ЛИНДРО, Милош

ЛИНДРО, Милош (с. Косел, Охридско, 9. IX 1952 ) – поет, есеист и преведувач. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работел во издавачката куќа „Македонска книга” и бил главен уредник на весникот „Глас”. Работел во Министерството за култура при Владата на РМ. Член на ДПМ (1982). БИБ.: „Полилема” (1977), „Вибрации” (1980), „Разградба” (1983), „Слова за… Continue reading ЛИНДРО, Милош

ЛИНКЕСТИ

ЛИНКЕСТИ – горномакедонско племе што ја населувало областа Линкестида. Првпат се спомнати кај Тукидид во втората половина наⅤв. пр.н.е. Долго време се спротивставувале на централната власт на Аргеадите. Во Пелопонеската војна биле нападнати од страна на македонскиот крал Пердика Ⅱ и спартанскиот крал Брасида (424/3 пр.н.е.). Тогаш како нивен владетел се спомнува Арабај, син на… Continue reading ЛИНКЕСТИ

ЛИНКЕСТИДА

ЛИНКЕСТИДА (Лѕнкестис) – горномакедонска област што се протегала по средниот тек на р. Еригон (Црна), во јужниот дел на Пелагонија (Битолско-леринската рамнина), со планината Баба на запад, јужниот дел на висорамнината Мариово и Кајмакчалан на исток. Низ неа минувал познатиот антички пат Виа Егнатиа и преку нискиот премин Кирли-Дервен продолжувал кон Еордаја на југ. Тука… Continue reading ЛИНКЕСТИДА

ЛИНТНЕР, Војтех

ЛИНТНЕР, Војтех (Линдтнер, Војтех) (1904-1965) – словенечки ботаничар, миколог, автор на истражувањата за стеноендемичните видови Тулипа марианнае Линдтнер и Диантхус капинаенсис Маркгр. &Линдтнер, чии ареал е ограничен само на територијата на Република Македонија. Вл. М. Сребренолисна липа

ЛИПА

ЛИПА . (Тилиа Л., фам. Тилиацеае) – род со околу 30 вида листопадни дрвја во умерената зона на Северната хемисфера. Листовите се срцевидни, по работ назабени и на долга дршка. Миризливите цветови (медоносни и лековити) се во соцветија врз долга дршка, која до половината е срасната со јазичеста брактеа. Плодот е топчесто оревче, тврд, со… Continue reading ЛИПА

ЛИПКОВО

ЛИПКОВО – село во Кумановско. Се наоѓа во источното подножје на Скопска Црна Гора, од двете страни на Липковска Река, на надморска висина од околу 420 Скопје на тема „Односот меѓу ма-Хераклеја, единствениот вистински град во областа Линкестида м. Преку регионален пат е поврзано со Куманово. Населено е со 2.644 ж. Албанци. Населението се занимава… Continue reading ЛИПКОВО

ЛИПКОВСКА РЕКА

ЛИПКОВСКА РЕКА – притока на Кумановска Река. Настанува кај с. Гошинце со спојување на Гошинска и Брештанска Река, а низводно од левата страна ја прима Слупчанска Река. Во горниот тек има планински, а низводно до вливот (311,7 м) рамничарски карактер. Долга е 17,5 км, а сливот зафаќа површина 2 од 300 км . Во нејзиниот… Continue reading ЛИПКОВСКА РЕКА

ЛИПША-ТОФОВИЌ, Ана

ЛИПША-ТОФОВИЌ, Ана (Сисак, Хрватска, 23. Ⅷ 1926) – оперска и концертна певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Музичкото и вокалното образование го оформила во Загреб (проф. Рајзер). Во 1947 г. дебитирала во Загрепската опера со улогата на Олга во операта Евгениј Онегин. Во Операта на МНТ доаѓа во 1948 како еден од нејзините основачи… Continue reading ЛИПША-ТОФОВИЌ, Ана

ЛИРИОДЕНДРОН

ЛИРИОДЕНДРОН . (Лириодендрон тулипифера Л., фам. Магнолиацеае) – високо листопадно дрво од југоисточните делови на Северна Америка. Листовите се прости, во форма на инструментот лира, на долги дршки. Цветовите се жолто-зелени, со форма и големина на лале. Плодовите се сместени во шишарковидни соплодија. Кај нас веќе масовно се сади во парковите. Има квалитетно дрво. Ал.… Continue reading ЛИРИОДЕНДРОН

ЛИРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ЛИРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. најобемен фонд и песни со највисоки естетски вредности во народната поезија. Тие ги опеваат народните чувства, не опишувајќи ги настаните што ги придружуваат. Тоа се лични чувства на единката, радост или жалост, воодушевување или разочарување, љубов или омраза и други состојби што ги доживува човекот. Ис-то така, нивна одлика е и… Continue reading ЛИРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА – популарен назив на Декларацијата на Европскиот совет на ЕЗ за поранешна Југославија (27. Ⅵ 1992), во која се изразува подготвеност за признавање на „ПЈРМ” во рамките на нејзините постојни граници, во согласност со Декларацијата од 16. Ⅻ 1991 г., под име што не го содржи поимот Македонија. ИЗВ.: Декларација за Југославија, 27.… Continue reading ЛИСАБОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

