ХРИСТОВ, Георги

ХРИСТОВ, Георги (с. Јаново, Горноџумајско, 17. Ⅴ 1931) – поет и новинар, борец за национални права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија. Објавувал песни во весникот „Пиринско дело“ и во други весници и списанија, како и поетска книга „ПопÍтен изгрев“ (2003). Главен и одговорен редактор на весникот „Народна волја“ во Благоевград, член на Националниот совет на македонската организација ОМО „Илинден“ – ПИРИН. БИБ.: Георги Христов, ПопÍтен изгрев. Стихови, „Хероне – 338“, Благоевград, 2003. ЛИТ.: „Народна воля“, Благоевград, 2001–2006. В. Јот. Димитар Христов