МАРТУЛКОВ, Александар

МАРТУЛКОВ, Александар (Алексо) (псевд. Бизмарк) (Велес, 23. Ⅹ 1878 –Софија, 1965) – македонски револуционер и публицист. Се школувал во Велес и во Педагошкото училиште во Скопје, од каде што бил исклучен како бунтовник против османлиската власт. Заминал во Софија и станал член на Македонската социјалдемократска група што ги ширела социјалистичките идеи меѓу македонската емиграција и во Македонија. Учествувал во борбите на МРО против туѓите пропаганди во Македонија. Бил еден од орга-Александар Мартулков низаторите на велешкото Културно-просветно друштво „Класно сознание“. Учествувал во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград, но и на Општомакедонската конференција во Велес (декември 1912 г. со Д. Чуповски, П. Попарсов, Р. Ризов и др.). По Првата светска војна се вратил во Бугарија и се активирал во ВМРО (Об) и во активноста на македонското прогресивно движење. Го издавал в. „Македонско знаме“ и преживеал атентат. Дејствувал од позиција на македонската нација, поради што бил осудуван и затворан во концентрациони логори. По Ослобудувањето се вратил во Македонија и бил кооптиран во АСНОМ како член на Президиумот и во Собранието на Македонија. Одликуван со Орден за народни заслуги и со Илинденска споменица. БИБ.: Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје, 1954. О. Ив.