АМЕБИ

АМЕБИ (Амоебина) – најпросто градени протоплазматични организми. Имаат голо тело, поради што се нарекуваат голи праживотни. Обликот на телото постојано го менуваат, по што го добиле името (амоибеин гр. = менувам); се движат со помош на лажни ножиња – псевдоподии. Се хранат со цврсти честички како бактерии и други ситни организми што ги фаќаат со лажните ножиња. Се размножуваат главно на бесполов начин. Најпозната амеба е Амоеба протеус Л. Постојат и паразитски видови (род Ентамоеба), кои живеат во цревата на човекот и предизвикуваат болести (на пр., амебна дезентерија), а се среќава и еден вид во усната празнина што се прилепува за кариозните заби и може да предизвика болести на забите. ЛИТ.: Ј. шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.