НАРОДНИ ХЕРОИ

НАРОДНИ ХЕРОИ – највисоко воено одликување за загинатите и живите учесници во НОАВЈ/НОАВМ воведено со наредба на ВШ на НОВ и ДФЈ („Билтен“ на ВШ и ДВЈ, бр, 12–13, Положај, декември 1941 – јануари 1942). Првото прогласување било во февруари 1942 г., а до 15. Ⅶ 1943 г. биле прогласени уште 22 учесници во НОАВЈ, при што со указ на Врховниот командант на НОВ и ПОЈ („Билтен“ на ВШ на НОВ и ПОЈ. бр. 29–31, Положај, јуни–јули–август 1943) за носителите на ова звање бил востановен и Ор-ден на народен херој на Југославија (изработен од сликарот Ѓорѓе Андреевиќ-Кун). Според Законот за ордените и медалите (9. Ⅵ 1945), освен поединци, негови носители можеле да бидат и колективи на единиците, а подоцна и општествени организации, здруженија и градови. Првин одлуката ја донесувал ЦК на КПЈ по предлог на ВШ на НОВ и ПОЈ (до Второто заседание на АВНОЈ), потоа Президиумот на АВНОЈ (до прогласувањето на ФНРЈ) и Президиумот на Сојузното народно собрание (до јануари 1953), а Монографијата „Народни херои од Македонија “ (Скопје, 1973) потоа Претседателот на Републиката (од 1953). Орденот го добиле вкупно 1322 учесници во НОАВЈ и 19 странски државјани, 30 единици и установи на НОВЈ (ЈНА), четири општествено-политички организации (СКОЈ, СЗБНОВ, ОК на СКОЈ – Дрвар и Здружението на шпанските борци на Југославија) и 8 града (по еден од сите републики и покраини), а од Македонија Прилеп, Првата македонско-косовска НОУБ и 66 поединци: Михаило Апостолски, Љупчо Арсов, Киро Атанасовски, Мирче Ацев, Вера Ацева, Златко Билјановски, Димитар (Мите) Богоевски, Пецо Божиновски, Борка Велевски, Круме Волнароски, Кире Гаврилоски, Перо Георгиев, Страхил Гигов, Ѓоре Дамески, Цветан Димов, Овадија Естреја, Атанас Забазановски, Благој Јанков, Илија Јовановски, Раде Јовчевски, Јосиф Јосифовски, Кузман Јосифовски, Оливера Јоциќ, Лимани Каба, Елпида Караманди, Васко Карангелески, Лазо Колевски, Лазар Колишевски, Фана Кочовска, Рампо Левков, Злате Малаковски, Манчу Матак, Боро Менков, Мирко Милевски, Тихомир Милошевски, Димче Мирчев, Кирил Михајловски, Михо Михајловски, Анѓел Мојсовски, Стефан Наумов, Наум Наумовски, Киро Нацев, Мара Нацева, Ванѓел Нечевски, Јордан Николов, Ибе Паликуќа, Боро Петрушевски, Страшо Пинџур, Панче Поповски, Ванчо Пркев, Видое Смилевски, Трајко Стојковски, Славчо Стојменов, Гоце Стојчевски, Благоја Страчковски, Борка Талевски, Борко Темелкоски, Блажо Тодоровски, Вангел Тодоровски, Христијан Тодоровски, Александар Урдаревски, Чеде Филиповски, Тодор Циповски, Крсте Црвенковски, Ордан Чопела и Бајрам шабани. Подоцна бил воведен и Орден на слободата (според Законот за ордените и медалите од 9. Ⅵ 1945) како највисоко одликување за воени заслуги. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1973. С. Мл. Народна архитектура, с. Кичиница, Мавровско