СЛОВЕНСКА ПИСМЕНОСТ

СЛОВЕНСКА ПИСМЕНОСТ. Поради трговски, верски и други потреби Словените се обидувале да пишуваат словенска реч со латинско и грчко писмо, како што вели Црноризаец Храбар, „без оустроениа“. Првото уредено словенско писмо, глаголицата, било создадено од Константин-Кирил Философ. Меѓутоа, прашањата кога, каде, како, за кого и сл. било измислено тоа, и денес се с“ уште актуелни, како и пред 200 години, кога со нив се зародила славистиката. Панонската теза на Копитар и Миклошич, според која за основа на ст.слов. му послужил еден говор од Панонија, била отфрлена во крајот на ⅩⅠⅩ в. По теренските дијалектолошки истражувања во Солунско, В. Облак (1896) категорички тврди (и Томе Серафимовски: портрет на Константин Философ, во црквата „Сан Клементе“ во Рим В. Јагиќ се согласува) дека „без прецизно познавање на југо-источните македонски дијалекти не е возможно разрешување на потеклото на ст. слов. јазик“. Зборовите од гл. 8 на ЖК, дека Константин Филозоф на пат за Хазарија во Херсон на Крим нашол евангелие и псалтир напишани со „руски букви“, се писарска грешка со метатеза на слогот сур(ски) со роус(ки). Тезата за т.н. Брегалничка мисија на Браќата почива на кратките житија на св. Кирил, кои се од подоцнешно време, со тенденциозни интерполации. Местото на создавањето на словенското писмо долго било третирано. Историските околности и некои индиректни податоци од најстарите и најверодостојните извори укажуваат дека тоа било создадено во манастирот Полихрон, каде што Константин Философ по Хазарската мисија (861/2) престојувал кај брата си Методија во Битинија (Мала Азија до Босфор). Таму имало депортирано многубројни словенски семејства од Солунско, а во манастирот и монаси Словени, меѓу кои Браќата си избрале и ученици – помошници. За датата кога точно било писмото оформено долго се расправало во науката. Во ЖК гл. 15 се вели дека кога дошле пратениците од Растислав во Цариград, императорот му ја предложил на Константин Философ таа мисија, а овој, откако се помолил, Бог му ги „открил“ буквите и започнал да го запишува преводот: „во почетокот беше Словото…“ (Јн.1,1). Всушност тоа е хагиографско преувеличување. Таква голема и тешка работа не станува веднаш. Без сомнение, Браќата и порано размислувале за слов. писмо. Користејќи го претходниот опит, Константин Философ дефинитивно ја оформил глаголицата малку пред тргнувањето за Моравија. И други откритија исто така обично се датирани со моментот кога би-ла работата завршена, иако пред тоа се работело долго. Поради минималните дијалектни разлики во ст.слов. од тоа време, писмото и преводите врз основа на југоист. макед. дијалекти можело да се употребува на целата словен-ска територија (Балканот, Моравија, Панонија, Киев, Новгород). Но почнувајќи од крајот на Ⅺ в. во него започнале да проникнуваат особености од локалните дијалекти, кои со време биле с“ поосетни. Македонската варијанта може да се следи врз писмени извори низ еден период долг околу 1000 години. ЛИТ.: В. Јагиц, Ентстехунгсгесцхицхте дер Кирцхенслависцхен Спрацхе, Берлин 1913; Г. А. ИлÏинскиŸ, Где, когда, кем и с какоŸ целÓ глаголица била заменена кирилицеŸ? БСЛ, 3, 1935, 79-88; Х. Р. Цоопер, Славиц Сцриптурес. Тхе форматион оф тхе Цхурцх Славониц Версион оф тхе Холѕ Библе, Мадисон-Теанецк, 2003; З. Рибарова, Јазикот на македонските црковнослов. текстови, МАНУ, 2005; П. Хр. Илиевски, Појава и развој на писмото, 2 изд., 2006, 120-132. П. Хр. Ил.