КРСТОВДЕН -. христијански православен празник Воздвижение на чесниот крст (27/14 IX). Се празнува во спомен на крстот на кој бил распнат Исус. За подостоинствено празнување, како и за сочувство со Исусовите страдања, црквата определила овој ден да биде строг пост и се смета за тежок празник. Во некои места тогаш се берат лозјата, во други… Continue reading КРСТОВДЕН
Архиви: Енциклопедија
Description.
КРТИЦИ, КРТОВИ
КРТИЦИ, КРТОВИ (Талпидае) – фамилија релативно ситни животни од редот инсектојадни цица£и (Инсецтивора), со повеќе или помалку редуцирани очи и без уши. Познати се вкупно 42 вида, од кои кај нас живеат три вида: обичен крт (Талпа еуропаеа), реликтен крт (Талпа станковици) и слеп крт (Талпа цаКрт(ица) еца). ЛИТ.: С. Петковски – Б. Крѕстуфек, Цицачи… Continue reading КРТИЦИ, КРТОВИ
КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ
КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ – хемиските елементи што ја изградуваат живата материја, циркулираат во биосферата и екосистемите по карактеристични патишта од надворешната средина. Тоа е всушност движење на хемиски елементи и на неоргански соединенија, неопходни за живите организми и се нарекува кружење на минерални материи. Биогените елементи, кои се потребни во поголеми количества… Continue reading КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ
КРУПИШТЕ
КРУПИШТЕ . (село кај Кочани – Кале) – локалитет со археолошки детектирана содржина. Неговата локација врз слабо издигнат терен над околната мочурлива рамнина на сливот на реката Злетовица во Брегалница значително ги обременила досегашните истражувања. Континуираната експлоатација на градежен материјал и фрагментирана архитектонска декоративна пластика од страна на локалното население, што сведочи за постоење на… Continue reading КРУПИШТЕ
КРУША
КРУША (Пѕрус доместица) – овошна култура. Вкупниот број на стеблата во 1990 г. изнесувал околу 1,5 милион, а производството на круши во 1980–1991 се движи од 15.000 до 22.000 т. Опасните болес-ти и штетници (ервинијата и псилата) наполно ја уништиле крушата кај нас. Сепак, во нашата земја ги имаме внесено најважните отпорни и квалитетни сорти… Continue reading КРУША
КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА
КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА (1919) – основана во Софија на 1 јуни 1919 г. од бившите раководители на Крушевската револуционерна околија и голема група автономисти емигранти и бегалци од Крушево и Крушевско, со одделување од Крушевското добротворно братство. Групата се определила за борба за идеалот на Илинден и автономија на Македонија. Раководството го сочинувале: Никола Ки-ров–Мајски,… Continue reading КРУШЕВСКА АВТОНОМНА ГРУПА
КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ
КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ – фрагмент од драмата „Илинден” на Никола Киров-Мајски, објавена (како сопствено издание) на македонски јазик во Софија во 1923 г. Во меѓувоениот период од работничкото движење и во текот на НОБ овој текст беше прогласен како Прокламација на шта-бот на крушевските илинденски востаници или Крушевски манифест (1903). Крушевчанецот Мајски во својата драма, напишана… Continue reading КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ
КРЧИН
КРЧИН – висока планина во Западна Македонија што се надоврзува на север на планината ДеПланината Крчин шат. Се протега во меридијански правец од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Планинското било е јасно изразено и од него се издигаат повеќе врвови со височина… Continue reading КРЧИН
КРЧОВ, Тома Д
КРЧОВ, Тома Д. (Крушево, 18. Ⅲ 1878 – Софија, 1962) – револуционер, социјалист. Се школувал во Крушево и во Белград. Во Софија се зближил со В. Главинов и Н. Карев (1897) и станал член на Македонската социјалистичка група. Во пролетта на 1904 г. бил избран за член, а од март 1906 г. за претседател на… Continue reading КРЧОВ, Тома Д
КРЧОВСКИ, Јоаким
КРЧОВСКИ, Јоаким (с. Осломеј. Кичевско, ок. 1750 – 1820) – првиот автор на новата македонска книжевност. Во Кратово учителствувал долго време, а пред тоа учел во Цариград. Од 1787 г. бил назначен за свештеник. Околу 1807 г., по смртта на жената, станал монах. Познат е како проповедник, кој заедно со синовите Ге-Драги Х. Николов: портрет… Continue reading КРЧОВСКИ, Јоаким
КРЏАЛИИ
КРЏАЛИИ – муслимански одметници во Османлиската Империја што се јавиле на преминот од ⅩⅤⅠⅠⅠ во ⅩⅠⅩ в. Противниците на централната власт, крупните ајани и паши во Румелија, ги најмувале за борба против султанските војски. Во Македонија посебно се прошириле на Родопските Планини, шар Планина, Скопска Црна Гора, Пљачковица и Огражден. Групирани во големи дружини, добро… Continue reading КРЏАЛИИ
КСЕРКС И
КСЕРКС И (Џерџес) – персиски крал (486–465 пр. н.е.), син и наследник на кралот Дареј И. Веднаш по стапувањето на престолот започнал воена подготовка и активна дипломатска дејност за навлегување во Хелада. Откако наредил да се изгради мост над Хелеспонт, да се прокопа канал на полуостровот Атос и да се направат мостови преку реката Стримон,… Continue reading КСЕРКС И
КУБА, Лудвиг
