КОШАНИН, Недељко (1874 – 1934) – професор по ботаника на Универзитетот во Белград. Во почетокот на ⅩⅠⅩ в. го проучувал растителниот свет на Србија, Македонија и Албанија и претставувал еден од најдобрите познавачи на флората и вегетацијата на Балканскиот Полуостров. Објавил бројни трудови од областа на финува со титулата магистер по композиција на Кралскиот колеџ… Continue reading КОШАНИН, Недељко
Архиви: Енциклопедија
Description.
КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА
КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА. Отпрвин се јавува во рам-ките на соколската организација (по 1930). Забрзан развој започнал по Ослободувањето (1945), кога е формирана екипата „Ванчо Прке” во Штип, потоа „Македонија” и „Работнички” во Скопје, „Куманово” и „Работник” во Битола (1949), а подоцна и други. Било одржано републичко првенство за машките (1946) и за женските и младинските… Continue reading КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА
КОШТАНОВ, Димитар
КОШТАНОВ, Димитар (Горна Џумаја, 18. Ⅲ 1879 – мостот на р. Струма, до с. Покровник, Горноџумајско, 21. Ⅴ 1915) – револуционер, војвода, гемиџија. Ја завршил Егзархиската гимназија во Солун. Бил припадник на ТМОРО, а подоцна станал член на групата на гемиџиите. Учествувал во прокопувањето на подземниот тунел на Отоманската банка во Солун. Станал војвода во… Continue reading КОШТАНОВ, Димитар
КОШУЛА
КОШУЛА -. составен и битен елемент на македонската машка и женска народна носија. Се изработувала од домашно ткаено бело платно. Според составот на материјалот, се среќаваат неколку видови кошули: конопица (или пртена кошула) целосно изработена од коноп, мелеска со памучна основа, а јатокот од коноп, и бубакерна кошула со основа и јаток од памук. Женската… Continue reading КОШУЛА
КОШУЛА, МАШКА
КОШУЛА, МАШКА. – дел од машката народна носија. Била изработена од памук или од коноп, но имало и мелески, ткаени од памук и коноп (од кудељка и бубаќ). Машка кошула Била кроена од два стана (преден и заден), предниште и задниште, ребрници (клинови), колир (јака) и рукави (ракави). Кројот на некои од нив се состои… Continue reading КОШУЛА, МАШКА
КОШУЛЧЕВИ
КОШУЛЧЕВИ -. велешко револуционерно семејство што дало тројца истакнати загинати борци во НОАВМ. Мајката патриотка, антифашистка и носител на Партизанска споменица 1941 Васа Кошулчева (с. Свеќани, Велешко, 8. Ⅵ 1887 – Велес, 1970) ги загубила трите сина: Андре Ристов Кошулчев (Велес, 23. Ⅰ 1923 – с. Фојница, Велешко, 16. Ⅱ 1942), загинал како борец на… Continue reading КОШУЛЧЕВИ
КРАЛЕВ, Тодор Панчев
КРАЛЕВ, Тодор Панчев (Штип, 16. IX 1944) – машински инженер Дипломирал во 1968 г. и магистрирал во 1972 на Машинскиот факултет во Белград, каде што станал асистент (1971–1973). Од 1973 до 1975 г. работи при Економскиот институт во Скопје. Од 1975 г. поминал на Електромашинскиот факултет во Скопје во звањето доцент. Во 1981 г. докторирал… Continue reading КРАЛЕВ, Тодор Панчев
КРАМЕР, Кристина Е
КРАМЕР, Кристина Е. (Цхристина Е. Крамер) (Хартфорд, Конектикат, САД, 3. Ⅷ 1954) – американски и канадски славист-македонист, унив. професор. Дипломирала на Универзитетот Висконсин (1969& 1971), магистрирала на Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил, САД (1979), каде што и докторирала (1983). Како Фулбрајтов стипендист престојувала во Скопје (1981/82). Доцент на Катедрата за словенски јазици и… Continue reading КРАМЕР, Кристина Е
