МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – домородно македонско население со локална етничка култура, составен дел на македонската. Предците на ова население се евидентирани во средновековните извори под племенските имиња Струмјани и Смолјани. Македонското население континуирано може да се следи и во турските извори. Во почетокот на ⅩⅩ в. етапно било вклучувано во бугарската државна територија: Северен Пијанец во 1878, а во 1912 г. останатиот дел од Пиринскиот дел на Македонија – Горноџумајско (Благоевградско), Светиврачко (Санданско), Петричко, Разлошко и Неврокопско (Гоцеделчевско). Карта на Пиринскиот дел на Македонија во РБ Македонците во Бугарија припаѓаат на две конфесии: православно христијанство и ислам. Најбројно е македонското население со православна вера. Македонското население со исламска вера, т.н. Помаци, се сконцентрирани главно на потегот кон западниот родопски гребен, во пограничното подрачје на РГ кон Тракија, како и во другите етнички предели на Пиринско (Горноџумајско, Неврокопско и Разлошко). Освен во селските населби, Македонците од двете конфесии живеат во сите градови во Пиринскиот дел на Македонија. Точниот број на Македонците во Бугарија не е познат, бидејќи државата по 1948 г. не овозможува слободно изјаснување за националната припадност во пописните листи. Во првите повоени пописи (1946 и 1956) повеќе од 70% од населението во Пиринско се изјасниле како Македонци. Македонците од двете конфесии не уживаат малцински права во РБ. Пиринскиот дел на Македонија го опфаќа најголемиот дел од македонската Струмско-местанска етнографска целина. Само еден мал дел (Струмичко и Радовишко) се наоѓаат во државните граници на РМ. Крајниот дел од оваа етнографска целина географски е дефиниран со делтата на р. Места и пределите на тој простор, а завршува до крајниот југоисточен дел на Егејскиот дел на Македонија (РГ). Границата меѓу РБ и РГР (1913) неприродно ја сече оваа македонска етнографска целина, особено етничкиот предел Мрвашко. Територијата на која живеат пиринските Македонци може да се определи почнувајќи од линијата на источната граница што започнува на јужниот дел од планината Доспат, води на север и се движи по западниот родопски гребен и по планинските врвови и излегува на изворот на Места, на Рила Планина. На таа точка започнува северната граница што се движи во западна насока преку високите планински врвови и преку врвовите на југозападна Рила, па се спушта северно од Благоевград, во долината на р. Струма. Ја сече Благоевград реката и се качува во планинскиот предел Пијанец. Тука започнува западната граница и води кон југ по планинската вододелница што го дели сливот на р. Брегалница на запад од притоките на р. Струма на исток. Источно од Планина. Кај последниот врв (Кадиица) го сече извориштето на Лебница – десна притока на р. Струма и продолжува преку Огражден. Од тука се спушта во долината на р. Струмештица, па се качува на планината Беласица и излегува на нејзиниот гребен. На таа точка, што е тромеѓе меѓу Пиринскиот, Егејскиот и Вардарскиот дел на Македонија, започнува јужната граница и води по планинските врвови, па се спушта кон гратчето Петрич во долината на Струма, ја сече реката кај Рупелска Клисура, оди по подножјето на Рупелска Планина и се качува на Гоцева Планина. Од тука и од јужните разграноци на Пирин границата се спушта во долината на р. Места, југоисточно од гратчето Неврокоп (денешен Гоце Делчев), ја сече реката и се искачува на јужниот дел од планината Доспат. Пиринскиот дел на Македонија зафаќа околу 6.798 км² или околу 10.18% од македонската етничка територија. За бројноста на македонското малцинство не постојат точни податоци, бидејќи државата Бугарија го третира како „непостојно“. Тој државен став може да се следи по настаните поврзани со Информбирото (1948), кога е прекината минималната културна автономија на Пиринскиот дел на Македонија. Во 1946 и 1956 г. биле спроведени релативно слободни пописи, на кои над 70% од населението се изјасниле како Македонци. Притисокот што се вршел за принудување на Македонците да се из-Плакат за изведбата јаснуваат кана драмата „Печалбари“ ко Бугари од Обласниот македонски народен театар во Горна дал резулта-Џумаја (1947/48) ти во наредните години, но не ја исклучил појавата на Македонците во службените пописи. Покрај заплашувањата, во пописот од 1992 г. се појавило македонско малцинство од 10.800 жители, кое Бугарија одбила да го признае. За разлика од турското и ромското малцинство, македонското малцинство нема своја графа во пописните листи, туку е сместено во графата „други“ заедно со ерменското, татарското, гагауското и другите мали малцинства. За да се добие барем приближна бројка на македонскокако Македонци, треба да се додаде еден пристоен дел од бројот 147.707 души, колку што изнесува 2% „други“ од 7.385,367 вкупна полулација (2006). Ако се смета со