ГИМНАЗИЈА

ГИМНАЗИЈА – . средно општообразовно училиште што непосредно подготвува за студии на високообразовните установи. Како посебна училишна институција во Македонија се јавува во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Доживува повеќе промени во текот на својот развој, но во основата го задржува академскиот карактер. До школската реформа (1958) гимназијата била организирана како осмокласно училиште со две нивоа: нижа гимназија (прогимназија) од Ⅰ до Ⅳ клас и виша гимназија одⅤдо Ⅷ клас, односно полна гимназија од Ⅰ до Ⅷ клас. Нижата гимназија се завршувала со полагање мала матура, а гимназијата – голема матура. По 1958 г. гимназијата продолжува како четирикласно средно училиште (нижите класови се приклучуваат кон основното училиште), со фуркација на општа, јазична и природно-математичка насока. Во периодот на (в.) насоченото образование не постои како посебен вид училиште. Од учебната 1991/92 г. одново се воведува гимназиско образование. Според измените и дополнувањата од 2003 г., наставниот план за гимназиското образование е структуриран во четири програмско-содржински компоненти: (1) задолжителни предмети (мајчин јазик, математика, два странски јазика, историја, географија, физика, хемија, биологија, социологија, филозофија и информатика); (2) изборни предмети од три подрачја (природно-математичко, јазично-уметничко и општествено-хуманистичко); (3) задолжително изборни програми (спорт и спортски активности, ликовна уметност и музичка уметност) и (4) проектни активности. Како завршен испит ка „Св. Климент Охридски” во Женската гимназија „Јосип Броз Тито“, снимена пред скопскиот земјотрес (1963) се полага матура (в. Гимназиско образование во Македонија).ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб.