КАВАЕВ, Владимир

КАВАЕВ, Владимир (Струга, 1885 – 1931) – лекар, хирург, учесник во Владимир Каваев Октомвриската револуција. Првин учи во Духовната семинарија во Цариград, а потоа ја завршил Воено-медицинската академија во Петроград. Специјализирал хирургија во Берлин (1920). Бил личен пријател и соработник на В. И. Ленин. Работел во КИ на репатријацијата на емигрантите. По враќањето во Струга (1923) особено бил заслужен за сузбивањето на маларијата. Последните години од животот ги поминал во Охрид. ЛИТ.: Ѓ. Миљковиќ, И тие јуришаа на зимскиот дворец. Македонци во големиот Октомври, „Нова Македонија”, ЏЏВИИ, 9267, Скопје, 7. XI 1972, 6; Д-р Ѓорѓе Миљковиќ, Македонците под знамето на големиот Октомври, „Комунист”, В, Скопје, 6. XI 1987, 23. С. Мл.