ЛЕСА

ЛЕСА (коцељ)‡ женски украс за на коса. Составен е од низа плетенички украси (плетенчики) направени од природна коса. Овие плетенки се широки околу 1 цм, а се долги 50-60 цм. Пришиени се на парче платно – богасија, широко околу 5 см. На главата се прикачува од двете страни со помош на куки. Самите плетенки, околу… Continue reading ЛЕСА

ЛЕСТВИЦА

ЛЕСТВИЦА . – македонски ракопис од третата четвртина на ⅩⅣ в. Од 1955 год. се чува во Народната библиотека на Србија (Бел-град), сигн. Рс 416. Има вкупно 273 хартиени листови. Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло. Текстот содржи Лествица на Јован Схоластик, на л. 261 има Слово на Јован Златоуст и на л. 271 почнува… Continue reading ЛЕСТВИЦА

ЛЕТНИК

ЛЕТНИК .- календарски обичај во спомен на светата преподобна маченица Евдокија (1/14. Ⅲ). Кај народот е познат како Летник зашто тогаш започнува новото лето. Природата што преку зимата била огрдена, започнува да се разбудува и да се разубавува. Низ цела Македонија на овој ден се изведуваат обичаи што врз магиски принципи треба да обезбедат заштита… Continue reading ЛЕТНИК

ЛЕЧИЌ, Лазар

ЛЕЧИЌ, Лазар (Скопје, 1939) – кошаркар и тренер. Завршил Виша тренерска школа во Белград (1961). Успешен тренер на КК „Работнички” во Скопје и други клубови во земјата и во странство. Тој е еден од тренерите на разни селекции на југословенската репрезентација, со кои освоил голем број медали на балканските, европските и светските првенства и на… Continue reading ЛЕЧИЌ, Лазар

ЛЕШИ, Аќиф

ЛЕШИ, Аќиф – брат на Хаџи Леши. Потекнува од беговско семејство. Пред Втората светска војна бил албански емигрант во Кралството Југославија и соработник на југословенската разузнавачка служба. Во 1943 г. се приклучил на НОАВМ. По Ослободувањето бил претседател на Народниот одбор и претседател на Околискиот народен одбор во Охрид, а набрзо и потпретседател на Президиумот… Continue reading ЛЕШИ, Аќиф

ЛЕШИ, Мустафа

ЛЕШИ, Мустафа .- син на Аќиф Леши. Во времето на НОАВМ бил командант на Командата на местото во Дебар. Во 1946 г. бил вработен од УДБ, каде што напредувал до чин поручник, а потоа пребегал во НР Албанија (1950). С. Мл.

ЛЕШИ, Хаџи

ЛЕШИ, Хаџи (Албанија, 1913) – бајрактар, командант на НОВА, генерал-мајор и државник на НР Албанија, брат на Аќиф Леши. Потекнува од беговско семејство. Подолг период бил жител на Дебар (до 1941), а потоа стапил во НОВА во четата на Мислим Пеза. Подоцна и самиот станал командант на партизанска чета (од летото 1942). Бил учесник на… Continue reading ЛЕШИ, Хаџи

ЛЖЕВ, Георги

ЛЖЕВ, Георги (Воден, втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Еден од групата први македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в. Неговите трудови се печатени во софиските зборници на народни умотворби (1890-1900), препечатени во книгата „Македонските мелографи од крајот на ⅩⅠⅩ век”,… Continue reading ЛЖЕВ, Георги

ли св

ли св. Кирил и Методиј, св. Климент и св. Наум Охридски (од Ⅸ–Ⅹ в.), пустиножителите: св. Јоаким Осоговски, св. Гаврил Лесновски и св. Прохор Пчињски (од Ⅺ в.); св. Иларион Мегленски, борец против еретизмот (од ⅩⅠⅠ в.); св. Јован Кукузел (од ⅩⅣ в.), заслужен за црковното пеење, и мачениците за православната вера: св. Нектариј Битолски… Continue reading ли св

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА . политичка партија на центарот, формирана во 1991 г., со спојување на Сојузот на реформските сили на Македонија и Младата демократска прогресивна странка. Дел е од владата на СДСМ (1992-1996), како и од владата на ВМРО-ДПМНЕ (1998-2002 и од 2006-2008 г.). Членка е на Европската либерално-демократска и реформска партија. Претседател е Стојан Андов.… Continue reading ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА

ЛИБЕРАЛНО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА

ЛИБЕРАЛНО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА – политичка партија на центарот, формирана на 19. Ⅳ 1997 г., со спојување на Либералната и на Демократската партија. На парламентарните избори одржани во 1998 г. освојува четири пратенички мандати, во четвртиот парламентарен состав (2002-2006) има девет, а во петтиот (2006-2010) пет пратеници. ЛДП беше дел од владата на широката коалиција (2001-2002) и… Continue reading ЛИБЕРАЛНО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА

ЛИВАДИ

ЛИВАДИ – земјоделски површини на кои вегетираат едногодишни и повеќегодишни тревести видови и во поголемиот дел од годината се искористуваат со косење. Во РМ зафаќаат површина од околу 56.420 ха (2005), со просечен принос од 1.738 кг/ха. Според постанокот, ливадите се поделени на природни и сеани. Природните ливади настанале по природен пат, сеаните се антропогени,… Continue reading ЛИВАДИ

ЛИВТАР

ЛИВТАР – . женска горна облека што се носела над кошулата наместо саја. Се изработувал од црна алаџа, дезенирана со разнобојни вертикални линии. Бил кроен од ѕадниште или средњак (грб), скутови или скут (предни поли), латица (парче нашиено под пазувите), ребрњаци (по еден од страните) и џебови нашиени на предните поли (скутовите). По рабовите се… Continue reading ЛИВТАР

ЛИГА ПРОТИВ ЕПИЛЕПСИЈА НА РМ

ЛИГА ПРОТИВ ЕПИЛЕПСИЈА НА РМ .- здружение на лекари и други здравствени работници (формирано во 1996 г.), чии цели се: унапредување и проширување на знаењето за епилепсијата, промовирање на истражувањата и подобрување на квалитетот на дијагностиката и третманот на пациентите болни од оваа болест. Првиот претседател на Здружението бил проф. д-р Ратко Наумовски. Д. Ник.

ЛИКЕЈ

ЛИКЕЈ (Лѕккеиос, Лѕкпеиос, Лѕппеиос) – пајонски крал (359/8-340/335 пр.н.е.), син или близок роднина на пајонскиот крал Агис. Бил принуден да ја признае врховната власт на македонскиот крал Филип Ⅱ Македонски (358 пр.н.е.), а потоа ја искористил можноста и се приклучил кон антимакедонската коалиција предводена од Атина, во која учествувале и тракискиот крал Кетрипор и илирскиот… Continue reading ЛИКЕЈ

ЛИКОВНИ ГРУПИ

ЛИКОВНИ ГРУПИ. По 1945 г. се формирани шест автохтони позначајни ликовни групи. Најстара е реформаторската група Денес (1953), сосредоточена врз осовременување и социјализација на уметноста. Во групата ВДИСТ (1955) членувале битолски умет-ЛИКОВНИ КОЛОНИИ – организирано дејствување на ликовните уметници во алтернативни простори во помалите градови и места. Овие слободни акции имаат придонес за значајна децентрализација… Continue reading ЛИКОВНИ ГРУПИ

ЛИЛИЌ, Дејан

ЛИЛИЌ, Дејан (Скопје, 26. Ⅹ 1974) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје (1997). Од 1998 г. е член на Драмскиот театар од Скопје. Улоги: Стефан („Диво месо”); Војдан („Тетовирани души”); Ми„Л’ИНДЕПЕНДЕНС МАСЕДОНИАН” Л Дејан Лилиќ хајло („Лет во место”); Едип („Цар Едип”); Малиот брат („Дунек или Превртач”); Падрајк („Поручникот… Continue reading ЛИЛИЌ, Дејан

ЛИЛЈАЦИ

ЛИЛЈАЦИ (Цхироптера) – ред ситни животни од класата цица£и (Маммалиа), приспособени за долготрајно летање. Групирани се во два подреда: големи лилјаци (Мегацхироптера), со должина на телото до 40 цм и распон на крилјата до 170 цм, распространети во тропските и суптропските Мал лилјак предели и мали лилјаци (Мицроцхироптера), со должина на телото до 16 цм… Continue reading ЛИЛЈАЦИ

ЛИЛЧИЌ, Виктор

ЛИЛЧИЌ, Виктор (Скопје, 16. Ⅴ 1956) – археолог, унив. професор. Дипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал, а докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (2000). Од 1982 г. е асистент по класична археологија на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а од 2000 г. професор… Continue reading ЛИЛЧИЌ, Виктор

ЛИМАНОВСКИ, Нијази

ЛИМАНОВСКИ, Нијази (Ростуше, Долна Река, 27. Ⅵ 1941 – Скопје, 11. Ⅹ 1997) – етнолог, унив. доцент. Потекнува од родители исламизирани Македонци. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Група географија, а докторирал на Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет во Бел-град со темата „Етносоцијалните карактеристики на исламизираните Македонци”. Во февруари 1994 г. е избран за… Continue reading ЛИМАНОВСКИ, Нијази

ЛИМОНЧЕВ, Иван

ЛИМОНЧЕВ, Иван (Охрид, 1864 – Охридско, 1899) – револуционерен и културно-просветен деец, окружен раководител на ТМОРО во Охрид. Бил еден од иницијаторите за формирањето на ученичкото Културно-просветно друштво „Свети Климент” во Охрид (1885). Заедно со други членови на друштвото, станал член на заговорничкиот Кружок формиран во Охрид (20. Ⅶ 1886) за заштита на населението и… Continue reading ЛИМОНЧЕВ, Иван