МЕШЕИШТА – село во Струшко. Се наоѓа во североисточниот крај на Струшката Котлина, од левата страна на р. Сатеска, на надморска висина од околу 750 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4, кој на север го поврзува со областа Дебарца, а на југоисток со Охрид. Има 750 ж. кои се занимаваат главно со одгледување житни култури и лозарство. Тоа е седиште на општина што се води под името Дебарца. Зафаќа површина од 42.239 ха, има 30 населени места со 5.507 ж. Во селото постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.