МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА – домородно македонско население со локална етничка култура, составен дел од македонската етничка култура. Предците на ова население во провинцијата Македонија и во нејзиното соседство се евидентирани во раното средновековје под имињата Драгувити, Сагудати, Ринхини, Велегизити, Војунити и др. Македонското население на овој простор континуирано може да се следи и во турското средновековје. По војните во почетокот на ⅩⅩ в. (1912/13 и 1923) во грчката државна територија била вклучена околу 51% од вкупната македонска етничка територија. Прогонот на Македонците од нивните вековни огништа траел 38 години (1912–1950) и се реализирал во шест насоки: во балканските земји, во СССР и во земјите од Источниот блок, во Европа и во прекуокеанските земји. Во согласност со идејата за создавање нација-држава, Грција развила методологија и практика за грцизирање на сите граѓани преку системот на казни и елиминација на „непослушните“. Македонците во Грција припаѓаат на две конфесии: православно христијанство и ислам (протестантизмот и унијатството се појавуваат при крајот на ⅩⅠⅩ в.). Македонското население со исламска вера, т.н. Помаци, се сконцентрирани главно во пограничното подрачје на РГР. кон Тракија. Македонците не уживаат малцински права во РГР. Нивната политичка партија „Виножито“ води успешна внатрешна и надворешна политика во борбата против грчкиот екстремен национализам. Егејскиот дел на Македонија зафаќа приближно половина од вкупната македонска етничка територија – 34.153 км². Границите на територијата на Егејскиот дел на Македонија до 1913 г. во голем дел биле истовремено и етнографски граници. Северната граница (1912) со РБ (Пиринскиот дел на Македонија) и РМ ја сече етничка Македонија на половина во неправилна хоризонтална насока. Источната граница е со Тракија и по таа линија го опфаќа македонскиот предел Чеч, клисурата и сливот на р. Места во Егејското Море. Западната граница води по планинските сртови Мокра Гора, Морава, Грамос и Пинд и формира вододелница меѓу р. Бистрица на дел од борбата за малцински пра-Карта на Егејскиот дел на Македонија во РГР, во границите по Букурешкиот договор исток и реките што течат на запад (Девол, Осем). На Пинд почнува јужната граница и води преку планините Камбуница и Олимп, па се спушта јужно на р. Бистрица и води кон Егејското Море. Од тука кон исток води по морскиот брег, ги опфаќа Халкидичкиот Полуостров и островот Тасос и завршува кај утоката на р. Места. За бројноста на македонското малцинство не постојат точни податоци, бидејќи државата Грција го третира како „непостојно“. Тој државен став официјално може да се следи од 1912/13 г. до денеска, иако во 1920 г. Грција потпишала Договор со Друштвото на народите со кој се обврзала дека ќе им овозможи достојни граѓански права и слободи на малцинствата. Според апроксимативни пресметки на „Виножито“ – Партија на Македонците во Грција, околу 200.000 селско население го зборува или го разбира македонскиот јазик. Македонскиот говорен јазик го претставуваат: југозападната група говори – корчанскиот, костурскиот, несрамскиот и костенарскиот; јужната група говори – солунскиот и воденскиот и југоисточната група – лагадинскиот и серскиот. По 1912 г. стандардизираниот грчки јазик е во службена употреба. Предците на современите Македонци се адаптирале во провинцијата Македонија и во нејзиното соседство и се евидентирани во средновековните ромејски/византиски извори под племенските имиња Драгувити (западно/југозападно од Солун), Берзити (северно од Солун), Сагудати (околу р. Бистрица), Ринхини (на Халкидики), Велегизити (во Тесалија), Војунити (во Епир) и др. Од Ⅶ до ⅩⅤ в. целосно или делумно биле во составот на средновековните балкански држави (Ромејска Империја, Бугарија, Србија), вклучително и во Самуиловото Царство. Во почетокот на турскиот период биле во состав на Румелискиот вилает, а потоа до крајот на турскиот период во состав на Солунскиот вилает. Модусот на административна непроменливост повеќе од четири века под турска власт позитивно влијаел врз зачувувањето на македонскиот етнички карактер на просторот и одржувањето на континуитетот со античката и старословенската културна матрица од времето на средновековните предци на Македонците на овој простор. Во симбиоза со старобалканското население на Македонија создале свој препознатлив етнички идентитет во доменот на материјалната, социјалната и духовната култура. Етничкото сплотување на Македонците од Егејскиот дел на Македонија се градело врз основа на сопствената етничка култура, како и преку здружувањето против заедничкиот непријател (турска, грчка или друга туѓа власт, грчката црква, итн.), коешто се потврдува со иницијативи и масовни учества во ајдутски и востанички акции, сè до Илинденското востание и настаните што следеле потоа, вклучувајќи ги и последните поврзани со партизанското движење во Втората светска војна. Нарушување на меѓуетничките односи се појавило по укинувањето на Охридската архиепископија и вклучувањето на македонското население во грчката црква, со служба на грчки црковен јазик (1767). Почетоците на прогонот на Македонците од овој дел на Македонија датираат од крајот на ⅩⅠⅩ в., а се интензивирал веднаш по Илинденското востание. Заговорниците на европските идеи за создавање држава-нација развиле стратегија за обнова на класичната античка и на елинистичката историја. Наспроти митот за античката „грчка Македонија“ стоела реалноста за освојување на природното богатство на Македонија (плодни почви, реки, езера, планини, шуми итн.). За таа цел се организираат андартски оружени акции против Македонците уште во 1904–1906 г. со помош на платеници од Крит и од други места. Грчка андартска чета (1904&1906) Овој темен период на грчката историја официјално е означен како почеток на т.