ШИЛО

„ШИЛО“ (Прилеп, почетокот на 1905) – хектографски весник, орган на Прилепската организација на ТМОРО, со мото „Македонија на Македонците“. Го издавале учителите Ѓорѓи Ганев, Петар Мрмев, Палисламов и Тодор Поп-Адамов, на чело со Јордан Ангелов. Имал за цел да ги пропагира определбите на ТМОРО да се бори против пројавената корупција и неморал, како и против соседните пропаганди. Иронизирајќи ја власта, како уредник на весникот фигурирал тогашниот солунски валија Хилми-паша, а одговорен уредник кајмакамот на Прилеп шахин-беј. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992) , Скопје, 1993, 113–114. С. Мл. шИМШИР (ЗЕЛЕНИКА) (Буџус семпервиренс Л., фам. Буџацеае) – зимзелена грмушка или мало дрво од поширокиот Медитеран. Има мали, кожести листови со рамен раб, спротивно поставени. Цветовите се собрани во снопчиња во пазувите на лисшимшир товите. Плодот е чушка. Кај нас е застапен во термофилни шумски заедници, но на станишта богати со воздушна влага. Многу декоративен, но и со многу квалитетно дрво (за садови, инструменти, резба). Ал. Анд.