КРАНГО-ДУЧО, Стерјо
КРАНГО-ДУЧО, Стерјо (Скопје, 29. Ⅷ 1920 – Скопје, 24. IX 1991) – комунистички деец, првоборец и правник. Го изучил електро-водоинсталатерскиот занает. Како член на УРС-овиот синдикат, на КПЈ (август 1940) и на МК на СКОЈ во Скопје, бил учесник во првите диверзанстки акции во градот и борец на првиот Скопски НОПО (22. Ⅷ 1941). По… Continue reading КРАНГО-ДУЧО, Стерјо
КРАПЧЕВ-СТАРИ, Дамјан
КРАПЧЕВ-СТАРИ, Дамјан (Даме) (с. Ивањица, Србија, 1912 – пл. Плачковица, 24. Ⅴ 1944) – комунистички деец и првоборец. Бил студент на Правниот факултет во Белград, член на КПЈ (од 1939) и активист на Спортското друштво „Работнички” во Скопје. Во НОБ учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша (Скопско, август 1941) и бил политички комесар на… Continue reading КРАПЧЕВ-СТАРИ, Дамјан
КРАПЧЕВ, Данаил
КРАПЧЕВ, Данаил (Прилеп, 15. Ⅻ 1880 – Горна Џумаја, 10. Ⅹ 1944) – новинар и публицист. Дипломирал право на Софискиот универзитет. Познавач на македонските состојби, но изразит антимакедонист. Уредник на весниците „Отечество” (1909), „Вардар” (1911-1912), „Българин” (1912) и „Зора” (1919-1944). ДЕЛ: Изминат патъ, три тома, София, (1936 – 1941). В. Тоц.
КРАСНИЦИ
КРАСНИЦИ (Бупрестидае) – тврдокрилни инсекти. Се препознаваат по прекрасните металносјајни бои. Телото им е издолжено, на задниот дел е стеснето и зашилено, со куси нозе. Се среќаваат по кората на дрвјата и по тревестите растенија. Познати се како штетници во шумското стопанство и во овоштарството. Ларвите се без нозе, живеат во дрвесината Красници – тврдокрилци… Continue reading КРАСНИЦИ
КРАТЕР
КРАТЕР (Кратерос) (ок. 370 – Мала Азија, 321 пр. н.е.) – македонски војсководец, близок соработник и учесник во сите поголеми битки на Александар Ⅲ Македонски. Не го прифатил персискиот начин на облекување и обичаен живот. Како особено доверлив на својот крал, му била доверена задачата да врати во татковината 10.000 македонски воени ветерани и да… Continue reading КРАТЕР
КРАТКИ ЖАНРИ
КРАТКИ ЖАНРИ . – кратки говорни народни умотворби, усна народна реторика. Колку и да се хетерогени по својата форма и содржина, по архаичноста и начинот на кажувањето претставуваат неразделна целина. Немаат развиено сиже и по правило се многу кратки форми. Во секоја јазична реализација не можат да се бараат фабуларни, сценски или емотивни значења. Нивните… Continue reading КРАТКИ ЖАНРИ
КРАТОВСКО ЕВАНГЕЛИЕ
КРАТОВСКО ЕВАНГЕЛИЕ -. македонски црковнословенски книжевен споменик од средината Страница од Кратовското евангелие (ⅩⅣ в.) на ⅩⅣ в., кратовска школа. Ракописот е пишуван на добар пергамент, формат 23 џ 16 цм, висина на текстот 16, а ширина околу 10 цм. Споменикот содржи 151 лист, недостигаат 33 листа. Се чува во НУБ „Св. Климент Охридски” во… Continue reading КРАТОВСКО ЕВАНГЕЛИЕ
КРАТОВСКО-ЗЛЕТОВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
КРАТОВСКО-ЗЛЕТОВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА .- македонски книжевно-културен центар (ⅩⅠⅠⅠ-ⅩⅣ в.). Се карактеризира со повеќе изразити книжевнокултурни средишта во низа цркви и манастири околу градовите Кратово, Злетово, Крива Паланка, Куманово и Скопје, меѓу кои најпознати се манастирите Прохор Пчињски, Јоаким Осоговски, Лесновски, Матејче, Карпински, Марков и други. Овие манастири со словенско монаштво и со пустиножители никнуваат по… Continue reading КРАТОВСКО-ЗЛЕТОВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