н. „македонска борба“. Антимакедонската борба за територии се изведувала под изговор дека треба да се казнат Македонците затоа што станале неверници, ја напуштиле грчката црква и се приклучиле кон Бугарската егзархија (1870). По воените ужаси (1912/13 и 1923), Грција со европска поддршка успеала да добие околу 51% од територијата на етничка Македонија. За да ја осигура новата територија, започнала етничко чистење на мнозинското македонско население. Како резултат на меѓудржавните договори на Грција, Бугарија и Турција за „размена на населението“ (Неј, 1919 и Лозана, 1923) започнал егзодусот на македонското население од овој дел на Македонија кон Бугарија, кон другите соседни земји и кон Европа, САД и Австралија. Започнала и миграцијата на помачкото македонско население кон Турција и вселувањето припадници на грчката патријаршиска црква (Гагаузи од Бугарија, православни од Мала Азија, од Источна и Западна Тракија). Бегалци од Егејскиот дел на Македонија Етничкото чистење на Македонците продолжило и по Втората светска војна (1946–1949). За да се обезбеди дека нема да се вратат во родните места, Грција им ги одземала државјанствата на бегалците. Еден број од бегалците денеска живеат во РМ. Кон оние што останале во родните места започнала засилена асимилација со недозволени средства. Во современата грчка држава упорно се негува новосоздадениот мит дека сите граѓани на Грција се предци на античките Грци. Покрај забраните за користење други јазици, проследени со груби казни и други слични наредби, една од повпечатливите постапки била преименувањето на 1646 македонски топоними и нивна замена со „антички“, за кои веднаш била произведувана и „славна античка историја“. Во РГР. не се гарантирани малцинските права, освен делумно на турското малцинство (како муслиманско). Македонското малцинство е маргинализирано во сферата на економијата, во јавната администрација, во образованието, во легислативата, во политичкиот и јавниот живот, во медиумите итн. Наведените права Македонецот може да ги добие ако го присвои грчкиот етнички идентитет. Програмски се присвојува македонската етничка култура и фолклорот на егејските Македонци и се прикажуваат како грчки. Се печатат огромен број публикации за промоција на државната политика за негација на македонското малцинство, посебно во однос на етнонимот Македонци. Од државната политика на негација на македонското малцинство излегуваат поединци грчки интелектуалци и други прогресивни граѓани, кои не се согласуваат со ретроградните државни ставови и ја поддржуваат акцијата на политичките и на другите граѓански здруженија на македонското малцинство за афирмација на нивниот етнички и културен идентитет. Малцинските етнички групи во Грција почнуваат да покажуваат знаци на живот во последниве десетина години. Меѓу првите и најхрабрите спаѓаат Македонците. Покрај прогоните и заплашувањата, во Грција успевала да опстојува македонската етничка свест за сопствената култура. Меѓу првите пројави на борбата за признавање на македонскиот идентитет спаѓа отпорот на архимандритот Никодим Царкњас од С’ботско, Мегленско. Неговото противење на асимилацијата го искажува јавно и преку в. „Моглена“ (Меглен) што заедно со неколку истомисленици го печатеше на грчки јазик. Тој се бори за културните права на Македонците и за црковна служба на македонски јазик во оние места каде што постои македонско малцинство. Многу пати бил на удар на црковната и судската власт како „автономист“, односно сепаратист. Кога група помлади македонски ентузијасти од Лерин ја основале организацијата „Движење за балкански просперитет“ (1990), архимандритот Никодим Царкњас бил член на Централниот Архимандрит Никодим Царкњас совет. Потоа ја напуштил организацијата, но не и борбата за правата на Македонците. Од првата организација се формира еден политички разгранок со име „Виножито“ (1994) што денеска претставува најуспешен репрезент на политичката борба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за малцински и граѓански права и за слободно изразување на сопствениот етнички идентитет, јазик, култура и фолклор. Во „Виножито“ членуваат и личности од друго етничко потекло (грчко, мешано). Лидерите и да се разлику членовите на оваа легална парти ваат јазични ја во Грција својата дејност ја зас карактерис новаат на принципите на ЕУ и ев тики од под ропските стандарди за малцин рачјето каде ските и граѓанските права. Први што се пишу от орган на разгранокот „Вино ваат и да се жито“ бил „Моглена“ што бил формираат преименуван трипати („Зора“ – редакции. До „Нова Зора“ – „Инфо Зора“). Во аѓа до дифе 2000 г. било покренато списание ренцирање на то „Лоза“. Партијата е иниција мак., буг., Од Вториот конгрес на политичката партија на македонците „Виножито“ во Соровичево тор на богата издавачка дејност и на тој начин настојува да ја пробие „грчката тишина“ во однос на Македонците. Во јавните медиуми (радио, телевизија) сè уште не постои простор за културните потреби на македонското и на другите малцинства.