МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СТУДЕНТСКА ГРУПА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (1919–1934) – асоцијација на студентите формирана во Софија како Македонска студент-ска група „Гоце Делчев“ (1919), но во времето на политичките убиства на Македонците во Бугарија (1923), кога е ликвидиран и нејзиниот претседател Таралјамов, Групата привремено ја прекинува дејноста. Кога тие убиства го стигнуваат врвот, „независните студенти на Софискиот државен универзитет“ ја објавуваат брошурата „Не можеме веќе да молчиме!“ (1929) и свикуваат младински конгрес, но и тој е забранет. Во следната година прогресивните студенти Македонци во Бугарија ја обновуваат старата студентска асоцијација под името Македонска народна студентска група „Гоце Делчев“ (1930) како легален клон на ВМРО(Об) со идејна платформа врз принципите на Мајскиот манифест (6. Ⅴ 1924). МНСГ „Гоце Делчев“ објави 6 броја од својот „орган на прогре-Од изведбата на операта „Цар Самуил“ сивните македонски студенти во Бугарија“ „Македонски студент-ски листÍ“ (4. ⅩⅠⅠ 1931 – 1. Ⅵ 1932), под редакција на младите македонски интелектуалци: К. Веселинов, М. Сматракалев, К. Николов и В. Хаџикимов. Кога весникот е забранет, подготвениот број Редакцијата го објавува под наслов „Македонска студентска трубуна“ како „орган на македонското студентство – ратник за МОНС“ (23. Х 1932 – 5. Ⅳ 1933). По четвртиот број и тој весник е забранет. Наскоро Групата почнува да го издава новиот месечен „орган на македонската прогресивна младина во Бугарија“ под изменет наслов „Македонска младежÏ“ (10. Х 1933 – 6. Ⅴ 1934), под официјална редакција на Делчевиот внук Хр. Андонов. По третиот број и тој е забранет, заедно со неофицијалниот орган на ВМРО(Об) „Македонско знаме“ (14. Ⅵ 1932 – 1. Ⅶ 1934), бидејќи Весникот „Македонско знаме“ (1932-1934) објавувал отворени статии за македонската нација, за македонскиот јазик, литература, историја и култура и за организирана борба за национално ослободување и обединување. Кога на состанок официјално се поставува прашањето за „етничката битност на македонскиот народ“ и „дали македонскиот народ во Пиринска Македонија се наоѓа под национален гнет“, јасно се кажува: „Македонското прогресивно движење е национално, бидејќи го има како цел националното ослободување на Македонија. Тоа не е партиско, ниту пак сталешко или класно, а по карактерот и составот е општонародно, демократско“. Тогаш се отцепува фиктивниот Акционен комитет на македонското прогресивно движење во лицето на В. Хаџикимов (15. И 1934) и почнува да го издава својот провокаторски антинационален орган „Македонска борба“. Централно-Весникот „Македонска борба“ (1934) то раководство на МНСГ „Г. Делчев“ донесува Декларација за расцепот (2. Ⅲ 1934), а на проширената конференција на Групата (4. Ⅳ), со делегати од сите факултети, се разјаснува „како и зошто се дојде до паролата за самоопределување на Македонија под бугарска власт и воопшто за самоопределување на целокупна Македонија до нејзино одделување во самостојна држава“. Централното раководство на Групата прави опширно „Изложение“ (2. Ⅲ 1934) и „во името на слободата на нашата поробена татковина“ објавува „Отворено писмо“ до македонските студенти во Бугарија (8. Ⅳ 1934) со повик „што поскоро да го изградиме нашиот гранитен Македонски општ народен студент-ски сојуз (МОНС)“ како „раководител на мак. народни студенти во странство и за самоопределување на Македонија до нејзино одделување во самостојна државно-политичка единица“. Со звенарскиот преврат во Бугарија (9. Ⅴ 1934) е парализирана и дејноста на МНСГ „Гоце Делчев“. Нејзини активисти потоа го формираат Македонскиот литературен кружок во Софија (1936 – 1942). ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 293–318. Бл. Р. МАКЕДОНСКА НАРОДНА ФЕДЕРАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА