ПОПОВ

ПОПОВ, Никола (Белград, 28. Ⅳ 1951) – маш. инж., д-р на технички науки, виш менаџер во компанијата „Атомска енергија на Канада“ (Атомиц Енергѕ оф Цанада Лимитед, АЕЦЛ), главен одговорен менаџер при АЕЦЛ за сигурност и добивање дозволи за изградба на нуклеарни централи во Канада и хонорарен професор на постдипломските студии на Факултетот за инженерска физика на Универзитетот МакМастер (МцМастер Унив.), Канада. Бил доцент на ЕТФ во Скопје и истражувач во Одделот за нуклеарна енергија на Брукхевн Национална лабораторија (САД) и Вајтшел лабораторија (АЕЦЛ). Ав-тор/коавтор на повеќе од 150 трудови од областа на нуклеарната термохидраулика и сигурност на нуклеарните реактори. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот ,Св. Кирил и Методиј’-Скопје“, бр. 505, септември 1988. Др. Р. Оливер Б. Попов