МАСЛИНКА

МАСЛИНКА .(Олеа еуропеа Л.) – во нашето субмедитеранско подрачје (Дојран, Гевгелија, Валандово) се одгледува како дворна, зимзелена овошка, која дава и добри приноси. Пред десетина години во Дојран е организирана фирма за преработка на маслинки, која иницира подигање на производствени насади. Може да се одгледуваат само отпорни сорти на издигнати локации. Б. Р.