Името Македонија го наследила од името на истоимената античка држава на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Првобитно тоа име се однесувало на мала провинција во Солунското Поле, западно од Вардар. На тој терен е формирана македонската држава со престолнина во Пела. Историчарот Херодот (Ⅴ в. пр.н.е.) наведува дека со Македонија се означува територијата меѓу реките Вардар и Бистрица. Подоцна, како што се ширело македонското кралство, така се ширело и името Македонија, апсорбирајќи ги и периферните области во своето единствено име. Така, под името Македонија, уште во стариот век се подразбирал главно просторот меѓу планините Пинд и Олимп на југ, шар Планина на север, реката Места на исток и албанските планински вериги на запад. За потеклото на името Македонија има повеќе мислења. Едни сметаат дека името го добила по својот прв митски крал Македон. Тоа мислење го застапува и географот Страбон. Според други, името Македонија произлегува од старомакедонските зборови макос – „голем, висок, планински“, и дон – „земја“, што во буквален превод би значело „голема, висока, планинска земја“. Со ова име Македонија се означува низ целата нејзина историја.
МАКЕДОНИЈА – етно-историска и геополитичка територија во централниот дел на Балканот.
МАКЕДОНИЈА – римска провинција
МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење
МАКЕДОНИЈА во османлискиот период од 60-тите години на ⅩⅠⅩ век до Балканските војни.
МАКЕДОНИЈА од Балканските до Втората светска војна (1912–1941)