ЖЕДЕН

ЖЕДЕН – средновисока планина што се протега помеѓу Скопската Котлина на исток и Полошката Котлина на запад. На север и североисток е одделена со лак на реката Вардар од ограноците на шар Планина и Скопска Црна Гора; од југоисток со Бојанско и Копаничко Поле – делови на Скоп-Патот кон Јегуновце на планината Жеден ската Котлина, а од југ е преграбенската долина Тетовска Суводолица. Планината Жеден се протега во правец јз–си и зазема вкупна површина од 109 км². Билото е заоблено и од него се издигаат неколку врвови меѓу кои највисок е Голем Камен (1.264 м). Геолошкиот состав е претставен со масивни мермеризирани варовници кои лежат преку кристалести шкрилци. Жеден е безводна планина, но во подножјето има неколку извори. Најзначаен меѓу нив е изворот Рашче со штедрост од 6 м³/сец, од кој градот Скопје се снабдува со вода. ЛИТ.: Д. Манаковиќ, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет”, кн. 10, Скопје, 1957. Т. Анд.