КРИВОГАШТАНИ

КРИВОГАШТАНИ – село во Прилепско. Се наоѓа во западниот дел на Прилепско Поле, на надморска висина од околу 600 м. Низ селото поминува регионалниот пат Прилеп–Крушево. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 1.870 ж. Населението се занимава со одгледување на житни култури и тутун. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина… Continue reading КРИВОГАШТАНИ

КРИВОПАЛАНЕЧКО-КУМАНОВСКО ВОСТАНИЕ

КРИВОПАЛАНЕЧКО-КУМАНОВСКО ВОСТАНИЕ (1878) – го кренале македонски доброволци од српската војска во Српскоосманлиската војна (1876), на че-ло со месните војводи Јаким Челопечки, Никола Алгунски, Богдан Длибочки и др., во договор со македонските селски и градски првенци од Куманово, Крива Паланка и Кратово. Востаничките акции биле преземени во почетокот на 1878 г. (пред крајот на Руско-турската… Continue reading КРИВОПАЛАНЕЧКО-КУМАНОВСКО ВОСТАНИЕ

КРИТИКА, ЛИКОВНА

КРИТИКА, ЛИКОВНА -. теоретска и практична дисциплина што ја следи и интерпретира уметничката продукција. Во РМ се јавува во половината на ⅩⅩ в. Првите текстови се од професорите Д. Месеснел и Д. Недељковиќ уште во триесеттите, но дури во четириесеттите години пишувале Л. Личеноски и Н. Мартино-Антоние Николовски: Македонските зографи од крајот на ⅩⅠⅩ и… Continue reading КРИТИКА, ЛИКОВНА

КРЛЕ, Ристо

КРЛЕ, Ристо (Струга, 3. IX 1900 – Скопје, 29. Ⅹ 1975) – драмски ав-тор, еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Роден е во сиромашно семејство на чевларски мајстор. школувањето му е нередовно и со извесни прекини. Занимавањето со аматерска актерска дејност во родната Струга, како член на Културноуметничкото друштво „Црн… Continue reading КРЛЕ, Ристо

КРЛЕЖ, КОКОШКИН

КРЛЕЖ, КОКОШКИН (Дерманѕссус галлинае Де Геер) – ситен паразитски инсект. Има тело долго до 1 мм. Дење се крие во кокошарниците и гулабарниците, а ноќе излегува и цица крв од домашните птици; напаѓа чес-то ластовички, а може да нападне деца и човек. Од Кокошкин крлеж отровот што го пренесува со боцкање, кокошките најчесто умираат, а… Continue reading КРЛЕЖ, КОКОШКИН

КРЛЕЖ, КУЧЕШКИ

КРЛЕЖ, КУЧЕШКИ . (Иџодес рицинус Л.) – мал паразитски инсект. Живее скриен по дрвја, грмушки и треви од каде што доаѓа до телото на животните и на човекот. Усниот апарат е за цицање, помогнат од еден пар силни рилки со кои женката се прицврстува за домаќинот на кој паразитира. Мажјакот не е паразит, живее прицврстен… Continue reading КРЛЕЖ, КУЧЕШКИ

КРЛЕЖА, Мирослав

КРЛЕЖА, Мирослав (Загреб, 7. Ⅶ 1893 – Загреб, 29. Ⅻ 1981) – најсестраниот хрватски книжевник, со исклучителна творечка активност, и највлијателна книжевна личност меѓу двете светски војни. По Втората светска војна народен пратеник, академик, директор на Лексикографскиот завод во Загреб. Во своите лирски песни и поеми стилот на Крлежа се движи од импресионизам до експресионизамContinue reading КРЛЕЖА, Мирослав

КРЛЕЖИ

КРЛЕЖИ (Ацарина) – пајаковидни инсекти. Телото им е со многу мали размери, некои се видливи микроскопски. Редот опфаќа преку 10.000 видови. Живеат на најразлични станишта, главно на копно, но има видови кои ги населуваат и водните средини. Поголем број од Воден крлеж видовите се паразити на разни животни или на растенија. Редот крлежи во МакедонијаContinue reading КРЛЕЖИ

КРЛЕЖИ, ВОДНИ

КРЛЕЖИ, ВОДНИ (Хѕдрацарина) – група пајаковидни членконоги организми. Припаѓаат кон родот крлежи (Ацарина). Ги населуваат копнените води, а се среќаваат и во морињата. Имаат тркалезно тело, упадливо обоено. Претежно се ситни, но има и видови со Воден крлеж должина до 8 мм. Во Македонија водните крлежи ги населуваат неистечните води (бари, езера). Чест вид е… Continue reading КРЛЕЖИ, ВОДНИ

КРЛИУ, Мети

КРЛИУ, Мети (Дебар, 30. Ⅵ 1923) – политичар и општественик. Бил учесник во НОАВМ (од 1941), член на КПМ (од 1943), член на МК на КПМ во Дебар, а потоа борец на партизански и воени единици: политички комесар на баталјон, член на бригаден Комитет на КПМ и заменик-командант на воено подрачје. По Ослободувањето завршил Виша… Continue reading КРЛИУ, Мети

КРНИНСКИ ДАМАСКИН

КРНИНСКИ ДАМАСКИН – ракопис од крајот на ⅩⅤⅠ в., најден во манастирот „Св. Пречиста”, Крнино (Кичевско), во 1956 г. Содржи превод на првите 20 слова од зборникот Тхесаурос на Дамаскин Студит; сега се чува во Институтот за мак. јазик, бр. 594. Заедно со киевскиот ркп. бр. 33, пренесен од архим. Антонин Капустин во 60-тите години… Continue reading КРНИНСКИ ДАМАСКИН

КРНИЧИУ, Мелпомени

КРНИЧИУ, Мелпомени (Менча Крничева) (Крушево, 16. Ⅲ 1900 – Рим, 12. IX 1964) – Влаинка, атентаторка од ВМРО, сопруга на Иван Михајлов. По Првата светска војна емигрирала во Софија, се запознала со Иван Михајлов (1924) и станала член на ВМРО. Во Виена во Бургтеатарот го убила Т. Паница (8. Ⅴ 1925) и била осудена на… Continue reading КРНИЧИУ, Мелпомени

КРПА

КРПА -. ткаенина во правоаголна форма. Од двете страни, по краиштата, е орнаментирана со фриз од ситни мотиви. По краевите била украсувана со нашиени тантели (ојки). Се носела вдената во Крпа појасот, со двата краја пуштени да висат отстрана или префрлена преку вратот и рамената. Ј. Р.-П. Владимир Крпан

КРПАН, Владимир

КРПАН, Владимир (Зелина, 11. Ⅰ 1938) – пијанист. Еден од најзначајните европски и светски пијанисти на својата генерација. Студиите ги завршува во класата на проф. С. Станчиќ, на Музичката академија во Загреб. Се усовршува кај прочуениот италијански пијанист А. Б. Микеланџели. Со педагошка дејност започнува (1968) на Високата музичка школа (подоцна – Факултет за музичка… Continue reading КРПАН, Владимир

КРПАЧ, Владимир

КРПАЧ, Владимир (Скопје, 19. Ⅻ 1947) – ентомолог, музејски советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет (Група биологија) во Скопје (1966–1976), по што бил професор во Средно-техничкото училиште „Здравко Цветковски” (1976–1987), а потоа кустос во Одделението за ентомологија на Природонаучниот музеј на Македонија (1978 до денес). Два семестра постдипломски студии… Continue reading КРПАЧ, Владимир

КРПАЧ, Коста

КРПАЧ, Коста (Дебар, 1. Ⅵ 1927) – филмски работник, поет, уредник и пропагандист и одговорен за пласман на филмовите. Од 1957 г. работи во „Вардар филм” како одговорен за учеството на македонските филмови на фестивалите, за нивниот маркетинг и пласман во земјата и во светот. Работниот век го посветува на промоција и презентација на македонската… Continue reading КРПАЧ, Коста

КРПЧЕ

КРПЧЕ -. женско покривало за на глава, во правоаголна форма, исткаено од бело памучно платно декорирано со вез. Доколку има измолкнати конци при ткаењето, се нарекува уште и крпче буќавче. Ј. Р.-П.

КРСТАЧКА

КРСТАЧКА -. македонско народно оро за машки состав на изведувачи во 6/8 ритам. Се игра со држење на рацете за рамо. Тоа е темпераментно оро, со чести вкрстувања на нозете, подрипливи чекори и истовремено балансирање на телото. Најчесто се игра во Кочанско. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 110. Ѓ. М. Ѓ. КРСТЕВ-БИРИНЧЕТО,… Continue reading КРСТАЧКА

КРСТЕ П. МИСИРКОВ

МИСИРКОВ, Крсте Петков (Постол, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија, 6/18. Ⅺ 1874 – Софија, 26. Ⅶ 1926) – најкомплетниот и најкомплексниот македонски славист, кодификатор на современиот македонски литературен јазик и правопис, ав-тор на првата книга („За македонцките работи“, 1903) и на првото научно-литературно списание („Вардар“, 1905) на современиот литературен јазик, прв национален филолог, историчар, етнограф,… Continue reading КРСТЕ П. МИСИРКОВ

КРСТЕВСКИ, Игњат

КРСТЕВСКИ, Игњат (с. Пожаране, 21. Ⅻ 1906 – Скопје, 1980) – град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1972 до пензионорањето во 1977 г.) по предмети од областа проектирање и градење железници. Дипломирал во Белград (1934 г.). Пред доаѓањето на Факултетот (1964) работел на изградба на пруги и на одговорни места во… Continue reading КРСТЕВСКИ, Игњат

КРСТЕВСКИ, Младен

КРСТЕВСКИ, Младен (Кратово, 25. Ⅷ 1953) – филмски и театарски актер и режисер. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Високата музичка школа во Скопје (1978). Член на Народниот теа-тар во Штип (1978–1979). Од крајот на 1981 г. е во Народниот теа-тар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, каде што бил и директор (2002–2006). Снимил неколку… Continue reading КРСТЕВСКИ, Младен

КРСТЕВСКИ, Стојан

КРСТЕВСКИ, Стојан (Долнени, Прилепско, 25. Ⅹ 1914 – Скопје, 1987) – виолински педагог. Виолина учел во Битола, Белград (П. Стојановиќ) и во Скопје (Ф. Бауман). Бил наставник во Средното музичко училиште во Скопје и прв директор на Концертната дирекција на Македонија. Во неговата класа се школувале голем број ученици, меѓу нив и некои истакнати виолинисти… Continue reading КРСТЕВСКИ, Стојан

КРСТИЌ, Мицко

КРСТИЌ, Мицко (Мицко Крстев Павлоски; Мицко војвода) (с. Латово, Порече, 1840 – Македонски Брод, 26. Ⅹ 1909) – поречки војвода. По судирот со качачкиот водач Џемо на сопствената свадба, првин работел како самарџија во Скопје, а потоа во Турну Северин (Романија, април 1876). Таму стапил во малата чета на Стеван Петрески-Угриноски и по враќањето го… Continue reading КРСТИЌ, Мицко

КРСТИЌ, Светислав

КРСТИЌ, Светислав (1961) – доктор по биолошките науки, фиколог, основоположник на лабораторијата за истражување на алгите и хидро-екосистемите на Институтот за биологија и прв претседател на Македонското алголошко друштво. Докторирал на тема „Сапробиолошки карактеристики на микрофлората на реката Вардар како показател на интензитетот на антропогеното влијание” (1995). Работи како редовен професор на Природно-математичкиот факултет во… Continue reading КРСТИЌ, Светислав