КРЕАСТА, Никола Димку
КРЕАСТА, Никола Димку (Крушево, 1843 – Крушево, 1910) – лекар, револуционер. Медицина завршил во Атина, а потоа бил лекар од општа практика во Крушево. Во Илинденското востание му укажал помош на востанатиот народ. Бил член на Привремениот одбор на Крушевската Република, задолжен за здравствено-хигиенска заштита на населението, заедно со д-р Батали и лекарските помошници Питу… Continue reading КРЕАСТА, Никола Димку
КРЕДИТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКИ
КРЕДИТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКИ – првостепена мерка на аграрната политика во земјоделството. Со комбинација на каматата, рокот на отплата, учеството, намената на користење итн. се одредува целта на кредитирањето како инструмент на аграрната политика. Првиот кредит во земјоделството бил доделен во Германија (ⅩⅠⅩ в.), а за основач се смета Рајфесен. Основна карактеристика на кредитирањето во земјоделството во… Continue reading КРЕДИТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКИ
КРЕЉА, Зина
КРЕЉА, Зина (Битола, 17. Ⅱ 1925 – Скопје, 21. XI 2004) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ. Потекнува од музикално семејство (мајка Нада Џамбазова – оперска певица). Пеење учи во Загреб (проф. Рајзер), а вокалното образование го продолжува во Рим (проф. Страчари). Во 1946 г. дебитира во Загреб со улогата на Виолета… Continue reading КРЕЉА, Зина
КРЕСНЕНСКОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ
КРЕСНЕНСКОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ (5/17. Ⅹ 1878-1879) – востание на македонскиот народ против османлиската власт. Започнало под водство на Димитар Попгеоргиев и војводата Стојан Карастоилов кога била разбиена воената единица и Кресна била ослободена. Востаничките дејства проПечатот на началникот должиле по на Главниот штаб на Кресненското востание текот на река(1878) та Струма и во планинската област… Continue reading КРЕСНЕНСКОТО МАКЕДОНСКО ВОСТАНИЕ
КРЕЧЕТАЛО
КРЕЧЕТАЛО (чкртало) – детски идиофоничен ударачки дрвен инструмент. Го прават самите деца напролет од врбово дрво. Има четири главни делови – четириаголна рамка, јазиче, запченик и рачка со оска што го врти запченикот. При вртење на запченикот со рачката, јазичето удира од еден во друг забец на запченикот и така се произведува брзо чкртање со… Continue reading КРЕЧЕТАЛО
КРИВА ЛАКАВИЦА
КРИВА ЛАКАВИЦА – лева притока на р. Брегалница. Извира од северните падини на Градешка Планина, на височина од 570 м, а се влива кај с. Софилари, на височина од 251 м. Долга е 42 км, има вкупен пад од 319 м и просечен пад од 7,6 ‰. Сливот зафаќа површина од 425 км 2. Во… Continue reading КРИВА ЛАКАВИЦА
КРИВА ПАЛАНКА
КРИВА ПАЛАНКА – град во североисточниот дел на РМ, има 14.558 ж. (2002 г.). Лежи во крајниот источен дел на Славишката Котлина, од двете страни на Крива Река, на надморска висина од околу 620 м. Зафаќа површина од 400 ха. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 10,1°Ц, и просечна годишна количина… Continue reading КРИВА ПАЛАНКА
КРИВА РЕКА
КРИВА РЕКА – лева и најголема притока на реката Пчиња. Извира од северните падини на Осоговските Планини, на н.в. од 1.800 м, а се влива на н.в. од 296 м. Се формира од повеќе површински водотеци, меѓу кои позначајни се Тораничка, Киселичка и Станичка Река. Должината на речниот тек изнесува 78,7 км, вкупниот пад 1.504… Continue reading КРИВА РЕКА