МАЛА РЕКА

МАЛА РЕКА – лева и најголема притока на реката Радика. Се формира на височина од 966 м од водите на Јадовска и на Тресонечка Река. Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влива на височина од 606 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122 м и просечен пад од 52,7 ‰. Сливот зафаќа 2 површина од 200,1 км . Средногодишниот проток изнесува 6,71 3 м /сец. Најголем средномесечен 3 протек од 17,1 м /сец се јавува во 3 мај, а најмал од 1,68 м /сец во септември. ЛИТ.: Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997. Др. В. Злате Малаковски