апроксимативна бројка од 100.000 од тн. „други“, бројката на македонското малцинство во РБ може да изнесува некаде околу 150.000 до 250.000. Говорниот јазик е македонскиот – југоисточно наречје (разлошки, петрички и сереско-лагадински: мрвашки, чечки говор). Во службена употреба по 1912 г. е стандардизираниот бугарски јазик. По религијата населението е од православното христијанство (протестантизмот се појавува од втората половина на ⅩⅠⅩ в.) и исламско. Континуитетот на Струмско-местанската етнографска целина може да се следи од раното средновековје, кога постоела една об-ласт позната по името Струма или Струмска жупа. Струмската и Местанската област со текот на времето почнале да се разликуваат по одделни етнички карактеристики што се должи на појави поврзани со историските процеси. Речиси до крајот на турскиот период, на овој простор на етничка Македонија постоеле два санџака: Серски и Драмски во состав на Солунскиот вилает. Модусот на административна непроменливост во период од речиси пет века позитивно влијаел врз зачувувањето на македонскиот етнички карактер на просторот и одржувањето на континуитетот со античката и старословенската културна матрица од времето на средновековните предци на Македонците на овој простор – Струмјаните околу р. Струма и Смолјаните по р. Места, кои во симбиоза со старобалканското население на Македонија создале свој етнички идентитет во доменот на материјалната, социјалната и духовната култура. Етничкото сплотување на македонското малцинство од Пиринско се градело врз основа на сопствената етничка култура, како и преку здружувањето против заедто малцинство во Бугарија, кон Пехчево, западната граница ги Јане Сандански со борци од својата четабројот на оние што се изјаснуваат следи врвовите на Малешевската ничкиот непријател (турската или друга туѓа власт, грчката црква, итн.) што се потврдува со иницијативи и масовни учества во ајдутски и востанички акции, сè до Илинденското востание и настаните што следеле потоа, вклучувајќи ги и последните поврзани со партизанското движење во Втората светска војна. Со оглед на карактерот на турскиот државен милетски систем што опстојувал пет века, Македонците не ги чувствувале како свои директни непријатели другите припадници на „христијанскиот милет“. Недоразбирањата со Бугарите се појавиле во ⅩⅠⅩ в. под влијание на идеите од Европа за реализација на концептот држава-нација, кои ги прифатила бугарската средна класа и развила стратегија за виртуелна обнова на територијата на средновековните бугарски царства. Преку агресивна пропаганда почнале да работат на привлекување на македонското и другото небугарско население во создавањето на т.н. бугарска културна сфера. Акцијата за бугарска духовна превласт започнала со стандардизацијата на бугарскиот јазик. Американските протестантски мисионери, кои работеле за бугарските интереси главно на просторот на Источна/Југоисточна Македонија, по 1835 г. го создале првото стандардизирано бугарско писмо и притоа за основа на „бугарскиот“ јазик го одбрале дијалектот од Источна Македонија. Со создавањето на оваа привремена нова слика за минатото биле релативизирани културните разлики помеѓу Бугарите и Македонците. Но во 40-тите години на ⅩⅠⅩ в. источнобугарските дејци успеваат да го отфрлат македонскобугарскиот писмен јазик и правописот на Неофит Рилски (од Банско) и со новиот превод на Библијата, врз основа на источнобугарското наречје го стандардизираат современиот бугарски литературен јазик. По објавувањето на ферманот за создавање на Бугарската егзархија (1870) бил отворен патот кон ширење на бугарското име и бугарската идеја, сè до фактичко припојување македонски територии. Како резултат на воените акции во Руско-турската војна (1877/78), во создаденото Кнежество Бугарија бил вклучен дел од пределот Пијанец, т.н. Северен Пијанец и делови од соседните осоговски предели на таа линија. По Балканските војни (1912/13) била припоена и целата територија на Пиринскиот дел на Македонија заедно со Струмичкареките Места и Марица. По Версајскиот мировен договор (1919) Бугарија го задржала овој дел на Македонија, освен Струмичко. Како резултат на меѓудржавните договори на Бугарија, Грција и Турција за размена на населението (Неј, 1919 и Лозана, 1923) започнал егзодусот на македонскоПотпишувањето на Нејскиот договор (1919) то население од Егејскиот дел на Македонија кон Пиринско, настанала миграција на помачкото пиринско население кон Турција и преселби на припадниците на грчката патријаршиска црква во Грција. Според груба пресметка, околу 40% од населението во Пиринско се преселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Кон бројот на старите „бежанци“ од Егејско треба да се додаде и бројот на новите бегалци дојдени по Втората светска војна. Покрај позитивното засилување на македонскиот етнички елемент во Пиринско, овие поместувања на населението предизвикале