ЈАРАМКАБА ЗУРЛА

ЈАРАМКАБА ЗУРЛА .- зурла од средна големина. Најчесто се употребува за изведување на главната водечка мелодија, освен кога водечката мелодија ја изведува најмалата зурла џура. Тогаш зурлата јарамкаба има бордунирачка улога и ја свири лежечката мелодиска линија. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 106. Ѓ. М. Ѓ. Димитар Јаранов

ЈАРАНОВ, Димитар

ЈАРАНОВ, Димитар (Солун, 18. Ⅹ 1909 – 14. Ⅷ 1962) – географ. Основно и средно образование завршил во Софија. Географија дипломирал на Историско-филолошкиот факултет на Софискиот универзитет (1933). Истата г. заминал на Хумболтовиот универзитет во Берлин, каде што одбранил докторска дисертација на тема „Јуротипниот релјеф на Алпите, Централна Европа и Стара Планина”, потоа заминал да… Continue reading ЈАРАНОВ, Димитар

ЈАСЕН

ЈАСЕН .(Фраџинус Л., фам. Олеацеае) – кон овој род припаѓаат околу 80 вида од умерените подрачја на Северната хемисфера. Дрвја, ретко грмушки, со непарно перести листови, спротивно поставени. Еднодомни или дводомни, со цветови собрани во метлести, терминални или во странични соцветија. Плодовите се издолжени, крилести оревчиња. Кај нас се автохтони следните видови: а) јасен (горски… Continue reading ЈАСЕН

ЈАСИКА

ЈАСИКА .(ТРЕПЕТЛИКА) (Популус тремула Л., фам. Салицацеае) – големо листокапно дрво со право стебло, со мазна, светлозелена кора. Ареалот £ се протега низ цела Европа, Северна Азија и во Северозападна Африка. Листовите се тркалезни, со брановиден раб, врз долга, сплескана дршка. Дводомен вид е, со цветови собрани во долги реси. Цвета пред пролистувањето, а плодовите… Continue reading ЈАСИКА

ЈАСТРЕБИ

ЈАСТРЕБИ (Бутео, Пернис, Ацципитер) – родови на средно големи грабливи птици од фамилијата орли, еји, луњи и јастреби (Ацципитридае), од кои во Македонија се регистрирани 7 видови: обичен глувчар (Бутео бутео), лисест глувчар (Бутео руфинус), северен глувчар (Бутео лагопус), јастреб осојад (Пернис апиворус), јастреб кокошкар (Ацципитер гентилис), јастреб врапчар (Ацципитер нисус) и краткопрст јастреб (Ацципитер… Continue reading ЈАСТРЕБИ

ЈАХЈА-паша

ЈАХЈА-паша (прв. полов. на ⅩⅤ – почет. на ⅩⅤⅠ в.) – османлиски војсководец. Бил беглер-бег на Румелија и везир, член на султанскиот Совет. Во Скопје изградил џамија што с” уште постои. ЛИТ.: Глиша Елезовиќ, Јахја паша, „Југословенски историски часопис”, Ⅲ, 1–4; Лјублјана–Загреб–Београд, 1937. Др. Ѓ. ЈАХЈА-ПАШИНА ЏАМИЈА

ЈАХЈА, ќемал Бејатли

ЈАХЈА, ќемал Бејатли (Скопје, 1884 – Истанбул, 1958) – турски поет, политичар и дипломат. Се школувал во Скопје, во Истанбул и во Париз, бил професор на повеќе факултети во Истанбул. Како дипломат бил пратеник во Мадрид и во Варшава, амбасадор во Пакистан и претставник на Турција во УНЕСКО. Се смета за еден од најголемите турски… Continue reading ЈАХЈА, ќемал Бејатли

ЈАЧЕВ, Ристо

ЈАЧЕВ, Ристо (с. Долно Родево, Воденско, 15. Ⅴ 1842) – актер, поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, новинар, театарски рецензент, уредник и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Извесно време бил актер, а потоа новинар, театарски рецензент и уредник. Член е на ДПМ (од 1967). Најголем период од работниот век го мина во Македонското радио.… Continue reading ЈАЧЕВ, Ристо

ЈАШМАК, Коста

ЈАШМАК, Коста (Битола, 29. Ⅹ 1912) – истакнат воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА. Завршил воена академија. Во времето на Априлската војна (1941) бил капетан Ⅱ класа на ВЈ. Како член на КПМ и учесник во НОАВМ (од април 1944), првин бил началник на штабот, а потоа командант на Третата македонска НОУБ (од 6.… Continue reading ЈАШМАК, Коста

ЈЕГУНОВЦЕ

ЈЕГУНОВЦЕ – село во Тетовско. Се наоѓа во крајниот источен дел на Долнополошката Рамнина, од левата страна на р. Вардар, на надморска висина од 400 м. Со Тетово е поврзано преку регионален пат. Има 846 ж. од кои 804 се Македонци, 21 Роми и 13 Срби. Населението главно е вработено во металургискиот комбинат СИЛМАК. Седиште… Continue reading ЈЕГУНОВЦЕ

ЈЕКИЌ, Милан Никола

ЈЕКИЌ, Милан Никола (с. Манѓелос, Сремска Митровица, Србија, 11. Х 1912 – Скопје, 9. Ⅶ 2004) – универзитетски професор. Основно училиште завршил во Ру-ма, гимназија во Нови Сад, а Земјоделско-шумарски факултет во Земун (1939), каде што е избран за асистент по агрохемија. Од 1941 до 1945 г. бил во логор во Германија. По Ослободувањето (1945–1947)… Continue reading ЈЕКИЌ, Милан Никола

