НЕГОТИНО

НЕГОТИНО“ – ТЦ на мазут, лоцирана на десниот брег на реката Вардар, во близина на градот Неготино. Пуштена е во погон во 1978 г. Има еден агрегат со номинална моќност од 210 МЊ. Можното годишно производство изнесува 1.200 ГЊх. Поради релативно високата цена на горивото не е користена со голем број часови годишно и главно служи како резервен извор. ЛИТ: 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995; Ј.П. „Електростопанство на Македонија“, Скопје, 1999; Електростопанство на Македонија, го-дишен извештај, 2003. Др. Р. Макариј Негриев