НИКОЛА

НИКОЛА (Х в.) – македонски благородник, комес, управник на Преспанско-охридската област во времето на цар Петар (927–969), татко на комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. За неговото управување нема податоци. Починал во Преспа, најверојатно во с. Герман или во неговата близина. Надгробната плоча со неговото име и со имињата на неговата жена Рипсимија и синот Давид била пронајдена во преспанското село Герман (1888), при изградба на црква. Надгробниот споменик го подигнал Самуил во спомен на своите родители и постариот брат. Семејната гробница што ја подигнал Самуил не е пронајдена. ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин, 1973; Ј. Иванов, БÍлгарски старини изÍ Македония, София, 1931. К. Аџ.