крал на Фригија (ок. 737 пр.н.е.). За неговиот лик се поврзани митови што го прават симбол… Continue reading МИДА

МИДОН

МИДОН – пајонски херој во познатата Тројанска војна (1193–1183 пр.н.е.), убиен од главниот хеленски јунак Ахил, непосредно по убиството на главниот пајонски јунак Астеропај. Тој е само спомнат во Хомеровата Илијада. ИЗВ.: Хомери, Иллиас, Липсиае, 1910. К. М.-Р.

МИЖИМАКОВ, Панче

МИЖИМАКОВ, Панче (Велес, 22. Ⅵ 1946) – директор на филм, продуцент. Започнува како асистент на режија и организатор на снимање, а подоцна како директор на филм и менаџер на продукција. Наизменично го менува статусот на слободен филмски работник и вработен во „Вардар филм“. Тој е еден од основачите на првата продуцентска куќа „Пегаз“ преку која… Continue reading МИЖИМАКОВ, Панче

МИЗИ

МИЗИ (Моисои, Мѕсои, Моеси) – племе што го населувало Балканскиот Полуостров. Според нив го добила името римската провинција Мизија што ги зафаќала сите земји на реката Дунав од утоката на Сава до Црното Море. Најрано се спомнати кај Хомер. Како етноним исчезнале во И в. пр.н.е. Последен пат се спомнуваат во врска со походите на… Continue reading МИЗИ