КУБА, Лудвиг (Подебради, Чешка, 16. Ⅳ 1863 – Прага, 30. XI 1956) – фолклорист, музиколог и сликар. Голема страст и животна определба му била да патува по словенските земји и да ги бележи и проучува нивните народни песни и инструменти. Неговото капитално дело е „Слованство ве свѕцх зпевецх” во 15 тома. За Македонија особено е… Continue reading КУБА, Лудвиг
КУБЕШ, Лудјек
КУБЕШ, Лудјек (Чески Брод, Чешка, 13. XI 1913 – Прага, 5. XI 1996) – архитект и урбанист. Дипломирал на Високата школа за архитектура во Прага (1945). Од 1947 г. се преселил во Скопје и изработил идејна урбанистичка студија на градот Скопје (1947), врз чија основа, со група инженери – планери, работи на Генералниот регулационен план… Continue reading КУБЕШ, Лудјек
КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – спортска дисциплина. Отпрвин се одвивало како рекреативна активност (1945–1972). Потоа е основан Кугларскиот сојуз на Македонија (1972), кој е преименуван во Федерација (2002). Прва куглана е изградена во хотелот „Белви” (1975), а потоа и други. Први клубови биле „13 Мај”, „22 Декември”, „Белви”, „Инвалид” во Скопје и др. Натпревари се одвивале… Continue reading КУГЛАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
КУЗМАНОВА, Слободанка
КУЗМАНОВА, Слободанка (Уланци, Велешко, 1945) – ред. проф. на Технолошко-металуршкиот фак. во Скопје и научник. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот фак. во Скопје (1970), каде што и докторирала (1979). Имала повеќе специјализации во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1970 г., а редовен професор е од 1994 г. Подрачје: биотехнологија (целулоза и… Continue reading КУЗМАНОВА, Слободанка
КУЗМАНОВСКИ, Кузман
КУЗМАНОВСКИ, Кузман (Дебар, 12. Ⅲ 1912 – Скопје, 1. ХИ 2004) – кинодеец. Целокупниот работен век (1930–1983) го минува во киноприкажувачката дејност. Имал значаен придонес во ширењето на филмската култура, преку несебичниот ангажман во оформувањето на киномрежата во Македонија и Скопје, особено по скопскиот земјотрес од 1963 г. (од 4 на 12 кина). Ил. П.… Continue reading КУЗМАНОВСКИ, Кузман
КУЗМАНОВСКИ, Тихомир Кипров
КУЗМАНОВСКИ, Тихомир Кипров (с. Лазарополе, Гостивар, 21. IX 1931 – Скопје, 20. Ⅳ 2000) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1977). Вработен на Нервната клиника во Скопје (1960-1998). Мед. ф. завршил во Скопје (1958), специјалистички испит (1964), хабилитирал (1974) од областа на електромиографијата. Избран за наставник (1977); долгогодишен шеф на Одделот за… Continue reading КУЗМАНОВСКИ, Тихомир Кипров
КУКАВИЦИ
КУКАВИЦИ (Цуцулидае) – фамилија средно големи птици, која во Европа и кај нас е претставена со два вида: обична кукавица (Цуцулус цанорус) и цуцулеста или африканска кукавица (Цлама-Кукавица тор гландариус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф… Continue reading КУКАВИЦИ
КУКУБАЈСКА, Марија
КУКУБАЈСКА, Марија (Штип, 27. Ⅳ 1950) – поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирала на Филолошкиот факултет (англиска филологија со германски јазик) во Скопје, а специјализирала компаративистика на Универзитетот „Ерланген” во Нирнберг во Германија (1972). Магистрирала на Калифорнискиот државен универзитет „Чико” во САД (1976), добила почесен докто-Марија Кукубајска рат по литература од Академијата за уметност… Continue reading КУКУБАЈСКА, Марија
КУКУЗЕЛ, Јован
КУКУЗЕЛ, Јован (Ж(Ⅹ)ерноница – Жировница?, Дебарско, околу 1280 – Света Гора, ок. 1360) – композитор и музички теоретичар. Потекнува од семејство што дава повеќе музички дејци, меѓу кои се и Јован (друг со истото име), Јоасаф и Григориј, но нивната дејност с” уште не е достатно истражена. По потекло е Македонец, роден во селото Џерменци… Continue reading КУКУЗЕЛ, Јован
КУКУМЈАВКИ или МАЛИ УТКИ
КУКУМЈАВКИ или МАЛИ УТКИ (Отус, Атхене, Аеголиус, Глауцидиум) – род мали грабливи ноќни птици од фамилијата вистински утки (Стригидае). Во Европа и кај нас се среќаваат 4 вида: ќук (Отус сцопс), домашна кукумјавка (Атхене ноцтуа), пернатонога кукумјавка (Аеголиус фунереус) и мала кукумДомашна кукумјавка јавка (Глауцидиум (Атхене ноцтуа) пассеринум). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс… Continue reading КУКУМЈАВКИ или МАЛИ УТКИ
КУКУШ
КУКУШ (Килкис) – град во Егејскиот дел на Македонија (Грција), со 12.400 ж. (2002). Се наоѓа во североисточниот дел на Солунското Поле, 50 км северно од Солун и 34 км југоисточно од Стар Дојран. Како градска населба се развил во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Во 1859 г. тука е прогласена Кукушката унија. Во 1870 г. во него… Continue reading КУКУШ
КУКУШКАТА УНИЈА И УНИЈАТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА
КУКУШКАТА УНИЈА И УНИЈАТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – обид на Дојранско-кукушката епархија во 1859 г. со спогодба за унија со Католичката црква, со задржување на словенскиот јазик во црквите и народниот во училиштата и со зачувување на источниот обред и народните обичаи, да се отфрли власта на Цариградската патријаршија и преку покровителство на Рим да се… Continue reading КУКУШКАТА УНИЈА И УНИЈАТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА