МЕНАЏМЕНТ НА ВКУПНИОТ КВАЛИТЕТ (ТОТАЛ ЉУАЛИТЅ МАНАГЕМЕНТ) – менаџмент-филозофија на континуирано подобрување на квалитетот воден од менаџментот, со цел да се задоволат потребите на потрошувачите. Реакциите на потрошувачите се најдоброто мерило и претставуваат индикатор за квалитетот на производот или услугата. Доколку се подобри квалитетот, се очекува трошоците да опаднат, со што поефективно ќе се задоволат… Continue reading МЕНАЏМЕНТ НА ВКУПНИОТ КВАЛИТЕТ
Архиви: Енциклопедија
Description.
МЕНЕЛАЈ
МЕНЕЛАЈ – незаконски син на Александар И, покрај неговите четири законски сина (Алкета, Филип, Пердика Ⅱ и Аминта). Тој е татко на Аминта Ⅱ „Малиот“, еден од претендентите за македонскиот престол во времето на воената анархија (394/3 г. пр.н.е.). ЛИТ.: В. Лилчиќ и Н. шелдаров, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија,… Continue reading МЕНЕЛАЈ
МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ
МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ (првата половина и средината на Ⅳ век пред н.е.) – линкестидски великодостојник, можеби син на линкестидскиот басилевс Арабај Ⅲ. Во изворите нема потврда дека бил владетел на Линкестида. Во периодот кога атинските стратези дејствувале против македонскиот крал Пердика Ⅲ, тој ја помагал Атина во Амфипол (ок. 350 пр.н.е.). Подоцна станал граѓанин на Атина… Continue reading МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ
МЕНКОВ, Боро Илиев
МЕНКОВ, Боро Илиев (Куманово, 6. Ⅴ 1919 – кај с. Белановце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – бербер, комунистички деец и народен херој од НОБ. Бил истакнат синдикалист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово (1936). Потоа заминал на работа во Крагуевац (Србија, 1936-1938). Се лекувал во санаториумот во Касин Дол (јануари–февруари 1940), а… Continue reading МЕНКОВ, Боро Илиев
МЕРВИН, Вилијам С
МЕРВИН, Вилијам С. (Њујорк, 7. Ⅱ 1927) – американски поет и преведувач на поезија (од француски, шпански, португалски и италијански). Првата стихозбирка под наслов Маска за Јанус ја објавил во 1952 г. Потоа следуваат стихозбирките Мечки што играат (1954), Пијан во печка (1960), Вошки (1967), Носач на скали (1970, Пулицерова награда која ја одбил), Компас-цвет… Continue reading МЕРВИН, Вилијам С
МЕРИНГИЈА, МАЛУЦВЕТНА
МЕРИНГИЈА, МАЛУЦВЕТНА . (Моехрингиа минутифлора Борнм.) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили). Познат за околината на Прилеп–Маркови Кули, Трескавец, Селечка Планина, Мариово и Јакупица. Вл. М.
МЕРКИ И СРЕДСТВА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШТЕТНИ ШУМСКИ ИНСЕКТИ
МЕРКИ И СРЕДСТВА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШТЕТНИ ШУМСКИ ИНСЕКТИ – од аспект на заштитата на шумите се делат на превентивни и репресивни. Со превентивните се спречува појавата или ширењето на штетните инсекти, а со репресивните се сузбиваат кога тие се веќе присутни и се во состојба да се прошират и да предизвикаат поголеми штети во… Continue reading МЕРКИ И СРЕДСТВА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ШТЕТНИ ШУМСКИ ИНСЕКТИ
МЕСЕСНЕЛ, Франце
МЕСЕСНЕЛ, Франце (Цервигнано, Словенија, 25. Ⅺ 1894 – Турјак, 4. Ⅴ 1945) – словенечки историчар на уметноста, ликовен критичар и унив. професор. Гимназија завршил во Љубљана, потоа студирал историја на уметноста во Виена и во Загреб и докторирал на Карловиот универзитет во Прага. Како кустос на Археолошкиот музеј во Скопје (од 1928), бил избран за… Continue reading МЕСЕСНЕЛ, Франце
МЕСМЕР, Тома
МЕСМЕР, Тома (Тхомас Мосс-мер) (1717–1777) – австриски графичар, сопственик на типографија во Виена. Соработувал со Христофор Жефарович во изведбата на повеќе дела меѓу кои и изданието на Стематографијата (1741), графиките на св. Наум Охридски (1743), Богородица Спилиотиса (1749), Богородица Олимпиотиса (1752), манастирот Хиландар (1755) и др. ЛИТ.: Д. Давидов, Српска Графика ⅩⅤⅠⅠⅠ века, Нови Сад,… Continue reading МЕСМЕР, Тома
МЕСТА
МЕСТА – река што се формира од водите на Црна и Бела Места. Црна Места извира под врвот Коларов од јужната страна на планината Рила, а Бела Места истекува од езерото Грнчаров (2.240 м). Се влева во Егејското Море источно од градот Кавала. Изворниот дел се наоѓа во Бугарија, а другиот дел тече низ Пиринскиот… Continue reading МЕСТА
МЕТАЛЕЦ , АД
„МЕТАЛЕЦ“, АД – Прилеп – претпријатие формирано во 1970 како работилница за браварсколимарски работи. Со проширување и развој се преориентира за проектирање, производство и монтажа на метални конструкции. Фирмата се занимава и со лимаро-покривачки работи, браварски работи, изработка и монтажа на мостови и силоси, приклучна земјоделска механизација, ремонтни активности на термоцентрали и рудници. Од 2003… Continue reading МЕТАЛЕЦ , АД
МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ
МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ – подрачје на науката и техниката што се занимава со добивање и со преработка на метали, легури и сл. Металургијата како дејност е присутна на територијата на Македонија уште пред нашата ера. Така, во рудникот Алшар, Мариово, уште во римско време се експлоатирале арсен, антимон и хром. Во средниот век се населувани… Continue reading МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ
МЕТАМОРФНИ КАРПИ
МЕТАМОРФНИ КАРПИ – уште се нарекуваат и преобразени карпи, кои настануваат во процесот на метаморфизам, при зголемени притисоци и температури, со преобразба на седиментните или пак на магматските карпи. Ако настануваат со преобразба на седиментните карпи, се нарекуваат параметаморфни карпи, а ако настануваат со преобразба на магматските карпи, се нарекуваат ортометаморфни карпи. Структурите кај метаморфните… Continue reading МЕТАМОРФНИ КАРПИ
МЕТОДИЈ
МЕТОДИЈ – охридски архиепископ (28. Ⅴ 1708 – пред 11. Ⅵ 1708). Самиот се нарекувал охридски патријарх. Бил сменет под притисок на потчинетите архијереи. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до неŸното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен… Continue reading МЕТОДИЈ
МЕТОДИЈ
МЕТОДИЈ (ⅩⅤ¶¶¶ в.) – охридски архиепископ (1757–1758). Според сведочењето на белградскиот митрополит Јоасаф, Методиј станал охридски архиепископ во текот на 1757 г., а во следната година се наоѓал на тронот на Охридската црква. Имал преписка со султанот, во која се жалел дека тешко може да ги исплаќа долговите на Охридската архиепископија. ЛИТ.: И. Снегаров, Истори®… Continue reading МЕТОДИЈ
МЕТОДИЈ – охридски архиепископ
МЕТОДИЈ – охридски архиепископ (28. Ⅴ 1708 – пред 11. Ⅵ 1708). Самиот се нарекувал охридски патријарх. Бил сменет под притисок на потчинетите архијереи. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до неŸното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јо-ван Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен… Continue reading МЕТОДИЈ – охридски архиепископ
МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит (Ѓорѓи Попоски) (Прилеп, 27. Ⅲ 1914 – Прилеп, 25. Ⅱ 1976) – прв владика од обновената Македонска православна црква. Нижа гимназија завршил во Прилеп, шестокласна Богословија во Битола (1935). Завршил и Филозофски факултет (историја) на Скопскиот универзитет. На 27. Ⅹ 1936 г. бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник во јули 1937 г.… Continue reading МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит (Ѓорѓи Попоски) (Прилеп, 27. Ⅲ 1914 – Прилеп, 25. Ⅱ 1976) – прв владика од обновената Македонска православна црква. Нижа гимназија завршил во Прилеп, шестокласна Богословија во Битола (1935). Завршил и Филозофски факултет (историја) на Скопскиот универзитет. На 27. Ⅹ 1936 г. бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник во јули 1937 г.… Continue reading МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит (Методиј Златанов) (Берово, 24. Ⅷ 1963) – митрополит на Американско – Канадската епархија, поет, професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Главен и одговорен уредник на списанието за православна духовна култура „Демострој“. Автор на есеи и преводи од областа на православната теологија, филозофијата на историјата, христијанската естетика и византологијата. Како… Continue reading МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, митрополит (Методиј Златанов) (Берово, 24. Ⅷ 1963) – митрополит на Американско – Канадската епархија, поет, професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Главен и одговорен уредник на списанието за православна духовна култура „Демострој“. Автор на есеи и преводи од областа на православната теологија, филозофијата на историјата, христијанската естетика и византологијата. Како… Continue reading МЕТОДИЈ, митрополит
МЕТОДИЈ, СВ
МЕТОДИЈ, СВ. (Солун, меѓу 810–815 – Велеград, Моравија, 6. Ⅳ 885) & монашко име (световното не е посведочено) на византискиот архонт и словенски просветител, моравски архиепископ и книжевен деец. Најстар син, роден во угледно семејство на друнгарот Лав и Марија од Солун. Најверодостоен извор за него е Пространото (панонско) житие, напишано од св. Климент Охридски.… Continue reading МЕТОДИЈ, СВ
МЕТОДИЈА
МЕТОДИЈА (Србија) – архимандрит. Како игумен на Лешочкиот манастир од Српската православна црква во 1915 и 1918–1923 г. ги обновил објектите на манастирот оштетени во Првата светска војна и ја започнал изградбата на новата црква „Св. Атанасиј“. Населението во околните села го заштитувал од тероризирањето на српските џандари и војници. ЛИТ: Б. Светозаревиќ, Дејноста на… Continue reading МЕТОДИЈА
МЕТОДИЈА МИТЕВСКИ БРИЦО
МЕТОДИЈА МИТЕВСКИ БРИЦО“ (Скопје, 16. И 1950) – училиште за физичка култура, основано од Комисијата за физичка култура на Владата на СРМ, со цел да школува стручни кадри за училиштата и спортските организации. Отпрвин било сместено во просториите на ДТВ „Партизан“ И. Од 1962/1963 се здобило со сопствен објект во населбата „Црниче“ и го добило… Continue reading МЕТОДИЈА МИТЕВСКИ БРИЦО
МЕТОДИЈА МИТЕВСКИБРИЦО
МЕТОДИЈА МИТЕВСКИБРИЦО“ (Скопје, 16. И 1950) – училиште за физичка култура, основано од Комисијата за физичка култура на Владата на СРМ, со цел да школува стручни кадри за училиштата и спортските организации. Отпрвин било сместено во просториите на ДТВ „Партизан“ И. Од 1962/1963 се здобило со сопствен објект во населбата „Црниче“ и го добило сегашното… Continue reading МЕТОДИЈА МИТЕВСКИБРИЦО