ХЕРАКЛЕ

ХЕРАКЛЕ – божество што кај Македонците се вика Аротос / Аретос (името се поврзува со македонска глоса со нејасна етимологија), митски родоначелник на Македонците и на македонската кралска куќа. Македонските кралеви (Александар Ⅲ Македонски, Антигон Гонат, Персеј) му принесуваат жртви. Во времето на Александар Македонски го носи епитетот „Пропатор“. Во Ајга е пронајден натпис посветен на Херакле „Патроиос“. Во епиграмите на поетот Самос македонскиот крал Филип Ⅴ е потомок на Херакле. Во с. Ресава Х. е запишан како „Тхеос Мегистос“.
ЛИТ.: Исократес, 3 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1961; Аријан, Александровата анабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.

Напишете коментар