ПРАЖИВОТНИ

ПРАЖИВОТНИ (Протозоа) – едноклеточни организми со микроскопски димензии. Тие се најпримитивните организми во животинското царство. Името го добиле од грчките зборови протос = први, зоон = животни. Познати се околу 30.000 видови што ги населуваат слатките и морските води и почвата. Во Македонија се утврдени 113 видови, од кои 32 се ендемични. Пого-Праживотни (протозои) лемиот дел од нив (79 видови) живеат слободно, а помал дел (34 видови) живеат ендопаразитски на рас-Амеба тенијата, како и на сите видови животни (од праживотните до човекот). Некои од паразитските видови се предизвикувачи на тешки заболувања и кај човекот, како амебната дизентерија и маларијата. Во оваа голема група организми спаѓаат: камшикари (Мастигопхора), амеби (Сарцодина), спорозои (Спорозоа), цилиати (Цилиата) и суктории (Суцториа). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр. Театарска претстава на КУД „Пралипе“