ЈЕНИ ЏАМИЈА

ЈЕНИ ЏАМИЈА (Битола, 1558) – споменик на културата. Изградена од Кади Махмуд-ефенди, позната и под името Нал џамија. Има квадратна основа покриена со купола, чија висина изнесува 19 м. Предворјето е покриено со двоен трем, потпрен на шест куполи, поставени на мермерни и гранитни столбови. Денес е споменик на Јени Џамија во Битола културата во… Continue reading ЈЕНИ ЏАМИЈА

ЈЕНСЕН, Франц

ЈЕНСЕН, Франц (Данска, 1870 – ?, 1949) – историчар, дипломат и светски познат дански новинар. Работел за весникот „Натионалтиденде” (1897–1910) од Копенхаген каде што објавувал дописки за Македонија. Бил во Македонија (1903), пропатувал во западниот дел од Битола, преку Охрид до Галичник. Пишувал за „македонските христијани”. Ги следел борбите за време на Илинденското востание. ЛИТ.:… Continue reading ЈЕНСЕН, Франц

ЈЕРЕМИЈА

ЈЕРЕМИЈА – охридски архиепископ (24. Ⅹ 1761 – мај 1763). Неговата смрт ја искористиле цариградскиот патријарх Јоаникој Ⅲ Караџа и фанариотите за да постават свој поглавар. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането £ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија… Continue reading ЈЕРЕМИЈА

ЈЕХОВИНИ СВЕДОЦИ

ЈЕХОВИНИ СВЕДОЦИ – христијанска религиска група во Република Македонијаи се вбројува во малите религиски заедници. Првпат е формирана во САД (1876), а за нејзин основач се смета Чарлс Расел. Името на оваа заедница (се користи од 1931) произлегува од библискиот Јехова, кого тие го сметаат за Бог-Отец. Првите припадници на оваа религиска група во МакедонијаContinue reading ЈЕХОВИНИ СВЕДОЦИ

ЈИГИТ-БЕГ

ЈИГИТ-БЕГ (? – 1414) – освојувач, прв османлиски заповедник на Скопје. Учествувал и во Косовската битка. Бил познат под името Паша Јигит-бег и се смета за основоположник на познатата скопската фамилија од која произлегле идните команданти на Скопје и на Скопското краиште, Исхак-бег и Иса-бег. Бил погребан во Скопје. Неговата џамија се наоѓала во Скопската… Continue reading ЈИГИТ-БЕГ

ЈИСРАЕЛ ТЕХИЈАТ

ЈИСРАЕЛ ТЕХИЈАТ (Израелска преродба) (Скопје, 1919) – младинска еврејска организација. Основач бил Давид бен Јаков Ха-сон (1893–1923), ционистички активист, кој ги одушевувал младите со своите идеи. По неговата смрт организацијата претрпела криза сè до доаѓањето на Адолф Барух, кој повторно ја заживеал. Целокупната еврејска младина (над 14 години) била ангажирана во организацијата. Заедничкото дружење помеѓу… Continue reading ЈИСРАЕЛ ТЕХИЈАТ

ЈОАКИМ

ЈОАКИМ – охридски архиепископ (1589). Имал придонес за автокефалноста на Московската патријаршија, поради што царот Теодор Иванович испратил своја делегација во Османлиската Империја со цел да им даде помош на православните владици. Заради помош, во Русија патувал и самиот архиепископ. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането £ под турците до… Continue reading ЈОАКИМ

ЈОАКИМ

ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ (XI в.) – преподобен, пустиножител и чудотворец. Неговото „Житие” не дава податоци за местото од кое преподобниот отец Јоаким, во втората половина од XI в., дошол во Осоговието покрај реката Сарандопор или наречена Крива Река, кај местото Скупица, и таму во една пештера го минал остатокот од животот во молитва, пост, бдеење и… Continue reading ЈОАКИМ

ЈОАСАФ Ⅱ

ЈОАСАФ Ⅱ – охридски архиепископ (1719–1745), Македонец од словенско потекло. Бил преспански епископ до 4. Ⅶ 1709 г., кога бил избран за митрополит на Горичката (Корчанска) митрополија. Бил избран за архиепископ Охридски (18. Ⅱ 1719). На архиепископскиот престој останал до смртта. Ја санирал материјалната положба на Архиепископијата со воспоставување ред и строга контрола на трошењето… Continue reading ЈОАСАФ Ⅱ

ЈОАСАФ И

ЈОАСАФ И – охридски архиепископ (ок. 1628). Таа година корчанскиот митрополит Неофит на руските власти им претставил негова грамота за собирање милостина, во која се титулирал како архиепископ на Јустинијана Охрид. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2, От падането £ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список… Continue reading ЈОАСАФ И

ЈОВАН

ЈОВАН – велики хартулариј на Западот, подоцна монах, ктитор на обновувањето на манастирската црква „Св. Архангели” во Прилеп (Варош) околу 1270–1280 г. Насликан како ктитор во великосхимничка облека, со моделот на црквата в рака. Од сегментот на небото го благословува Раката Господова. ЛИТ.: Б. Бабић, Три грчка фреско-натписа на зидовима цркава средњевековног Прилепа из друге… Continue reading ЈОВАН

ЈОВАН

ЈОВАН (ⅩⅠⅠⅠ в.) – скопски епископ. На основоположникот на СПЦ св. Сава му го предал протестниот акт (1220) од Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан во врска со неканонското и самоволно издвојување на Пеќската архиепископија од Охридската архиепископија, како Мајка Црква. Охридскиот архиепископ остро реагирал против неканонската Српска црква. Во писмото имало и закана кон Пеќската архиепископија… Continue reading ЈОВАН