КОСТОВА, Марија Борева (Крушево, 5. Ⅳ 1946) – педагог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет Марија Костова во Скопје (1969). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Сараево (1981), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1989). Целиот работен век го поминала на Филозофскиот факултет во Скопје. За редовен професор по предметите Општа педагогија и Методика на… Continue reading КОСТОВА, Марија Борева
Архиви: Енциклопедија
Description.
КОСТОВА, Слободанка Тодорова
КОСТОВА, Слободанка Тодорова (Скопје, 19. Ⅶ 1929) – социјален работник, основач на Заводот за геријатрија и геријатриската служба во Скопје (1976). Била прв и долгогодишен директор на Заводот. Д. С.-Б. Атанас Костовски КОСТОВСКИ, Атанас (Пехчево, 1. Ⅷ 1938) – спортски новинар. Завршил гимназија во Кочани (1956). Бил уредник во весникот „Млад борец” (1960–1964) и на… Continue reading КОСТОВА, Слободанка Тодорова
КОСТОВСКИ, Бранко
КОСТОВСКИ, Бранко (24. Ⅶ 1924 – Скопје, 30. IX 1994) – сликар и сценограф, особено значаен за осовременување на сценографскиот јазик. Бил учесник во НОБ. Извесен период студирал на АПУ во Белград (1949). Од 1952 г. работи на сценографијата во МНТ, а паралелно се занимава и со сликарство. Најзабележителни се неговите сценографии за драма (Вител,… Continue reading КОСТОВСКИ, Бранко
КОСТОВСКИ, Драги
КОСТОВСКИ, Драги (Битола, 22. Ⅳ 1930 – Скопје, 3. Ⅻ 1980) – актер. Завршил Државна средна театарска школа во Скопје (1947–1949). Член на Драмата во МНТ (1949–1971), а потоа преминува во Драмски театар с” до неговата смрт. Со извонредниот гласовен материјал и истенчениот естетски вкус, на сцената дејствуваше визуелно мошне маркантно и во најсложените драмДушко… Continue reading КОСТОВСКИ, Драги
КОСТОВСКИ, Душко
КОСТОВСКИ, Душко (Дебар, 28. Ⅴ 1939 – Скопје, 21. Ⅰ 1995) – актер во Народниот театар „Антон Панов” во Струмица (1967– 1970) и во Драмата на МНТ (1970– 1995). Има реализирано забележителни улоги и на филм, радио и ТВ. УЛО.: Бојарски („Зајдисонце”), Димитрија („Буре барут”), Директорот („Кланица”), Јуда („Рави”), Каран („Крал Лир”), Крчмарот („Крчма под… Continue reading КОСТОВСКИ, Душко
КОСТОВСКИ, Саво
КОСТОВСКИ, Саво (с. Леуново, Гостиварско, 1. Ⅲ 1925 – Скопје, 3. Ⅶ 1993) – првоборец. Завршил гимназија во Тетово, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење (1937). Бил член на СКОЈ (1941), член на КПЈ (1942), секретар на Организација на КПМ во с. Леуново (1943), борец на Кичевско-мавровскиот НОПО (мај 1943), полит. комесар на… Continue reading КОСТОВСКИ, Саво
КОСТОВСКИ, Трифун
КОСТОВСКИ, Трифун (Скопје, 27. Ⅻ 1946) – бизнисмен и дона-тор. Основач на „Кометал Трејд” – Виена (1991); основач на Фондацијата „Трифун Костовски”; еден од основачите и активен член на „Форумот за Македонија 2001” (2001&2004), на „Форумот за евроатланска интеграција на РМ” (2003) и на „Граѓанското движење за Македонија” (2004); член на Парламентарното собрание на ЦЕИ… Continue reading КОСТОВСКИ, Трифун
КОСТУР
КОСТУР (Касторија) – град во Егејскиот дел на Македонија (Грција) со 20.300 ж. (2002). Се наоѓа на полуостровот Горица, на западниот брег на Костурското Езеро, на надморска висина од Костур со Костурското Езеро околу 690 м. Градот името го добил по латинското име на животното бабар (Цастог), кое во минатото живеело во ова езеро. Тоа… Continue reading КОСТУР
КОСТУР , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
„КОСТУР“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Форт Вејн, Индијана, САД, 21. XI 1921) – една од најактивните иселенички организации. Го организирала првиот конгрес на МПО (окт. 1922). Форт Вејн е и актуелно седиште на ЦК на МПО. Сл. Н.-К.
КОСТУРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
КОСТУРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (ⅩⅠⅠⅠ в.) – епархија во југозападниот дел на Македонија и јужниот дел на сегашна Албанија. Во ⅩⅠⅠⅠ в. прераснала во митрополија и седиштето било пренесено во Корча. Тогаш Корчанскиот епископ се спомнува како Првопрестолен митрополит, којшто бил и прв заменик на Охридскиот архиепископ. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия,… Continue reading КОСТУРСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
КОТЕВСКА, Цвета
КОТЕВСКА, Цвета (Прилеп, 21. Ⅳ 1923) – преведувач, антологичар. Завршила Филозофски факултет во Белград. Работела како новинар, потоа како уредник на „Југословенски преглед”, а од 1959 г. е главен уредник на издавачкото претпријатие „Народна книга” во Белград. Автор е на преводи на неколку десетици македонски писатели на српски јазик (Блаже Конески, Сл. Јаневски, Радован Павловски,… Continue reading КОТЕВСКА, Цвета
КОТЕСКИ, Јован
КОТЕСКИ, Јован (с. Присовјани, Струшко, 14. Ⅰ 1932 – Скопје, 12. Ⅶ 2001) – поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, член на Македонскиот ПЕНЦЕнтар и член на ДПМ (1958). БИБ.: „Насмевка пред зорите” (1958), „Земја и страст” (1958), „Злодоба” (1963), „Тежина” (1965), „Пеплосија”… Continue reading КОТЕСКИ, Јован
КОЦАРЕВ, Љупчо
КОЦАРЕВ, Љупчо (Скопје, 25. Ⅱ 1955) – електроинженер, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии (од 2007), истражувач во Институтот за нелинеарни науки на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего (од 2000), член на МАНУ вон работниот состав (од 2003), редовен член на МАНУ (од 2007) и секретар на Претседателството на МАНУ (од 2007).… Continue reading КОЦАРЕВ, Љупчо
КОЦАРЕВ, Ристо
КОЦАРЕВ, Ристо (Охрид, 1925) – основно и средно образование завршил во Охрид. Во 1946 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје на Природноматематичкиот оддел (Група биологија), каде што и дипломирал (1951). Веднаш е назначен за асистент на Катедрата за биологија за предметите Биохемија и Физиологија. Докторирал во 1965 г. Истата година е избран во… Continue reading КОЦАРЕВ, Ристо
КОЦЕВ, Велко
КОЦЕВ, Велко (Ваташа, 1920 – Скопје, 1998) – припадник на првата генерација македонски новинари. Дипломиран агроном. Во „Нова Македонија” од 20 декември 1944 г. Долгогодишен уредник на Надворешно-политичката рубрика и коментатор сè до пензионирањето (1984). Во меѓувреме главен уредник на седмичникот „Народна кооперација” (1948), дописник на Танјуг од Танзанија (1962-63), директор за информации на Градското… Continue reading КОЦЕВ, Велко
КОЦЕЛ
КОЦО, Димче
КОЦО, Димче (Охрид, 10. Ⅹ 1910 – Скопје, 17. Ⅲ 1993) – прв македонски историчар на уметноста, академик, декан на Филозофскиот факултет во Скопје. Студирал на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. По дипломирањето, пред Втората светска војна предавал во средни училишта во повеќе градови. Како наставник на Филозофскиот факултет во… Continue reading КОЦО, Димче
КОЧАНИ
КОЧАНИ – град во источниот дел на РМ со 28.330 ж. (2002 г.). Лежи од двете страни на истоимената река во просторот, каде што таа ја напушта планината Осогово и навлегува во Кочанската Котлина, на надморска висина од околу 350 м. Преку Кочани води магистралниот пат М–5, кој на запад го поврзува со Штип и… Continue reading КОЧАНИ
КОЧАНСКА БАЊА
КОЧАНСКА БАЊА – лекувалиште на 5 км западно од Кочани, во с. Бања, на надморска висина од 340 м. Предиспонирана е со расед што води покрај северниот раб на Кочанската Котлина. Водата потекнува од резервоар што е сместен во палеозојски шкрилци и мермери. Порано изворот бил со мала штедрост, но со дупчења количеството на термоминерална… Continue reading КОЧАНСКА БАЊА
КОЧАНСКА КОТЛИНА
КОЧАНСКА КОТЛИНА. Се протега во средишниот дел од долината на реката Брегалница, помеѓу Осоговските Планини од север, Плачковица од југ, Голак и Обозна од исток и ниските ридови спрема Овче Поле од запад. Таа е изградена со поместување за време на олигомиоцените тектонски движења. Спуштена е по должината на два напореднички раседи ИСИ и ЗЈЗ.… Continue reading КОЧАНСКА КОТЛИНА
КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, Фана
КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, Фана (с. Лавци, Битолско, 27. Ⅶ 1927 – Скопје, 17. Ⅳ 2004) – првоборец и народен херој. Со неполни 14 години била младинска активистка. Во 1942 г. била партизанка во НОПО „Гоце Делчев”, Фана Кочовска-Цветковиќ младински раководител во НО баталјон „Стиф Наумов” и учесник во Февруарскиот поход. Носител е на Партизанска споменица 1941. Беше… Continue reading КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ, Фана
КОЏАБАШИЈА, Јане
КОЏАБАШИЈА, Јане (с. Купа, Егејска Македонија, 19. Ⅶ 1942 г.) – композитор и музиколог. Напоредно пишува критики што ги објавува на Радио Скопје, каде што бил и уредник на Музичката продукција, како и во дневниот печат. Во последните две децении на ⅩⅩ в. пројави мошне интензивна музиколошка активност во истражувањето на македонската духовна музика. Благодарение… Continue reading КОЏАБАШИЈА, Јане
КОЏАБАШИЈА, Никола
КОЏАБАШИЈА, Никола (Скопје, 6. Ⅵ 1970) – композитор. На Факултетот за музичка уметност во Скопје дипломира пијано (1993) и композиција (1997). Во текот на 1995–1998 г. работи како музички продуцент и ТВ презентер на МРТВ, а во истиот период е и професор по пијано во МБУЦ „Илија Николовски-Луј”. Се стек-Никола Коџабашија Лондон, Англија (Х. Биртвисл,… Continue reading КОЏАБАШИЈА, Никола
КОЏОМАН, Вангел
КОЏОМАН, Вангел (Струга, 14. Ⅱ 1904 – Скопје, 28. IX 1994) – сликар, член на МАНУ, еден од основоположниците на македонската современа уметност. Завршил Уметничка школа во Белград (1930). Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ, 1976). Најчест мотив во неговите дела (акварели, слики, цртежи) се пејзажот и старата градска архитектура. Ликовниот ракопис му се движи… Continue reading КОЏОМАН, Вангел