Димитрија Чуповски

ЧУПОВСКИ, Димитрија Димов (Димитриевич) (Папрадиште, Велешко, 8. Ⅺ 1878 – Ленинград, СССР, 29. Х 1940) – најистакнатиот организатор и афирматор на македонската културно-национална мисла, член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург (1902–1917), членосновач и претседател на Словеномакедонското националнопросветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-осноготворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на С.-Петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации; поет, публицист, редактор, книгоиздавач, картограф, историчар, лексикограф и културно-национален деец. Роден како посмртче (по убиството на татко му), се школува во родното село и во Крушево, а потоа во Вечерната школа на „лозарите“ во Софија (1892), па во Вечерната светосавска учителска школа во Белград (1892–1895), каде што членува во Ученичкото друштво „Вардар“ (1893–1894). По краткотрајното учителување во родното село (1895/96), поради учество во револуционерното движење, е затворен. Успева да избега и преку Белград оди во Русија и учи во Духовната семинарија во Новгород и во Симферопол (1897 –1900), продолжува на Духовната академија во С.-Петербург (1900 –1905), се запишува на Петербуршкиот универзитет, но е исклучен поради учество во студентски штрајк (1905). Како претседател на МНЛД ги подготвува неговите акции, води разговори со руските власти и со Турската и Австро-унгарската амбасада, држи предавања во Другарството и надвор од него. Патува во Македонија заради подготовки за отворање училишта на македонски јазик (1905 и 1911). Како сопственик на Посредничкото биро „Трудовој посредник“ го издава годишникот „Д‹ловоŸ ПетербургÍ“ (1909 и 1910). Спроти Балканската војна, со други членови на Другарството настапува на јавни собири и во рускиот печат, а по почнувањето на војната стигнува во Велес и со П. Попарсов организираат Општомакедонска конференција (декември 1912) за зачувување на целоста и обезбедување на слободата и државноста на Македонија. Од Конференцијата добива полномошно за да може Македонската колонија во Петроград да ги застапува македонските интереси пред Европа. Кога се осуетува одењето со П. Попарсов во Париз и Лондон, Ч. се јавува со статии за македонската држава и за завоју-Домот на Димитрија Чуповски и седиштето на Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург вачкиот карактер на војната. Ја објавува (во колор) првата карта на македонски јазик Карта Македонииа по програма на Македонските народници (март 1913) и заедно со Меморандумот на Македонците (1. Ⅲ 1913) ги праќа до Лондонската конфренција и до рускиот печат. На 7 јуни е потпишан и Меморандумот на Македонците до владите и јавноста на балканските држави, а на 9 јуни 1913 г. излегува првиот број на најзначајната периодична публикација на македонската национална мисла сп. „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“ што со 11 броја (до 20 ноември 1914) стана единствен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост и за извојување на националната слобода. Покрај многуте официјални акти на Македонската колонија во Петроград, заедно со К. П. Мисирков, од името на Петроградската и од Јужноруската македонска колонија, поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи (14. Ⅷ 1914). Заедно со Н. Димов, преку Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија организираат и Словен-ски лазарет за ранетите руски во-Димитрија Чуповски вач на Руско-македонското блаини (1915). Факсимил од „Македонски глас“ (1913) Карта на Македонија по програма на македонските народници (1913) Обидот да дојде во Македонија (1916) завршува на границата со Романија. Програмата за Балкан-ска Федеративна Демократска Република на Македонскиот револуционерен комитет беше заглушена од Октомвриската револуција (1917). Подготви македонско-руски речник, но не стигна да го заврши, а пропаѓа во бомбардировките на блокираниот Ленинград (1942), заедно со ракописот на лексиконот за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Умира како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце: Борец за правото и слободата на македонскиот народ. Гробот со државни свечености му беше пренесен од Ленинград во Скопје (1990). Д. Чуповски: План за подготовката на енциклопедиска книга за Македонија и Македонците (1923&1936) БИБ.: Карта Македонииа по програма на Македонските народници. Издал во Петроград 1913 г. Д. Д. Павле-Чуповски; „Д‹ловоŸ ПетербургÍ“. Политико-ÌкономическиŸ, торгово-промÎшленнΟ и финансовΟ журналÍ, 1 (1909) и 2 (1910), С.-ПетербургÍ. ИздателÏ Д. Д. Павле. РедакторÍ Л. ЖдановÍ; „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“. ОрганÍ сторонниковÍ независимоŸ Македонии, И, 1 (С.-ПетербургÍ, 9. Ⅵ 1913) – 8 и Ⅱ, 9–11 (ПетроградÍ, 20. Ⅺ 1914). ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И–Ⅱ, Скопје, 1978; истиот, Димитрија Чуповски и македонската национална свест, Скопје, 1996; истиот, ДимитриŸ ЧуповскиŸ и македонское националÏное сознание, Москва, 1999. Бл. Р.