ЈОН

ЈОН – зограф од ⅩⅤⅠⅠ в., родум од селото Линотопи (живеел најверојатно во Костур). Ја живописал црквата „Св. Атанасиј” во Рилево, Прилепско. Во неговото сликарство преовладува изразит графицизам и отсуство на пластичност. Му се припишуваат, уште, живописот во тремот на Журче (1622) и Страшниот суд на западната фасада од главната црква на манастирот Зрзе (1624/1625). Благоја Јорданоски како и за студенти на Рударско-геолошкиот факултет. Бил раководител на Заводот за неорганска хемија при Институтот за хемија и продекан (2001– 2005) на ПМФ. Научната активност му се однесува предимно на проучување на рамнотежните процеси кај комплексни соединенија, на електрохемиското однесување на разни супстанци и на разработката и примената на волтамметриски методи за квантитативно определување на фармацевтски препарати. Работел и на определување на микроелементите во водите за пиење. Објавил триесетина научни трудови, еден учебник и еден прирачник. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 217; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 237238. Б. ш. Минчо Јорданов