ЛИСИМАХ

ЛИСИМАХ (Лѕсимацхос) (Пела, ок. 350 – Куропедион, во Лидија, 281 пр.н.е.) – македонски великодостојник, соматофилакс на Александар Ⅲ Македонски и еден од дијадосите по неговата смрт. Ги добил на управување Тракија и полуостровот Херсонес. Подоцна ги завладеал хеленските колонии на западниот брег на Црното Море и ја проширил територијата до утоката на р. Дунав. Учествувал… Continue reading ЛИСИМАХ

ЛИСИЧАР, Петар

ЛИСИЧАР, Петар (Блато, о. Корчула, Хрватска, 14. Ⅱ 1908 – Сплит, 1987) – универзитетски професор, истражувач на античкото минато на Рим, Грција, Египет, Стариот Исток. Докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1951) на тема „Црна Коркира и колониите на античките Грци на Јадранот” (Скопје, 1951). На скопскиот ФФ предавал општа историја на стариот век со… Continue reading ЛИСИЧАР, Петар

ЛИСИЧАРКА

ЛИСИЧАРКА . (Цантхареллус цибариус Фр.) – една од најзастапените видови габи. Расте во иглолисни и листопадни шуми. Една е од најексплоатираните кај нас. М. К. Станке Лисичков

ЛИСИЧКОВ, Станке

ЛИСИЧКОВ, Станке (с. Логодаш, Горноџумајско 29. IX 1913 – Горна Џумаја, Бугарија, 20. Ⅷ 1942) – револуционер-комунист, еден од првите партизани во Горноџумајската околија. Со незавршена гимназија станал професионален револуционер. Бил секретар на Околискиот комитет на БКП за Горноџумајската околија, член на Окружниот комитет (1936), апсен и осуден (1937), борец во партизанското движење во Пиринскиот… Continue reading ЛИСИЧКОВ, Станке

ЛИСКУНИ

ЛИСКУНИ – силикатни минерали што релативно често се појавуваат во природата. Кристализираат моноклинично, а кристалните облици се обично псевдохексагонални. Имаат совршена цепливост по моноклинична база. Според хемискиот состав се разликуваат повеќе типови, од кои најзначајни се: мусковит (калиумски лискун), парагонит (натриумски лискун), флогопит (магнезиумски лискун), биотит (магнезиумскожелезен), лепидолит (литиумски), цинвалдит (литиумско-железен). Бојата на лискунот зависи… Continue reading ЛИСКУНИ

ЛИСНИ ВОшКИ

ЛИСНИ ВОшКИ (Апхидидае) – мали паразитски еднаквокрилни инсекти. Се среќаваат по листовите на разни видови растенија, четинарски и листопадни дрвја. Имаат голема репродуктивна способност. Во Македонија се среќаваат лисни вошки што цицаат растителни сокови од различни видови домаќини, како ружина лисна вошка (Мацросипхум росае Л.), праскина лисна вошка (Рхопалосипхум персицае Л.), јаболкова вошка (Сцхизонеура ланигера… Continue reading ЛИСНИ ВОшКИ

ЛИТ и ИЗВ

ЛИТ и ИЗВ.: НБКМ-БИА, ф.: 641, оп.1, а.е. 16, л. 95; Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912 – Спомени, Софи® 1981. Ал. Тр.

ЛИТИ, Абдурахман

ЛИТИ, Абдурахман (с. Желино, Тетовско, 1945) – правник, амбасадор на Република Македонија во РБ. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1969). Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969-1988). Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на… Continue reading ЛИТИ, Абдурахман

ЛИХНИД

ЛИХНИД (ЛуцнидÁВ, Лѕцхнидус) – градот Охрид, на брегот на Охридското Езеро, спомнуван од Диодор (Диод. ⅩⅤⅠ, 8), кога Филип Ⅱ ја освоил оваа област. Градот се спомнува од Ливиј (Лив. ЏЏВИИ, 32, 9), кога локалниот водач Ероп го одзел од власта на Филип В. Една од најпознатите населби во Дасаретија (Горна Македонија), која се спомнува… Continue reading ЛИХНИД

ЛИЧАУЕР, Виктор

ЛИЧАУЕР, Виктор (Литсцхауер, Виктор) (1879–1939) – австриски ботаничар и миколог со светско реноме, кој дава значаен придонес во проучувањето на кортикоидните габи, посебно од родот Томентелла на шар Планина и Кораб. М. К. Лазар Личеноски (автопортрет)

ЛИЧЕНОСКИ, Лазар

ЛИЧЕНОСКИ, Лазар (Галичник, 28. Ⅲ 1901 – Скопје, 10. Ⅳ 1964) – Л. Личеноски: „Натфрлување со камен” положниците на македонското модерно сликарство. Имал голема улога и влијание врз развојот на ликовната уметност кај нас. Студирал на Уметничкото училиште во Белград (1921-1927). Од 1927 до 1929 г. учел сликарство кај Андре Лот и фреско-сликарство кај Марсел… Continue reading ЛИЧЕНОСКИ, Лазар