ВАРВАРА – еден од поголемите христијански празници, посветен на светата великомаченица Варвара (17/4 декември). Обично се празнува со домашни служби. Тој ден се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите. Во некои краишта со овој празник е поврзан и обичајот полазник (полаза). ЛИТ.: Зорка Делиниколова, Обичаи сврзани со поедини празници и неделни дни во Радовиш, „Гласник на Етнолошки музеј”, 1, Скопје, 1960; Танас Вражиновски, Речник на народната митологија на Македонците, Прилеп-Скопје, 2000. М. Кит.