ЈАБОЛКО

ЈАБОЛКО . (Малус доместива Л.) – водечка овошна култура во РМ, со над 55–60% од вкупното производство на овошје. Пред Втората светска војна производството на јаболка во Македонија изнесувало околу 4.000 т годишно. Со подигањето на интензивните овошни насади по 1960–1970 г., производството на јаболка во 1980–1985 се зголеми над 100.000 т (1982 г., 130.000 т). По осамостојувањето на државата, со приватизацијата и економските блокади плантажните насади се напуштени и производството на јаболка во општествениот сектор нагло се намали. Во овој период во приватниот сектор, особено во Преспа, нагло се подигаат современи, густи насади од јаболка, а производството се задржа на 70.000–80.000 т, од околу 3,6 милиони стебла. Главен производен реон за јаболка во Македонија е Преспа, со над 65% до 70% од вкупното производство на јаболка кај нас. Се одгледува на околу 3.500 ха и се продолжува со подигање нови интензивни насади со современа технологија. Преспа е најголемиот производ-Јаболка ствен центар за јаболка на Балканот. Тоа е условено од идеалните природни услови и од долгата традиција. Б. Р. ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Напишете коментар