промени на локалната етничка култура и го нарушиле претходниот систем на дијалектите и говорите на македонскиот јазик. Во РБ не се загарантирани малцинските слободи и права на македонското малцинство, кое е маргинализирано во сферата на економијата, во јавната администрација, во образованието, во легислативата, во политичкиот и јавниот живот, во медиумите итн. Државата ги негира правата на македонското малцинство на сло-Централниот орган на Областа в. „Пиринско дело“ бодно здружување во граѓански и политички здруженија. На разни начини и со различни средства ги спречува нивните културни собири и пригодни чествувања на празнични денови и по повод настани од нивната културна историја. Грубо ја присвојува македонската етничка култура и фолклорот и секогаш ги прикажува како бугарски. Печати огромен број публикации за промоција на државната политика на негација на македонското малцинство. Интернетот е уште една алатка што се користи во пресметката со Македонците. Под притисок на државата Македонците биле и сè уште се изложени на бугаризација. Меѓу поголемите малцинства, единствено македонското малцинство нема своја графа во пописните листи. По падот на режимот на Тодор Живков малцинските етнички групи во Бугарија политички се активирале и почнувајќи од 1989/ 90/91 г. формирале свои партии и граѓански здруженија. За отпорот на Бугарија кон овие појави зборуваат редица извештаи и на Интернет. Формални чекори кон подобрување на малцинските права биле преземени во периодот на приближувањето на РБ кон ЕУ (1998–2006), но и тогаш македонското малцинство од двете конфесии било постојано со статус на „непостојно“, а оние што се декларирале како Македонци биле и с“ уште се прогласувани за предавници, сепаратисти и непријатели на државата. Македонските политички и граѓански асоцијации, основани во периодот 1990–2004, по та Котлина и територијата меѓу Македонски писатели во посета на Пиринскиот дел на Македонија (1948) правило имаат свои бугарски „двојници“ со слични имиња, создадени од специјалните институции на државата со цел да се предизвика замаглување и да се поттикнат интерни конфликти. Со овој вид мимикрија се водел народот низ лавиринт и се спречувал да го препознае своето вистинско здружение меѓу „ОМО Илинден“ од Сандански, „ОМО Илинден Претставници на ОМО „Илинден“ пред споменикот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир Пирин“ од селото Мосомиште (Благоевградско), „ОМО Пирин“ од Сандански и „ВМРО-СМД“. Во посткомунистичкиот период се огласи и македонското помачко малцинство со организацијата „Сонце – Здружение на Македонците со исламска вероисповед“, кое, меѓутоа, не успеа да се регистрира. Како вистински претставник на македонското малцинство во Бугарија се декларира „ОМО Илинден–Пирин“ (Обединета македонска организација „Илинден“ – Пирин) – Партија за економски развој и интеграција на населението во РБ. Партијата се повикува на континуитет со ТМОРО и ВМОРО од Пиринско од класичниот период на формирањето до смртта на Јане Сандански (1915). Оваа партија сè уште не е регистрирана од страна на бугарската судска власт. Единствен печатен медиум на македонското малцинство во Бугарија е в. „Народна Волја“ (Благоевград) што се печа-Весникот на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија „Народна волја“ ти на бугарски и на македонски јазик. Од 2001 г. неколку пати бил конфискуван, но издавачите и пријателите на весникот ја продолжуваат својата работа како Иван Сингартиски, лидер на ОМО „Илинден & Пирин“ ва и културен идентитет на Македонците. Весникот има свој бугарски „двојник“ во в. „Македония–БÍлгария“. Во другите бугарски јавни медиуми (радио, телевизија, итн.) не постои простор за културните потреби на македонското малцинство. ИЗВ. и ЛИТ.: Царнеги Репорт оф тхе Интернатионал Цоммиссион то Инљуире инто тхе Цаусес анд Цондуцт оф тхе Балкан Њарс, Њасхингтон, Д.Ц., 1914; Македонија како природна и економска целина, ИНИ, Скопје, 1978; Јован Ф. Трифуноски, Пиринскиот дел на Македонија, Скопје, 1967; Благовест Нягулов – Емил Миланов, БÍлгарските обÈности зад граница, хттп://балдер.прохостинг.цом/асен/обст_бг.хтм; ОМО Илинден– Пирин – Партија за економски развој и интеграција на населението во Република Бугарија, хттп://њњњ.омоилинденпирин.орг/ (март 2007); Тхе Мацедониан Миноритѕ ин Булгариа – Репорт бѕ тхе МХРМЦ & Раибоњ – Организатион оф тхе Мацедониан Миноритѕ ин Грееце, Њарсањ, оцтобер 5-15, 2005, хттп://њњњ.мхрми.орг/репортс/04/осце_булгариа.хтмл (март 2007); Марк Мазовер, Балканот, Скопје, 2003; Анастасија Каракасиду, Полиња жито – ридишта крв, Скопје, 2002; Грегорѕ Михаелидис, Салватион Аброад: Мацедониан Мигратион то Нортх Америца анд тхе Макинг оф Модерн Мацедониа, 1870-1970, 2005 (ракопис на одбранета докторска дисертација на Универзитетот во Мериленд, САД), хттпс://друм.умд.еду/дспаце/битстреам/1903/2407/1/уми-умд-2270.пдф. Ан. Св.