ШКОЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

ШКОЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – општ назив за вкупноста на училишни установи за основно, за средно и за високо образование, кои се меѓусебно поврзани и претставуваат целина. Овој термин с“ поретко се употребува во стручнонаучната литература, но и во говорната култура (се заменува со терминот образование, образовен систем). школството (школскиот систем) во Македонија го сочинуваат следниве установи: основни училишта, основни училишта за музичко и балетско образование, специјални основни училишта, средни стручни училишта, гимназии, универзитети, факултети, високи стручни школи и уметнички академии. Некои педагошки теоретичари во поимот школство (школски систем) ги опфаќаат и установите за предучилишно воспитание и установите за образование на возрасните. К. Камб.

шлемот од Хераклеја – реконструкција (В-Ⅵ в.) според Е. Манева