ГЛАГОЛИЦА

ГЛАГОЛИЦА – првото слов. писмо, создадено од Константин-Кирил Философ. Секој нејзин буквен знак е оформен со повеќе потези (цртички): вертикално и косо озгора надолу (↓, /, Ѓ,) и хоризонтално (-) од лево на десно. Вертикалните и косите цртички никогаш не ја спојуваат горната со долната линија на редот. Меѓу линиите во средината има замислена средна оска каде што продолжуваат или се прекршуваат елементите. Буквите, добро балансирани, висат на горната линија, меѓусебе не се поврзани, што е Страница од глаголичкиот Синајски псалтир (XI в.) наменети за свештени и свечени текстови. Инвенторот, голем ерудит, познавал повеќе писма, но создал оригинален графиски систем. Мудро ги прикрил допирите со грч. и лат. писмо, а влијанието на семитското наместа е видливо – буквите (ш, ц се исти) висат на горната линија. Во Г. длабоко е втиснат и печат на времето кога било осудено иконоборството (843) и христијанските симболи биле слободно применети. Г. почнува со крст (+ = азъ) и е еден вид иконично писмо за визуелна евангелска проповед. Нумеричката вредност на глаг. знаци е независна од византиската грч. (јонска) традиција поради додадените букви за специфичните слов. гласови (б, ж, ѓ, ц, ч, ш). Константин Философ ја задржал вредноста само на почетните букви од трите енеади (1, 10, 100), како во грч. азбука, кон кои додал и четврта енеада (1000) со знакот ; на чаша (путир), симбол за причест, т.е. присоединување на слов. мноштво кон Христа. Ова старословенско писмо е настанато околу средината на IX в., кога византискиот цар Михаил Ⅲ Палеолог, по барање на моравскиот кнез Ростислав, на солунските браќа Константин-Кирил и Методиј им ја доверил мисијата за ширење на христијанството меѓу тамошното население на словен-ски јазик. Авторот Константин-Кирил ја составил според гласовниот систем на говорот на Словените од околината на Солун. Со таа азбука, од грчки на месното наречје биле преведени неколку основни богослужбени книги и заедно со својот брат Методиј во 863 г. заминал во Моравија (в. Моравска мисија). Глаголицата е составена од 38 букви (според Црноризец Храбар), кои, освен гласовната, имаат и бројна вредност. И покрај различните мислења, општоприфатен е ставот дека глаголицата е постара од кирилицата. Написи со глаголско писмо во Македонија се пронајдени од крајот на Ⅹ в. Најголем број глаголски текстови се настанати на хрватското јазично подрачје, каде што глаголицата имала најдолга традиција и се одржала сè до првите децении на ⅩⅠⅩ в. Повеќето најстари стсл. ракописи од Ⅹ–XI в. се запишани со обла глаголица. Традицијата на употребата на глаголицата особено долго се задржува во Охридскиот литерарен центар (до Ⅻ/ⅩⅠⅠⅠ в.) предводен од св. Климент и св. Наум Охридски, претставувајќи препознатлив белег на најстариот период од македонската писменост. Иако зачуваните глаголички споменици претставуваат само мал фрагмент од најстарото ракописно наследство, нивната жанровска разновидност (заедно со најстарите кирилички споменици), сведочи за богатата духовна култура на Словените уште во мугрите на словенската писменост. Најстар глаголички текст се Киевските ливчиња (мисал) од Ⅹ в., препис на великоморавски текст направен во средновековната чешка држава. Други познати глаголички ракописи по својата содржина претставуваат: четвороевангеа лието: Зографско евангелие (→), Мариинско евангелие (→), Зографски палимпсест (→ Зографско б ев.), Зографско евангелие (→ Зографско ев.); изборно евангелие: Асеманово евангелие (→), Охридски листови (→ Фрагменти на глаголички стсл. текстови), Бојански палимпсест (→ Фрагменти на глаголички стсл. текстови), Синајски палимпсест (→ Фрагменти на глаголички стсл. текстови); псалтир: Синајски псалтир (→), Псалтир на Димитар (Олтарник?) (→); евхологиј: Синајски евхологиј (требник со служебник) (→); мисал: Синајски мисал (→); празничен минеј: Синајски мал минеј (→ Фрагменти на глаголички стсл. текстови); слова за Великиот пост и исповедни молитви: Рилски глаголички листови (→ Фрагменти на глаголички стсл. текстови), слова за Страсната недела: Клоцов зборник, којшто содржи и една оригинална проповед на Методиј, т.н. Анонимна хомилија. Сите тие се преписи од македонско потекло со исклучок на Клоцовиот зб. што обично се поврзува со хрватската средина. ЛИТ.: П. Хр. Илиевски, Појава и развој на писмото со посебен осврт кон почетоците на слов. писменост, 2001, 105-279; Х. својствено за унцијалните писма, „ГЛАСÞ…” Г Поленаковиќ, Во мугрите на словенската писменост, Скопје, 1973. К. Камб.; П. Хр. Ил.; Зд. Р.